Блинкен: Непристапувањето на Украина кон НАТО не е отстапка пред Русија


Непристапувањето на Украина кон Северноатлантската Алијанса не треба да се гледа како отстапка пред Русија, изјави американскиот државен секретар, Ентони Блинкен. -Не сметам дека тоа не е отстапка. Според мене, тоа е одраз на реалноста, дека и пред руската агресија Украина не можеше за брзо време да се присоедини кон НАТО, рече Блинкен во изјава […]

Русија воведе санкции за 313 канадски граѓани, меѓу кои и премиерот Трудо


Русија – Како одговор на канадските санкции, Русија стави „црна листа на 313 канадски граѓани“, меѓу кои премиерот Џастин Трудо, министрите за надворешни работи и за одбрана Мелани Џоли и Анита Анан, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи. „Како одговор на новите санкции наметнати од официјална Отава …Русија од денеска, 15 март, ја дополнува својата […]

Руското обвинителство бара 13 години затвор за Навални


Руското обвинителство денеска побара 13 години затвор за опозицискиот лидер Алексеј Навални во случајот „измама“ и „навреда на судот“. Навални веќе отслужува затворска казна од две и пол години.   Обвинителката Надежда Тихонова побара 13-годишна затворска казна, пренесоа руските новински агенции. Од 16 февруари, на 45-годишниот Навални му се суди во затворскиот комплекс, кој се […]

Русија сака да одземе странски авиони вредни 10 милијарди долари


  Русија вчера усвои закон со кој практично оневозможува глобалните компании за лизинг на авиони да ги вратат своите авиони од Русија, пишува Би-Би-Си. Новиот закон ќе овозможи странски авиони да бидат регистрирани во Русија „за да се обезбеди непречено функционирање на цивилната авијација“. Од околу 980 цивилни авиони за кои се верува дека постојат […]

ЕУ и официјално усвои нови санкции против Русија, најстроги во историјата


Утрово Европската унија и официјално го договори четвртиот пакет санкции против Русија. Новиот круг санкции, кој денеска стапува во сила, предвидува рестрикции за голем број олигарси, забрана на продажба на луксузни стоки кои се извезуваат во Москва и ќе погоди неколку одбранбени компании. Амбасадорите на ЕУ вчера се согласија за четвртиот пакет санкции по руската […]

Русија привремено го забрани извозот на житарки во земјите од ЕАЕУ


Русија го забрани извозот на житарки во поранешните советски држави до 30 јуни, а извозот на шеќер го забрани во сите земји до 31 август, јави руската агенција ТАСС. Рускиот премиер Михаил Мишустин потпиша указ за забрана за извоз на бел и нерафиниран шеќер до 31 август, како и извоз на пченица, ‘рж, јачмен и […]

Почна четвртата рунда руско-украински преговори


Претпладнево почна четвртата рунда преговори меѓу украинската и руската делегација, што денеска за првпат ќе се одржи преку видео врска, напиша на Твитер еден од украинските преговарачи и советник на претседателот Зеленски – Михаил Подољак. Тој истакна дека и во оваа рунда преговори  Украина ќе бара мир, прекин на огнот, повлекување на војниците и безбедносни […]

Георгиева: ММФ очекува длабока рецесија во Русија


 Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува длабока рецесија во Русија поради санкциите што Западот ги воведе кон земјата, предупреди Кристалина Георгиева, шефица на ММФ, пренесе Си-Би-Ес. -Санкциите нагласено остро влијаат врз руската економија. Да, очекуваме длабока рецесија во Русија. Тоа што Русија не ги исполнува своите обврски веќе не го сметаме за неверојатен настан. Оваа земја […]

Украина од Судот во Хаг бара создавање посебна сметка во ЕУ за Русија да плаќа репарации


Украина инсистира на отворање посебна сметка во ЕУ, на која Русија ќе добива средства за испорачаните гас и нафта, а кои ќе се проследуваат во Киев и ќе се користат за обновување на економијата на Украина, јави Укринформ. – Работиме на создавање преседан во плаќањата и акумулирање на парите што сега се исплаќаат на Русија […]

Русија ќе го забрани Инстаграм од недела на полноќ


  Корисниците на Инстаграм во Русија беа известени дека услугата ќе се исклучи од полноќ во недела, откако нејзиниот сопственик „Мета платформи“ минатата недела рече дека ќе им овозможи на корисниците на социјалните мрежи во Украина да објавуваат пораки како „Смрт за руските напаѓачи“. Порака од е-пошта од државниот регулатор за комуникации им порача на […]

„ПајПал“ ги суспендира своите услуги во Русија


 Компанијата „ПајПал“ (PayPal) соопшти дека ги суспендира услугите за испраќање и примање плаќања во Русија. – Со цел да се минимизираат можните дополнителни прекини на услугите, ве молиме да го повлечете салдото од вашата сметка до 18 март 2022 година, се наведува во соопштението на „ПајПал“. Поголем број западни компании ја прекинаа соработката со Русија […]

Најмалку седуммина загинати при напад врз евакуациски конвој во близина на Киев


 Украинската разузнавачка служба соопшти дека загинале седум цивили, од кои едно дете откако руските сили пукале врз евакуациски конвој во регионот на Киев. Сè уште е непознат бројот на повредени. Конвојот од жени и деца од селото Перемоха се движел селото Гостролуча по договорениот хуманитарен коридор и специјалната „зелена“ рута кога руските сили почнале да […]

Германија ќе го намали увозот на руска нафта


Германија се стреми да го запре речиси целиот увоз на руска нафта до крајот на годината поради инвазијата на Москва на Украина. – Секој ден, всушност секој час, се збогуваме со рускиот увоз. Ако продолжиме, ќе бидеме независни од рускиот јаглен до есен и речиси независни од руската нафта до крајот на годината, изјави министерот […]

Русија им се заканува на САД: Конвоите со оружје што ги испраќате во Украина од сега ги третираме како цели


Русија– Русија ги предупреди САД и Западот за последиците од испраќањето оружје во Украина, јавија светските агенции. – Соодветните конвои ќе станат легитимни цели за руските вооружени сили, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков. – Во Украина не консултации, нема преговарачки процес со САД. Ги предупредивме САД дека оркестрираното испумпување на оружје од […]

Бајден објави нови санкции против Русија


Американскиот претседател Џо Бајден објави нови санкции против Русија и рече дека Г7 ќе воведе нови санкции за се поголем број руски олигарси и нивните семејства. – Г7, исто така, го засилува притисокот врз корумпираните руски милијардери. Додаваме нови имиња на списокот на олигарси и нивните семејства, изјави Бајден во Белата куќа. – Тие го поддржуваат Путин. […]

Национализацијата би ја вратила Русија во 1917 година, предупредува руски магнат


  Русија мора да смисли „помудар“ одговор на санкциите наметнати од Западот поради нападот врз Украина, бидејќи може да ѝ наштети на сопствената економија и да ги изгуби пазарите што одамна ги развиваше, предупреди тајкунот и поранешен вицепремиер Владимир Потанин. Премиерот Михаил Мишустин во четвртокот му рече на претседателот Владимир Путин дека владата предложила на […]

СЗО бара Украина да ги уништи опасните патогени да не падат во руски раце


  Светската здравствена организација ѝ препорача на Украина да уништ многу опасни патогени кои се чуваат во лабораториите во таа земја, за да спречи можно истекување. СЗО истакна дека неколку години соработувала со украинските медицински власти за да помогне во промената на безбедносните практики. „Во рамки на работата, СЗО силно му препорачува на Министерсвото за […]

Русија најверојатно ќе го изгуби статусот на „најповластена нација“ поради Украина


САД заедно со Г-7 и Европската унија, ќе преземат денеска иницијатива за да го отповикаат статусот на Русија „најповластена нација“ поради нејзината инвазија на Украина, изјавија за западни медиуми извори запознати со ситуацијата. Одземањето на статусот на Русија на фаворизирана нација го отвора патот на САД и нивните сојузници да воведат царини на широк опсег […]

Институтот за меѓународни финансии прогнозира пад од 15 проценти на руската економија


Руската економија ќе има пад од околу 15 отсто во 2022 година под влијание на острите санкции воведени поради нејзиниот напад врз Украина, се наведува во анализата на Институтот за меѓународни финансии (IIF). Институтот ја намали својата прогноза за растот на бруто домашниот производ (БДП) на Русија за 2022 година за 18 процентни поени во […]