САД: Русија има 75 отсто од конвенционалните сили насочени против Украина


 Според најновите проценки на американските разузнавачки служби, Русија сега има речиси 75 отсто од своите конвенционални сили насочени против Украина, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски претставник упатен во разузнавачките податоци. Изворот за Си-Ен-Ен изјавил дека концентрацијата на силите на оддалеченост од која може да биде нападната Украина е многу невообичаена и дека тоа е […]

(Видео) Мистериозни ознаки на руските тенкови кај Украина


На руските тенкови на границата со Украина со бела боја испишана е буквата „З“ (Z), забележаа аналитичарите, што доведе до погаѓање што значи тоа и што симболизира. Снимките од пограничните региони прикажуваат мноштво оклопни возила со ознака “Z”, вклучително и конвојот во Шенекин, само осум километри од украинската граница, пренесе Телеграф. „Се чини дека руските […]

Столтенберг: Сè укажува дека Русија планира целосен напад на Украина


Германија– Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг синоќа во Минхен изјави дека сè укажува дека „Русија планира целосен напад“ на Украина, пренесе Бета. – Сите се согласуваме дека ризикот од напад е многу голем“, изјави Столтенберг за германската телевизија АРД во Минхен, каде што учествува на Минхенската безбедносна конференција. Неименуван претставник на Алијансата претходно изјавил дека НАТО […]

САД сè уште се отворени за дипломатија со Русија


САД продолжуваат да се надеваат на дипломатско решавање на ситуацијата околу Украина, изјави американската потпретседателка Камала Харис во денешниот говор на безбедносната конференција во Минхен. – Сè уште сме отворени за дипломатско решение. Но, ако тоа не се случи, тогаш ќе има последици. И тие ќе бидат тешки и молскавично брзи, рече Харис. Според неа, САД се надеваат дека дипломатските […]

Лондон договори санкции против Русија со Г-7 и ЕУ


Шефицата на британската дипломатија Лиз Трас изјави дека Велика Британија веќе договорила со своите партнери од Г-7 и Европската унија (ЕУ) санкции против Русија во случај на нејзина воена интервенција врз Украина. Таа го изјави ова во интервју објавено денеска за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“. – Отстапките нема да ја спречат Русија да нападне. […]

НАТО ја зајакнува подготвеноста на илјадници војници поради „кризата со Русија“


Во момент на „кризата со Русија“, НАТО го подигнува нивото на подготвеност на илјадници војници од Алијансата, а станува збор за силите за брзо реагирање (NATO Response Force, NRF), објави германската агенција ДПА, повикувајќи се на свои извори. – НАТО ја зајакнува подготвеноста на илјадници војници поради кризата со Русија, се вели во соопштението. Силите […]

Русија соопшти за ново повлекување на своите сили околу Украина


Русија денеска соопшти дека почнала да повлекува уште тенкови и други оклопни возила од областите во близина на границата со Украина, по спроведувањето воени вежби кои предизвикаа загриженост кај Западот, пренесе Бгнес. – Нов воен воз кој превезува персонал и воена опрема на тенковските армиски единици на Западниот воен округ се врати во постојаните бази во Нижни […]

Бугарски маки: Ем да е со НАТО, ем да е со Русија


  Евроатлантска Бугарија се однесува како длабоко провинцијална земја. Се разбира, провинцијализмот не е спорадичен изблик, туку постојана состојба на живеење на секоја поединечна провинциска земја. Но, во меѓународните кризи, рабовите на нашиот параден костум блескаат, пишува Веселин Стојнев во својата анализа за бугарската редакција на Дојче веле. „И да се биде во НАТО и […]

Русија објави снимка од повлекување на војници и опрема


Русија – Руското Министерство за одбрана денеска објави видео на кое се гледа како војници и воена опрема на тенковската армија на Западниот воен округ се враќаат во своите бази по завршените воени вежби. Руското Министерство соопшти дека тенковите и оклопните возила ќе поминат околу 1.000 километри со железница. Западните земји вчера предупредија за зголеменото руско воено присуство на границите на Украина, што, како што тврдат, […]

НАТО сака дипломатско решение со Русија, но се подготвува за најлошото


Белгија – Денеска се одржува вториот ден од министерскиот состанок за одбрана, голем дел од енергијата ќе биде и натаму посветена на кризата со Русија, јави дописничката на МИА од Брисел. Министрите на 30-те земји членки на НАТО ќе го започнат денот со седница на која се поканети нивните колеги од Украина и Грузија, две земји […]

Во Русија се пробива гласот да нема војна, преку петиција


  МОСКВА -Во обични времиња, неможноста да се влијае на политиката на вашата земја може да се чувствува фрустрирачки. Кога таа земја е на работ на војна, може да се чувствува како тортура. „Сосема е ужасно да се најдете беспомошни, личност од која ништо не зависи“, вели Андреј Макаревич, ветеран на руската рок-сцена. Неговото е […]

По спроведените воени вежби, првите руски трупи се повлекоа од границата со Украина


Русија почна да ги повлекува војниците распоредени на југот и западот на земјата, во близина на границата со Украина, назад во нивните постојани бази, соопшти Министерството за одбрана, без да даде точен број на повлечените сили, јави ДПА. – Додека мерките за борбена обука се при крај, војниците, како и секогаш, ќе спроведат комбинирани маршеви […]

Руски дипломат: Нема да ја нападнеме Украина доколку не бидеме испровоцирани


Постојаниот претставник на Русија во Европската унија, Владимир Чижов изјави дека Руската Федерација нема да преземе мерки во однос на Украина доколку, како што наведе, „не биде испровоцирано да го стори тоа“. – Нема да извршиме инвазија врз Украина доколку не бидеме испровоцирани. Ако Украинците ја нападнат Русија, немојте да се чудите ако возвратиме, изјави Чижов во интервју за […]

Русија испраќа уште 14 баталјони на граница, но вратата за дипломатијата не е затворена


  Русија испраќа уште илјадници војници на границата со Украина како знак дека Владимир Путин би можел да ја продолжи кризата со недели, а британскиот премиер Борис Џонсон предупреди дека ситуацијата станала „многу, многу опасна“. Британските власти проценуваат дека уште 14 руски баталјони се упатуваат кон Украина, од кои секој брои околу 800 војници, покрај […]

Украина побара итен безбедносен состанок со Русите


  Украина повика на состанок со Русија и другите членови на клучната безбедносна европска група поради ескалација на тензиите на нејзината граница, пишува Би-би-си. Министерот за надворешени работи на Украина, Дмитро Кулеба рече дека Русија ги игнорирала официјалните барања за објаснување зошто трупа воени сили на границата со украина во последниот период. Рече дека тоа […]

Украина побара од Русија во следните 48 часа да ги објасни своите воени активности


Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба денеска изјави дека неговата земја побара од Русија во рок од 48 часа да ги објасни своите воени активности во областите во близина на границата со Украина. Кулеба на Твитер напиша дека Киев официјално почнал механизам за намалување на ризикот во согласност со параграфот III од Виенскиот документ и […]

Руското чудо од дете позитивно на допинг


  Руската лизгачка Камила Валиева (15), најзаслужна за екипното злато на овој тим, била позитивна на допинг тестот пред ЗОИ во Пекинг. Таа земала триметаздин, лек кој се користи при срцеви заболувања. Тоа, како што се наведува, ѝ помогнало да се зголеми протокот на крвта и да се подобри издржливоста, а овој лек се наоѓа […]

Пентагон: Русија продолжува да испраќа војници кон Украина


Во изминатите 24 часа Русија продолжи да испраќа дополнителни војници на украинско-белоруската граница, соопшти Пентагон. – Русија ги зголемува своите опции и потенцијал за акција со секој изминат ден, изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби на прес-конференција. Големите руски воени вежби во Белорусија придонесуваат за ескалација на тензиите околу Украина, соопшти вчера Белата куќа. – […]

Радев го свикува бугарскиот Совет за национална безбедност поради Русија и состојбата во армијата


Бугарскиот претседател Румен Радев за идната недела свика состанок на Консултативниот совет за национална безбедност поради закани за нацоналната безбедност и состојбата на армијата, објави „24 Часа“. Парламентарните партии веќе добиле покани од него како и во Владата. Седницата е закажана за во вторник 15 февруари на која ќе има и посебен извештај на началникот […]

Рекорден број новозаразени во Русија


  Во Русија денеска регистриран е рекорден број нови случаи со корона вирус, откако беа потврдени 183.103 позитивни на Ковид-19. Во последните 24 часа починаа 669 ковид пациенти, со што вкупниот број жртви од корона вирусот се искачи на 337.390. Од почетокот на пандемијата во Русија од оваа болест забоела повеќе од 13 милиони граѓани.