Кога грабеж на банкомат ќе заврши трагично – еден крадец е мртов
Двајца мажи вбризгале гас во банкомат и го запалиле. Полицијата од Московската област трага по крадец кој побегнал откако експлодирал банкомат, каде загинал неговиот соучесник. Како што соопшти полицијата, двајцата мажи вбризгале гас во банкоматот и го запалиле. Дошло до експлозија во која еден од нив загинал, а другиот побегнал, пренесе РИА Новости.