Русите се заложници на Путин


Почна „бомбардирањето на Воронеж“. Еволуцијата на рускиот политички режим дојде до фаза кога неговата авторитарна природа го направи невозможното – тој ја тарнсферира хибридната војна со Украина, но всушност со Западот, и поточно, со сопствениот народ, кој долги години го правеше тоа, кој долги години не знаеше што војна ако не е на ТВ, во […]

Ковачевски: Го осудувам чинот на отворена воена агресија од Русија врз Украина


 Го осудувам чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина. Војната е најлошиот начин за решавање на недоразбирањата, а агресијата врз Украина е закана и за европскиот и светскиот мир, напиша премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејбук профил. – Владата ја следи многу внимателно состојбата во Украина. Безбедносната состојба во нашата земја […]

Пендаровски со силна осуда за инвазијата на Русија на Украина


Изразувам силна осуда за воените дејствија кои Русија ги презема над Украина, што неизбежно ќе водат кон ненадоместлива загуба на човечки животи и материјална штета. Инвазијата на Украина од страна на Русија е напад на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, сериозна повреда на основните принципи на меѓународното право, удар врз демократскиот поредок и закана […]

Путин објави војна и Русија изврши инвазија врз Украина


  Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот најави специјална „специјална воена операција“ во Украина, со бомбардирање на украинските градови што се заканува да ја турне Европа во најголемиот конфликт од Втората светска војна. По неговото објавување војна непосредно пред 6 часот по московско време, украинската влада објави ракетни напади врз воени објекти во градовите Киев, […]

ЕУ воведе санкции за сите пратеници на руската Дума и за внатрешниот круг на Путин


  Советот на ЕУ усвои пакет мерки против Русија како одговор на нејзината одлука да ги признае сепаратистичките украински региони Донецк и Луганск како независни и последователната одлука за испраќање руски војници таму. Меѓу мерките е и замрзнувањето на имотот на сите 351 пратеници на руската Дума, кои гласаа за признавање на независноста на самопрогласените […]

Засега само Никарагва и Сирија ја поддржуваат Русија


  Руското министерство за надворешни работи ги повика другите земји да го следат примерот и да ги признаат териториите под контрола на сепаратистите во источна Украина како независни држави. Во вторникот вечерта само Никарагва и Сирија изјавија дека ја поддржуваат одлуката на Москва да ги признае Донецк и Луганск како независни републики, но сѐ уште […]

Јапонија и Австралија со санкции кон Русија


Јапонија и Австралија објавија дека воведуваат економски санкции кон Русија поради признавање на самопрогласените републики во источна Украина, откако истата одлука претходно ја донесоа Велика Британија, Европската унија, САД и Канада. Јапонските санкции вклучуваат забрана за издавање руски обврзници во Јапонија и замрзнување на имотот на одредени поединци, како и ограничување на патувањето во Јапонија, […]

„Никој нема да нѐ прави будали“ рече Бајден, објавувајќи тврди санкции против руски банки и олигарси


  Претседателот Џо Бајден нареди тешки финансиски санкции на САД против руските банки и олигарси во вторникот, засилувајќи ја конфронтацијата на Западот со Москва, додека руските пратеници го овластија претседателот Владимир Путин да користи воена сила надвор од нивната земја. Бајден, во краткото обраќање од Белата куќа, го обвини Путин за флагрантно кршење на меѓународното […]

ЕУ воведе санкции против Русија, построги отколку што се очекуваше


  ЕУ воведува нови санкции против Русија со оглед на ескалацијата во украинскиот конфликт од страна на Владимир Путин. На посебен состанок во Париз во вторникот, министрите за надворешни работи на 27-те земји членки го одобрија соодветниот предлог на Комисијата на ЕУ и на Службата за надворешни работи. Казнените мерки се очекува да стапат на […]

Дали Кремљ ќе ја финансира воената машина со гасот што ѝ ги продава на Европа?


  Во изненадувачки потег, Германија го запре контроверзниот гасовод „Северен тек 2“ поради упадот на Русија во Украина. Канцеларот Олаф Шолц изјави во вторникот дека побарал од Министерството за економија да го повлече октомврискиот извештај во кој се наведува дека гасоводот не претставува закана за безбедноста на снабдувањето. „Ова звучи техничко, но тоа е неопходен […]

(Видео) Жириновски лани: Русија повторно ќе стане голема, ќе почувствувате на 22.2.2022


  Видео со снимката од говорот на ултранационалистичкиот руски политичар и претседател на Демократската партија Владимир Волфович Жириновски, се шири по социјалните мрежи. Говорот го одржа лани на 27 декември, во руската Дума. „Во 4 часот наутро на 22 февруари ќе ја почувствувате нашата нова политика. Би сакал 2022 година да биде мирна. Но ја […]

Путиновата реторика – копија на бугарските поплаки околу Македонија


  Македонското јавно мислење, кое според сите анкети е наклонето на авторитарни владеења, во голема мерка ја следи кризата во Украина од руската диоптрија. Тоа не е неочекувано, со оглед на количеството на руска пропаганда во регионот,а не е ни првпат, бидејќи добар дел од јавноста во Македонија имаше разбирање и за диктатурата на Моамер […]

Бајден потпиша указ за санкции против Русија по признавањето на Доњецк и Луганск


Американскиот претседател Џозеф Бајден синоќа потпиша извршна уредба со која се забрануваат инвестиции, трговија и финансирање, кои би ги извршувале граѓаните на САД со отцепените региони во источна Украина. – Потпишав извршна уредба за да се спречи Русија да профитира од сериозно кршење на меѓународното право, напиша Бајден на Твитер. Тој изјави дека САД ги […]

Западот најавува нови санкции против Русија, колку ќе бидат ефикасни


Западните држави за денеска најавија нови санкции против Русија заради признавањето на Доњецк и Луганск како независни држави, јавија агенциите. Нови мерки најавија САД, ЕУ, Велика Британија, Канаа, а и Јапонија најверојатно ќе се приклучи на западните санкции против Русија.  САД денеска ќе објават нови санкции против Русија како одговор на одлуката на Москва да […]

Вашингтон ќе ги „процени“ воените потези на Русија пред нови мерки


САД ќе ги „проценат“ следните воени потези на Русија пред да усвојат какви било нови одмазднички мерки против Москва. Тоа синоќа го изјави висок функционер во Белата куќа, откако Москва ги призна украинските сепаратистички територии како независни држави. Вашингтон ќе продолжи со своите дипломатски напори „додека руските тенкови не се поместат“, изјави високиот функционер. Тој […]

За Турција потегот на Русија е неприфатлив


Турција смета дека е неприфатлива одлуката на Русија да ја признае независноста на т.н. Доњецка и Луганска нарона република, соопшти Министерството за надворешни работи на земјава. „Одлуката на Руската Федерација да ги признае таканаречените републики Доњецк и Луганск е кршење на Договорите од Минск, како и јасно нарушување на политичкото единство, суверенитет и територијалниот интегритет […]

Вонредно обраќање на Путин до нацијата: Украина е создадена од Русија


Рускиот претседател Владимир Путин во телевизиско обраќање до нацијата ја образложува одлуката според која наскоро има намера да го признае суверентитетот на т.н. Доњецка Народна Република и т.н.Луганска Народна Република во Украина, кои не се признаени од ниту една членка на ОН. Своето обраќање Путин го почна со историјата, тврдејќи дека модерна Украина е создадена […]

Донесени нови санкции во ЕУ против петмина руски граѓани поради анексијата на Крим


Европската Унија усвои нови санкции против Русија попладнево, соопшти Советот на ЕУ. Станува збор за рестриктивни мерки против дополнителни пет лица инволвирани во изборите на руската Дума во септември 2021 во Крим кој ЕУ го смета за нелегална анексија. Овие пет лица ќе бидат предмет на санкции од страна на ЕУ во рамките на постојниот […]

Политиката на Кремљ е да всади страв


Самата причина зошто е создадена нашата Унија е да се стави крај на сите европски војни. Така, светот со неверување гледа како се соочуваме со најголемото трупање војници на европско тло од најтемните денови на Студената војна. Бидејќи настаните од овие денови би можеле да го преобликуваат целиот меѓународен систем. Украина штотуку прослави 30 години […]

САД ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Русија поради опасност од напади


Американската амбасада во Русија предупреди на опасност од терористички напади во Москва, Санкт Петербург и долж границата со Украина, јавија американските медиуми. Дипломатската мисија ги повика Американците во Русија да ја напуштат државата. „Постои опасност од терористички напади врз трговски центри, железнички и метро станици и други места за собири на многу луѓе во големите […]