Јапонија не е сигурна како Русија ќе ја наплаќа енергијата во рубљи


Јапонија сè уште не е сигурна како Русија ќе го спроведе своето барање за плаѓање во рубљи за нејзината енергија продадена на „непријателските“ земји, изјави министерот за финансии Шуничи Сузуки. „Во моментов ја истражуваме ситуацијата со релевантните министерства бидејќи не разбираме точно која е намерата (на Русија) и како би го направила тоа“, рече министерот Сузуки […]

Русите се повеќе купуваат крипто валути, Лагард предупредува дека се користат за да се избегнат санкции


Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард во вторникот изјави дека криптовалутите се користат за избегнување на санкциите воведени кон Русија, јавува Anadolu Agency (AA). – Крипто секако се користи при обидот да се избегнат санкциите, рече Лагард во своето обраќање на самитот на Банката за меѓународни порамнувања (БИС). Банката за меѓународни порамнувања е […]

Пекинг: Русија не може да биде исклучена од Г20


Кина ја оквалификува Русија како „важна членка“ на Г20, откако САД го покрена прашањето за нејзино исклучување од групата 20 најразвиени земји во светот, по инвазијата на Украина. – Г-20 е главниот форум за меѓународна економска соработка, изјави за новинарите портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин. – Русија е важна членка и […]

Захарова: Поради непријателската политика, сега не се можни преговори со Јапонија


Сега не се можни преговори за потпишување мировен договор меѓу Русија и Јапонија, поради „непријателската политика на Токио“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. – Не планираме продолжување на мировните преговори со Јапонија. Тоа е очигледно, бидејќи не постои начин да се разговара за потпишување основен документ за билатерални односи со […]

Русија се повлече од мировните преговори со Јапонија и ги замрзна заедничките економски проекти


Русија се повлече од мировните преговори со Јапонија и ги замрзна заедничките економски проекти околу спорните Курилски Oстрови поради санкциите што и ги воведе Токио поради Украина, што предизвика реакција од Јапонија. Русија и Јапонија се уште официјално не ги завршиле непријателствата од Втората светска војна поради конфликтот околу островите познати во Русија како Курилски […]

Русија ја блокира страницата на „Еуроњуз“


Рускиот медиумски регулатор „Роскомнадзор“ вчера го блокираше пристапот до францускиот канал „Еуроњуз“ (Euronews), како дел од зајакнувањето на контролата врз информациите поврзани со рускиот напад врз Украина. „Роскомнадзор“ го блокирал „euronews.com“ и неговата руска верзија „ru.euronews.com“ на барање на Обвинителството, поради објавување на дезинформации. Од почетокот на руската интервенција во Украина на 24 февруари, руските […]

Русија е подготвена да размени 500 заробени Украинци за Руси


 Русија достави до Црвениот крст податоци за повеќе од 500 заробени Украинци кои е подготвена да ги размени за заробени Руси, изјави денеска руската комесарка за човекови права Татјана Москалкова.   Русија е подготвена да ги замени за Руси, кои се заробени од страна на Украина, изјави Москалкова.   Русија на 24 февруари започна воена […]

Русија тврди дека уништениот трговски центар во Киев бил користен за складирање ракети


Руската армија денеска соопшти дека ракетниот напад врз трговски центар во предградие на Киев, бил бидејќи тој се користел за складирање ракети. Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков, изјави дека украинските сили го користеле трговскиот центар за полнење на ракетни фрлачи и за складирање на проектили што се користат за гранатирање руски војници. […]

Војната во Украина ја откри „долгата рака“ на Кремљ врз Бугарија


  СОФИЈА — „Да не стоиме поделени. Време е да се каже: Бугарија е обединета“, рече премиерот Кирил Петков пред толпата собрани на споменикот на Шипка на 3 март, денот кој за Бугарите го означува крајот на вековното отоманско владеење. Како одговор, група проруски симпатизери и поддржувачи на екстремната десница, некои од нив веејќи руски […]

Британија: Руските сили постигнаа мал напредок во текот на изминатата недела


Британското Министерство за одбрана извести дека руските сили кои напредуваат од Крим се уште се обидуваат да го заобиколат Миколајев додека се обидуваат да се упатат на запад кон Одеса, додавајќи дека руските сили постигнале мал напредок во текот на изминатата недела. „Блокадата на украинскиот брег веројатно ќе ја влоши хуманитарната ситуација во Украина, спречувајќи […]

Кинески заменик-министер: Санкциите кон Русија се претерани


Заменикот-министер за надворешни работи на Кина, Ле Јученг, вели дека НАТО не треба и понатаму да се шири кон исток и на тој начин да става нукеларна сила како Русија во ќош. „Санкциите кон Русија стануваат претерани“, изјави Ле Јученг во Пекинг, пренесе Ројтерс, Кина не го осуди рускиот напад на Украина, но изрази загриженост […]

Руски амбасадор во БиХ: Како знаете дека немаме планови против Хрватска?


Амбасадорот на Русија во БиХ, Игор Калабухов вечерва гостуваше на босанската Фејс ТВ, каде зборуваше околу плановите на БиХ за членство во НАТО. – Нас не ни пречи да влезете во НАТО. Тоа не е закана, можеби предупредување. Вие одлучувате. Тоа е како маѓепсан круг, веќе кажав… Да претпоставиме, на пример: БиХ станала членка на […]

Канада објави „поправено“ писмо од руски дипломат, Русија бесна


Русија ја обвини Канада за дипломатија „на ниво на градинка“ во спорот на Твитер поради објавувата од канадската мисија во Обединетите нации на социјалните мрежи. Кавгата изби поради писмо во кое руски дипломат бара поддршка за нацрт-руската резолуција за помош на Украина. Канада го објави писмото на Твитер со „предложени промени“. Рускиот дипломат тоа го […]

Американски производствен џин останува во Русија: „Заминувањето носи повеќе штета од корист“


„Коч индустрис“, американска приватна мултинационална конгломератска корпорација која вработува 122.000 луѓе низ светот, одлучи дека нема да го напушти својот бизнис во Русија, затоа што со тоа своите вработени таму би ги довела во ризик и би направила повеќе штета од корист. Шефот на „Коч“: Немаме друг физички имот во Русија Присуството на мултинационалниот конгломерат […]

Чинголани: На Италија ќе и требаат најмалку три години за да го замени рускиот гас со други енергетски извори


На Италија ќе и требаат најмалку три години за целосно да го замени гасот увезен од Русија со други извори на енергија, изјави министерот за еколошка транзиција Роберто Чинголани. Италија увезува околу 30 милијарди кубни метри гас годишно од Русија, што е околу 40 отсто од вкупниот увоз на тој енергетски извор, а по руската […]

Русија вели дека платила 117 милиони долари камата од еврообврзница


Руското Министерство за финансии во четвртокот соопшти дека е исполнета нејзината обврска за исплата на камата од 117 милиони долари на два купони за еврообврзници и дека одделно ќе го ажурира пазарот за тоа дали исплатата била депонирана на сметката на платежниот агент Citibank (C.N), јави Ројтерс. Санкциите поради настаните во Украина ја исклучија Русија […]

Британија: Рускиот напредок последните денови е минимален


Руските сили на сите фронтови, на копно, на море и во воздух, последните денови остварија минимален напредок во својата инвазија на Украина, процени британската разузнавачка служба во последниот извештај. 2Украинскиот отпор останува непоколеблив и добро координиран. Голем дел од украинската територија, вклучително и сите градови и понатаму се во рацете на Украинците“, објави британското министерство […]

Моравјецки: За мене нема „црвени линии“ во однос на економските санкции кон Русија


 Полскиот премиер Матеуш Моравјецки повика на воведување поостри антируски санкции, изјавувајќи дека за него нема „црвени линии“ кога станува збор за економските санкции кон Русија. -За мене не постојат црвени линии во однос на економските санкции против Русија, изјави Моравјецки во интервју за германскиот весник „Билд“. „Навистина, треба да бидеме доследни и да нема веќе […]

ЕСЧП го суспендира разгледувањето на сите обвиненија против Русија


 Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) вечерва соопшти дека одлучил да го прекине испитувањето на сите обвиненија против Русија додека не ги разгледа правните последици врз неговата работа порди исклучувањето на земјата од Советот на Европа. Судот со седиште во Стразбур ја донесе одлуката откако Комитетот на министри на Советот на Европа рано денеска ја […]

Меѓународниот суд на правдата денеска ќе ја соопшти одлуката по тужбата на Украина за руската инвазија


Највисокиот суд на Обединетите нации се очекува денеска да донесе одлука за тужбата со која се оспорува руската инвазија врз Украина, што е прва таква пресуда на овој меѓународен суд од почетокот на војната пред речиси три недели, јави ДПА. Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг денеска ќе ја соопшти својата одлука во итната […]