Макрон: Со земја во војна не може да се преговара за членство во ЕУ


 Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека условите поставени од рускиот претседател Владимир Путин за прекин на огнот во Украина „не се прифатливи за никого“. – Не гледам дипломатско решение во наредните часови, па дури и денови, им рече Макрон на новинарите во Версај пред Самитот на Европската унија, кој ќе се фокусира на руската […]

Британските карти на руските напади: Никаде не напредуваат


Британското министерство за одбрана објави нова карта на руските напади во Укарина. Со црвени стрелку означени се насоките на напад, а со испрекинати црвени стрелки означени се потенцијалните насоки на напад, ако руските трупи остварат напредок. Со црвена боја означено е подрачјето кое го контролираат Русите. Речиси и да нема напредување Кога оваа карта ќе […]

Богатите Руси го префрлаат богатството во Дубаи


Англија – Богатите Руси се преокупирани со трансфер на барем дел од своето богатство од Европа во Дубаи за да го заштитат својот имот од поостри санкции против Русија поради инвазијата на Украина, изјавија финансиски и правни извори, објави Фајненшал тајмс. Дубаи, финансиски и деловен центар познат по недостигот на строга регулатива, долго време е познат […]

Светскиот економски форум ги замрзнува односите со Русија


Швајцарија – Светскиот економски форум, најпознат како домаќин на годишниот состанок на елитите во Давос, Швајцарија, ги замрзнува сите свои односи со руските ентитети по инвазијата врз Украина. Рускиот претседател Владимир Путин последен пат учествуваше на настанот на виртуелниот состанок „Давос Агенда“ во јануари 2021 година. Претходно тој лично присуствуваше на настанот. Форумот соопшти дека „нема […]

Кина одби да ги снабдува руските авиокомпании со делови


Кина одби да им испорача делови за авиони на руските авиокомпании, изјави денеска портпарол на Администрацијата за воздушен транспорт Росавијација. Тој истакна дека Русија ќе бара можности да набавува делови за авиони од други земји, вклучително и Турција и Индија.

Русија си оди од Советот на Европа, се стигнало до точка од која нема враќање


  Поради тоа што „земјите од ЕУ и НАТО, кои се непријателски настроени кон Русија, го користат своето апсолутно мнозинство во Комитетот на министри на Советот на Европа“, Русија нема да учествува во работата во најголемата европска институција. Во соопштението на руското министерство се изнесуваат остри обвинувања против САД „и нивните сателити“, дека го уништуваат […]

„Амазон“ целосно се повлече од Русија


Глобалната онлајн компанија „Амазон“ го прекина пристапот до својата видео платформа Amazon Prime во Русија и повеќе нема да испорачува нарачки на клиентите во Русија и Белорусија, соопшти компанијата. Исто така, веќе нема да може да се купи нивната неодамна објавена видео игра Нов свет во Русија. „Амазон“ на тој начин се повлече од Русија. […]

Многу функционери на Кремљ сакале да поднесат оставки – но не можат


  Две недели од руската инвазија на Украина, бомбардирањето на цивилите и масивните санкции на Западот предизвика неверување во голем дел од руското општество. Иако поради екстремно строгата цензура малку се знае што се случува во владините и други ешалони, забранетата од Кремљ веб-страница „Медуза“ се обиде да открие дали врвните руски функционери биле подготвени […]

Најмалку 150 новинари ја напуштија Русија по воведувањето драконски закони


  Се верува дека најмалку 150 новинари побегнале од Русија во последните денови, бидејќи властите презедоа акција да го задушат она што остана од независните медиуми во земјата поради инвазијата на Москва на Украина, објави во новинската веб-страница „Агентство“. Новиот закон потпишан од претседателот Владимир Путин во петокот го казнува ширењето „свесно лажни информации“ за […]

Русија ја забрани продажбата на странски валути


  Русија ја забрани продажбата на девизи на шест месеци, нејзина најнова мерка за обид да се избегне длабока економска криза и да се работи со руската рубља. Централната банка во вторникот вечерта соопшти дека на банките и на брокерите ќе им биде забрането да продаваат долари, евра и други девизи во замена за рубли […]

Јуниверзал Мјузик Груп се повлекува од Русија


Русија– Universal Music Group гсе повлекува од Русија, потврди компанијата за Variety. „Станува во сила веднаш, ги прекинуваме сите операции во Русија и ги затвораме нашите канцеларии таму. Апелираме што поскоро да престане насилството во Украина. Ние се придржуваме до меѓународните санкции и, заедно со нашите вработени и уметници, работиме со групи од низа земји […]

Вог, Џи-Кју и Ванити Фер се повлекуваат од Русија


САД– Конде Наст, издавачот на Vogue, GQ и Vanity Fair, ги прекина своите издавачки операции во Русија. Роџер Линч, главниот извршен директор на компанијата, во меморандум испратен во вторникот до глобалниот персонал на Condé Nast рече дека неодамнешните закони за цензура донесени од руската влада го оневозможиле компанијата да работи на пазарот. „За таа цел, […]

Австрискиот министер за образование ги повика универзитетите да ја прекинат соработката со Русија


Министерот за образование на Австрија, Мартин Полашек ги повика австриските универзитети и научни институции да ја замрзнат соработката со Русија. Откако Европската комисија утврди санкции во областа на науката и истражувањето, министерот Полашек им препорача на австриските институции од таа област да ја замрзнат досегашната соработка со руските институции до дополнително известување и критички да […]

ЦЕРН и го укина статусот на набљудувач на Русија


Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) денеска соопшти дека го суспендира статусот на набљудувач на Русија и оти ја прекинува секоја нова соработка со Русија или нејзините институции до понатамошно известување. Според соопштението на ЦЕРН, 23 земји-членки, сите европски земји и Израел ја осудија руската воена операција во Украина. Украина е една од седумте придружни […]

Русите остануваат без омилената храна – „Мекдоналдс“ ги затвори сите ресторани во Русија


  Наведувајќи го „непотребното човечко страдање што се случува во Украина“ „Мекдоналдс“ во вторникот објави дека привремено ќе затвори 850 ресторани во Русија. Одлуката е донесена речиси две недели откако руските сили го нападнаа нивниот поранешен советски сосед. Извршниот директор Крис Кемпчински напиша во писмо до франшизите и вработените дека синџирот ќе ги паузира сите […]

ЦИА соопшти дека загинале 2.000-4.000 руски војници


  Помеѓу 2.000 и 4.000 руски војници се убиени во инвазијата на Украина, изјави шефот на ЦИА, Вилијам Барнс, пренесува Ројтерс. Дипломатот ветеран, поранешен американски амбасадор во Москва, исто така рече дека САД направиле „интензивно споделување разузнавачки информации“ со Украина, вклучително и детали за руското воено планирање и продолжуваат да го прават тоа секојдневно. Малку […]

Борел: Русија оди кон целосна изолација на своите граѓани


Шефот на дипломатија на ЕУ Жосеп Борел денеска изјави дека Кремљ манипулира со информациите за руската воена кампања во Укрaина, со цел да шири дезинформации меѓу сопствените граѓани, но и да ја наруши стабилноста и безбедноста во Европа. Борел, истовремено ги отфрли критиките дека ЕУ со забраната за емитување на програмите на „Раша Тудеј“ и […]

Илјадници Руси заглавени во Тајланд  заради санкциите


Тајланд – Илјадници туристи од Русија во моментов се заглавени во Тајланд, изјавија официјални лица во вторникот, бидејќи  санкцииите од Западот поради инвазијата на Украина ги натера Русите да се снаоѓаат за летови и финансии. Откажувањето на летови, валутата на рубљата во слободен пад и проблемите со плаќањето од руските банки кои се отсечени од […]

Германија: Ембарго на рускиот гас и нафта ќе предизвика тешка економска криза


  Германскиот министер за економија Роберт Хабек, кој доаѓа од Зелените, предупреди на тешки последици по стопанството во Европа во случај на ембарго на увоз на гас и нафта. „Во случај на ембарго зборуваме за тешка економска криза во Германија и во Европа“, рече министерот Хабек во разговор за РТЛ. Во случај на ембарго цената […]

ФИФА им дозволи на странците од руското првенство еднострано да ги суспендираат договорите со клубовите


Франција – Светската фудбалска федерација ФИФА им дозволи на странците да ги суспендираат договорите со руските клубови. Странските играчи и тренери сега можат да го остварат правото на еднострано суспендирање на договорот до крајот на сезоната во Русија. Понатаму, откако ќе станат слободни играчи, тие ќе можат да потпишуваат договори со нови клубови до 30 јуни […]