Матис: Референдумот е најважниот глас во вашата историја


Претстојниот референдум е најважниот глас во историјата на вашата нација. Граѓаните да го искористат своето демократско право и да гласаат на референдумот кој е историски за натамошниот напредок на Македонија на патот на интегрирањето на земјата во НАТО и ЕУ,  и во тоа ја имате поддршката од САД, порача американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис на […]

Никола Тодоров ќе гласа на 30 септември


Никола Тодоров, поранешен вицепремиер и министер за образование и за здравство во владите на ВМРО-ДПМНЕ, најави дека ќе гласа на престојниот референдум и дека е против бојкот. Тодоров, кој учествува на трибина во МНР насловена „Дебатираме за НАТО“ објасни дека ќе гласа затоа што раководството на ВМРО-ДПМНЕ не зазема став околу референдумот туку им остави […]

Ахмети: На 30 септември се гласа за стратешки цели


Трибина со граѓаните на Кичево попладнево одржа лидерот на ДУИ Али Ахнети кој беше придружуван од преседателот на Собранието Талат Џафери, вицепремиерот Хазби Лика, градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари и шефот на Штабот на ДУИ за референдумот за Кичево, министерот за економија Крешник Бектеши. Преседателот на Собранието Џафери порача дека ЕУ и НАТО се […]

Бачев: Ова е света борба за секој Македонец


Кризниот штаб кој настапува под слоганот „Македонија бојкотира“ денеска имаше средби со граѓаните на Делчево и Македонска Каменица. Како што истакна Јанко Бачев, претставник на кризниот штаб против референдумот, целта на денешната средба со граѓаните од овие две општини е да се пренесе пораката за неизлегување на претстојниот референдум. – Мора да ја спречиме намерата […]

Мицотакис: Прашање на време е кога земјата ќе се нарекува чисто Македонија


Од моментот кога имаме признавање на македонски јазик и македонска националност, прашање на време е оваа земја да се нарекува чисто Македонија, рече Кирјакос Мицотакис на денешната прес-конференција во рамките на 83-от Меѓународен саем во Солун и истакнувајќи дека најголемиот проблем во Договорот од Преспа се македонскиот јазик и идентитет. Како што јави дописничката на […]

Заев: Важноста на референдумот е иста, како на тој пред 27 години


Важноста на референдумот е иста, како на тој пред 27 години, затоа што ако тогаш ја обезбедивме независноста на државата, сега од оваа одлука зависи дали ќе си ја осигураме и обезбедиме иднината на нашата независна Македонија, изјави премирот Зоран Заев денеска на трибина со граѓани во Гази Баба, во организација на коалицијата „Излези ЗА […]

Спасовски: Референдумот е најсилен облик на демократија


Референдумот е најзначајниот облик на демократија. Граѓаните одлучуваат и нивниот глас е последен и мора да се почитува. Граѓанска должност е да учествуваме во градењето на македонската иднина и затоа, на 30 септември да излеземе на референдумот и да гласаме ЗА европска Македонија, порача потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска, […]

Рот:Гласајте на референдумот, потврдете ја ориентацијата за ЕУ и НАТО


Македонските граѓани на претстојниот референдум треба да покажат храброст и да испратат јасен сигнал за членство во ЕУ и НАТО, бидејќи европската перспектива гарантира добра иднина за сите, особено за младите, порача денеска државниот министер за Европа при германското МНР Михаел Рот, кој ја заврши посетата на Македонија со учество на трибината „Фридрих Еберт“. Рот посочи […]

Пендаровски: Расположението во корист на референдумот расте од ден на ден


Расположението во корист на референдумот и за опцијата за европска Македонија расте од ден на ден и јас мислам дека бројот на оние што ќе гласаат „за” ќе биде неколку пати поголем од бројот на тие што ќе гласаат „против”, изјави денеска Стево Пендаровски, националниот координатор за НАТО, кој дојде во Неготино и остварува средби со […]

Ставовите на Груевски и на Мицкоски – врвна тајна


Редица некогаш значајни политички актери во надминувањето на спорот за името излегуваат еден по еден во последните седмици, соопштувајќи ги суптилно своите ставови за договорот што, по две и пол децении, го постигнаа актуелните влади во Скопје и Атина, навестувајќи како ќе се изјаснат на референдумот. Во ситуација кога низ државата секојдневно дефилираат и редица […]

Нема бојкот и од МПЦ: Секој сам да одлучи за референдумот


Македонската православна црква ги повика граѓаните сами да одлучат што ќе прават на 30 септември. Светиот архијерејски синод на МПЦ-Охридска архиепископија смета дека граѓаните се политички зрели и оти на претстојниот референдум, слободно и по свое сопствено уверување, ќе го остварат своето демократско право на избор. „Ја изразуваме својата доверба во политичката зрелост на граѓаните […]

Негативен референдум ќе ги загрози пензиите


Економските аналитичари укажуваат дека неуспешен референдум би имал исклучително негативни последици врз економијата. Иако официјалните институции досега говореа само за придобивките од евроатлантските интеграции, негативното сценарио го отвори Штефан Питер, претседател на Советот на странски инвеститори, укажувајќи дека нестабилноста што ќе ја предизвика неуспехот на референдумот ќе влијае врз приливот на странски инвестиции кои ќе […]

Џафери и Бушати сложни: Прво референдум, па НАТО


Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска го прими Дитмир Бушати, министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија. Како што соопшти собраниското Одделение за односи со јавноста, Џафери истакнал дека ваквите средби на високо ниво се од особено значење за развојот на односите меѓу двете пријателски и соседни земји и оти […]

Јанчев и Богданов надгласани со акламација


Двајца членови што барале да се гласа на референдумот, два-тројца што барале бојкот и дваесетина на чело со претседателот Христијан Мицкоски што ги надгласале со акламација. Ваков е епилогот од завчерашниот тричасовен состанок на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, каде што се одлучуваше за ставот на партијата во однос на спогодбата со Грција и претстојното референдумско […]

ВМРО-ДПМНЕ се враќа на улица, во недела во Штип


ВМРО-ДПМНЕ се враќа на улица. Иако нема да води активна кампања за референдумот, имајќи предвид дека одлуката на партијата е секој граѓанин сам да реши дали и како ќе гласа, продолжуваат активностите од „Работното лето“. Веќе во недела е закажан протестен марш во Штип. Опозицијата нема да се рекламира по медиуми, нема да снима промотивни […]

Се јави и Црвенковски: Ќе гласам „за“ на 30 септември


На 30 септември ќе излезам на референдумското изјаснување и ќе гласам „за“ ! Ќе гласам „за“, не затоа што мислам дека Преспанскиот договор е голема победа и успех, туку затоа што сметам дека е нужност од која во даденава ситуација нема бегање, вели во пишаната изјава за јавноста поранешниот претседател на Македонија, Бранко Црвенковски. – […]

ВМРО-ДПМНЕ се оградува од Владо Поповски


Од рано наутро траеја вчера состаноците во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ на денот кога се очекуваше да биде донесена конечната одлука – за референдумот секој да мисли со своја глава. Најпрво заседаваше потесното раководство, потоа во 16.30 часот беше закажана седница на извршниот комитет, а во 19 часот и на централниот. До последен момент се разменуваа […]

Конечно крај на седниците во „белиот дворец“, закажана прес-конференција


Почнаа некаде пред 17 часот, завршија околу 22.30 часот, имаа само половина час пауза од крајот на седницата на Извршниот комитет, до почетокот на состанокот на Централниот комитет. Вака изгледаше попладнето во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. После 23 часот, во „белиот дворец“ е закажана прес-конференција, на која раководството ќе ги соопшти одлуките во врска со референдумот […]

На претседателот нема кој да му оди на Водно


Претседателот Ѓорге Иванов, кон крајот на овој месец – кога референдумската кампања во земјава ќе биде пред својот финиш – ќе ги спакува куферите и ќе замине на пат во Њујорк, каде што ќе се обрати последен пат пред Генералното собрание на ОН. По подолго време, тоа ќе биде прво патување на Иванов во некој […]

ДУИ почнува референдумска и партиска кампања


Демократската унија за интеграција ги ангажира сите свои потенцијали за мобилизацијата на албанското гласачко тело за претстојниот референдум. По промоцијата на централниот штаб на партијата, на чело со Атила Реџепи, утврдено е основањето на штабовите за референдумот во сите ограноци на ДУИ. Доделени се задачи на 35. шефови на општинските штабови. Усвоена е стратегијата на […]