Кремљ до Украина: Признајте дека Крим е руски и веднаш ќе престане војната


  Русија бара од Украина да престане со воената акција, да го промени нејзиниот устав за да внесе во него неутралност, да го признае Крим како руска територија и да ја признае независноста на сепаратистичките републики Донецк и Луганск, изјави во понеделникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Песков за Ројтерс изјави дека Москва му кажала […]

ЕК: Кина има потенцијал да влијае врз Русија за прекин на војната


 Портпаролот за надворешна политика во Европската Комисија, Петер Стано, потврди дека Европската Унија не ја исклучува Кина за притисок врз Русија, јави дописничката на МИА од Брисел. Високиот претставник за надворешна политика, Жозеп Борел, е во контакт со кинеските власти со цел да се најде решение за руско-украинскиот конфликт, изјави денеска портпаролот Стано. Во контекст […]

Русија објави список на непријателски земји, меѓу нив и Македонија


  Руската влада го одобри списокот на странски земји и територии кои спроведуваат непријателски дејствија против Русија, според одлуката на кабинетот на министри. Премиерот Михаил Мишустин го потпишал стапувањето во сила на овој декрет. Меѓу нив се наоѓа и Македонија. Од регионот на овој список не се Србија и Босна и Херцеговина, како ни Косово, […]

Кина ја продлабочува соработката со Русија за „стратешко партнерство за нова ера“


Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска во Пекинг изјави дека Кина ќе продолжи да ја продлабочува стратешката соработка со Русија. – Кина и Русија ќе го задржат својот стратешки фокус и ќе продолжат да го продлабочуваат кинеско-руското сеопфатно стратешко партнерство за нова ера, истакна Ванг на прес-конференција. Тој, исто така, нагласи дека Кина […]

Сè повеќе странски медиуми ја прекинуваат работата во Русија


Меѓународни радиодифузери и медиуми ја прекинаа работата во Русија, по одлуката на рускиот Парламент да го ограничи известувањето за вестите за инвазијата на земјата на Украина. Германските јавни радиодифузери АРД и ЗДФ објавија дека засега го прекинуваат покривањето од нивните московски студија, но „ќе продолжат да ја информираат јавноста за настаните во Русија и Украина […]

„Волстрит џурнал“: Русија регрутира сириски, искусни борци, тврдат официјални лица од САД


Русија регрутира сириски борци, искусни во урбана борба, додека го засилува својот напад врз Украина, тврдат официјални лица од САД, цитирани од Волстрит Џурнал. Москва изврши инвазија на 24 февруари, а овие денови регрутира лица од Сирија, надевајќи се дека со нивна помош, ќе се заземе Киев, појаснуваат четири извори на американскиот весник. Русија во […]

Нетфликс се повлекува од Русија


Нетфликс денеска соопшти дека засега ќе престане да ја продава и обезбедува својата видео услуга за стриминг во Русија. „Со оглед на околностите на теренот, решивме да ја прекинеме нашата услуга во Русија“, се вели во соопштението на компанијата. Компанијата не прецизираше што ќе се случи со постоечките претплатнички сметки или кога ќе го преиспита […]

Западот бара Русија да биде суспендирана од Интерпол


Неколку западни земји, вклучително и Велика Британија и САД го повикаа Интерпол да ја суспендира Русија од меѓународната организација, изјави британската министерка за внатрешни работи Прити Пател. Велика Британија, САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд побараа „итно суспендирање на пристапот на Русија до нејзините системи“, објави Пател на Твитер. Групацијата побара од извршниот комитет на […]

Рускиот економист Сергеј Гуриев: „Војната скапо ги чини Русите и ќе ги чини уште повеќе“


  Замрзнувањето на резервите на Централната банка на Рсуија беше многу неочекувана вест и таа е клучна во пакетот економски санкции што ги воведе Западот против Русија поради инвазијата на Украина. Исклучувањето од Свифт е важна симболична приказна, но блокадата на Централната банка е далеку поважна, вели познатиот руски економист Сергеј Гуриев. Во интервју за […]

Зеленски предупредува дека Русија се подготвува да ја бомбардира Одеса


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска, во телевизиско обраќање до нацијата, изјави дека руските сили се подготвуваат да го бомбардираат градот Одеса, на украинскиот брег на Црното Море. -Ракети против Одеса? Тоа ќе биде воено злосторство, рече тој во обраќањето. Зеленски вчера во видео порака кажа дека руската армија не ги постигна своите цели, а во […]

Радио Слободна Европа прекинува со работа во Русија


Радио Слободна Европа ја прекинува својата работа во Русија, соопшти медиумот. Во соопштението потпишано од претседателот и извршен директор на РСЕ, Џејми Флај, се наведува дека рускиот сервис на Радио Слободна Европа се соочува со стечајна постапка и дека неговите новинари биле под притисок на полицијата. -Сервисот ќе продолжи да се обидува да допре до […]

Канада ги повика своите државјани да ја напуштат Русија


 Канадското Министерство за надворешни работи денеска им препорача на своите граѓани да ја напуштат Русија додека се уште се достапни комерцијалните средства за патување. Министерството предупреди дека безбедносните услови се непредвидливи и дека ненајавено може да се влошат. Во препораките за патување на канадското Министерство за надворешни работи се истакнува дека „достапноста на летови станува […]

Украина бара нова рунда санкции против Русија


Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба за време на денешното телевизиско обраќање рече дека неговата земја бара посилни санкции против Русија. – Тие вклучуваат, меѓу другото, исклучување на руската банка Сбербанк од SWIFT, затворање на европските пристаништа за руските бродови, затворање на пристапот на Русија до криптовалути и престанок на купување руска нафта, рече […]

Со законот за „лажни вести“ Русија забрани случувањата во Украина да се нарекуваат „војна“


Законот беше неопходен и потребен итно поради невидената, тоа не е ни кампања, туку информативна војна што е покрената против нашата земја“, изјави портпаролот на руската влада Дмитриј Песков, во одбрана на новиот закон со кој луѓето би можеле да добијат затвор до 15 години за објавување „лажни вести“ за руската војска. Со усвоениот закон […]

Блинкен: Зона на забранети летови над Украина ќе доведе до целосна војна во Европа


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека воспоставувањето зона на забранети летови над Украина од страна на САД и нивните сојузници во НАТО може да доведе до „целосна војна во Европа“. Тој нагласи дека Вашингтон ќе продолжи да работи со своите сојузници со цел да им обезбеди на Украинците средства за одбрана од руската агресија, […]

Би Би Си ги повлекува своите новинари од Русија


Британскиот јавен сервис Би Би Си денеска објави дека ги повлекува сите свои новинари од Русија за да ја гарантира нивната „безбедност“ по усвојувањето на законот кој предвидува затворски казни во случај на ширење „лажни информации за армијата“ и блокирање на неговата веб-страница на руски јази во рамки на руската инвазија врз Украина. Оценувајќи дека […]

Русија ја прекина продажбата на ракетни мотори на САД, шефот на Роскосмос порача: „Нека летаат на метли“


Русија престана да продава ракетни мотори на САД како одговор на санкциите, изјави во четвртокот директорот на руската вселенска агенција Роскосмос Дмитриј Рогозин, пренесе Ројтерс. „Во ваква ситуација, не можеме да ги снабдуваме САД со нашите најдобри ракетни мотори во светот. Нека летаат на нешто друго, со нивните метли, не знам што“, рече Рогозин на […]

„Стандард и Пурс“ повторно го намали кредитниот рејтинг на Русија


„Стандард и Пурс Глобал“ (S&P Global) го намали кредитниот рејтинг на Русија уште подлабоко во неинвестициската категорија поради прекинот на плаќање на каматите на обврзниците и новите меѓународни санкции после руската инвазија врз Украина. Пред помалку од една недела, S&P го намали рејтингот на Русија на „ББ +“, спуштајќи го на неинвестициската категорија. Во четвртокот […]

Што е руски олигарх?


Американското Министерство за правда создаде работна група која ќе ги следи имотите на руските олигарси, при што администрацијата на Бајден вети дека ќе ги заплени нивните јахти, луксузни апартмани и приватни авиони. Но, што се олигарсите? И како нивното богатство е поврзано со руската инвазија на Украина?   Што е руски олигарх?   Олигарсите – […]

Голем број Руси бегаат во Финска поради војната со Украина


Возовите за Финска се преполни Руси кои се плашат дека сега им е последна шанса да го избегнат влијанеито на жестоките санкции од Западот. Тоа е една од ретките преостанати рути од Русија кон ЕУ. По две години од пандемијата утринскиот воз од Санкт Петерсбург бил полн со руски патници кои стигнале на станицата во […]