Вонредни избори не се опција по референдумот


Вонредни парламентарни избори не се опција по завршување на референдумот, велат владини извори. Соговорници на „Независен весник“ ја отфрлаат засега можноста за избори, која во политички кругови се спомнува како едно од сценаријата за обезбедување двотретинско мнозинство за уставни измени. Тие сценарија, пак, почнаа да се вртат како резултат на „ФБ-кампањата“ во која се вклучија […]

Љубчо Георгиевски агитира „за“


Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, влезе во кампањата „за“ договорот со Грција. Во рекламниот спот, тој ги убедува граѓаните да излезат и да гласаат за спогодбата од Мала Преспа, оти во спротивно, ризикуваат следните две, три или повеќе децении да се викаме Поранешна југословенска република Македонија. Неговиот настап се издвојува од остатокот на убедувачите, […]

Зошто ќе го бојкотирам референдумот


Во средата Уставниот суд, очекувано, политички ѝ пресуди на иницијативата за поништување на одлуката за референдумот како неуставна. Срам да те фати со какви „аргументи“ ја отфрлија иницијативата. Уставните судии не земаат народни пари за да одлучуваат по политички напатствија, туку за да обезбедат уставност и законитост на актите. Но, за волја на објективноста, веројатно […]

Анкети до 24 септември, референдумскиот молк од 28 септември


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека резултати од испитувања на јавното мислење во врска со референдумот може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот одреден за гласањето. Оттаму, резултати од анкети на јавното мислење може да се објавуваат заклучно со 24 септември 2018 година. Како што соопшти АВМУ, рефендумскиот […]

Шеќеринска: Нема поголеми избори од референдумот


Нема поголеми избори и појасно изјаснување од претстојниот референдум . Граѓаните ќе ни ја упатат пораката на 30 септември и затоа нашиот повик до сите е да го искористат тоа право и да го кажат својот став, одговори министерката за одбрана Радмила Шекеринска на новинарско прашање дали предвремените парламентарни избори се опција „Б“ по изјаснувањето […]

Кукан: Учеството на младите на референдумот може да биде одлучувачко


Политичкиот дијалог и постигнувањето консензус се на врвот на вредностите и стандардите што го дефинираат демократскиот амбиент и политичката култура на едно општество. Вистинското место каде што треба да се води политичкиот дијалог и да се постигне консензус е Собранието и тој не треба да се ограничи само на политичките партии, туку во него треба […]

Обвинителството следи дали некој го крши референдумот


Основното јавно обвинителство ќе ги следи евентуалните неправилности при спроведувањето референдум. Од таму велат дека формирале Комисија за следење противправности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет: Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот на 30 септември. За […]

Уставна бура во чаша вода


Александра М. Митевска Референдумот преживеа! На изненадување на сите оние што мислеа дека два-тројца крајни десничари (пардон – едниот се декларира како левичар, а така се вика и партијата која ја оспори уставноста на одлуката за распишување на референдумот) можат така лесно да предизвикаат политичка хаварија обидувајќи се да го урнат по правен пат проектот […]

Партиите преку невладини ќе го набљудуваат гласањето


Десетина дена пред одржувањето на референдумот за името, политичките партии се екипираат за техничко следење на граѓанското изјаснување. Додека истурените играчи на терен ја водат кампањата, административниот дел ги привршува своите обврски. Имајќи предвид дека референдумот не е исто што и избори (локални, парламентарни или претседателски), па законски на партиите им е оневозможено да присуствуваат […]

На референдумот треба да се исполнат два услова


Половина од запишаните избирачи плус еден да излезат на гласање, и половина од излезените плус еден да гласаат „за“. Тоа се двата услова кои треба да бидат исполнети на претстојниот консултативен референдум на 30 септември, појаснија на денешниот брифинг од ДИК. На новинарско прашања дали има разлика во условите кои треба да се исполнат кога […]

(Не)очекувана одлука на Уставeн суд: Референдумот преживеа


Референдумската кампања ќе продолжи и ќе се гласа на 30 септември. Таков епилог произлегува од вчерашната одлука на Уставниот суд, во чие донесување учествуваа сите деветмина судии, од кои седуммина гласаа за отфрлање на иницијативите за оценка на уставноста на одлуката за донесување на референдумот. Претставките што ги поднесоа Светскиот македонски конгрес (СМК), Левица и […]

Скопје како главен град на дипломатијата


„Секоја поединечна одлука за бојкот на референдумот е бојкот на иднината на државата и на демократијата“, констатираа на вчерашната средба во Скопје британскиот државен министер за Европа и Америка, Ален Данкан и премиерот Зоран Заев. Данкан изразил поддршка за успешен референдум, како демократски начин на израз на граѓанската волја, како и за процесот на интеграции […]

Владата не го коментира Уставен


Владата нема да толкува одлуки на Уставен суд во ниту една ситуација, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање како ја коментираат одлуката на уставните судии за отфрлање на иницијативата за оспорување на референдумот. – Тоа што го имавме ние за референдумот го искажавме повеќе пати. Сметаме дека тоа е највисокото демократско […]

Референдум ќе има, уставен ја отфрли иницијативата


Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум, донесена од Собранието на Република Македонија на 30 јули 2018 година. За отфрлање на иницијативата гласаа седум уставни судии, а за беа двајца, Елена Гошева и Јован Јосифовски.

Нема расположение за замрзнување на референдум


Двајцата нови уставни судии Осман Кадриу и Дарко Костадиновски, кои беа избрани на предлог на претседателот Ѓорѓе Иванов не се согласуваат со предлогот за стопирање на активностите околу референдумот и поведување постапка за оцена на уставноста на одлуката за негово распишување. Тој предлог го даде судијката Елена Гошева, како известител за трите иницијативи со кои […]

Зафир Хаџиманов го поддржа референдумот


Познатиот уметник, глумец, пејач и писател Зафир Хаџиманов, кој е македонски амбасадор на културата во Србија каде живее 58 години, го поддржа претстојниот референдум во Македонија. – Сакам да се знае дека како еден од втемелувачите на повеќе културни институции во Македонија, еден од основоположниците на Македонското радио и телевизија, како личност која има огромен […]

И владиката Пимен ќе гласа „за“


Митрополитот Европски, Пимен, се приклучи на кампањата „Излези ЗА европска Македонија“. Во кусото видео обраќање, владиката Пимен вели дека референдумот на 30 септември е историска шанса кога одлучуваме за иднината на земјата и затоа тој ќе излезе и ќе гласа „за“. – Во овие историски моменти за Македонија кога одлучуваме за иднината на својата земја потребно […]

Уставните измени ќе стартуваат од октомври


Веднаш по завршувањето на референдумот, ќе почне подготовката на уставните измени согласно договорот со Грција, најавуваат извори од владејачкиот табор. Оттаму посочуваат дека процесот на измена на Уставот е долг и сложен и дека ќе бидат потребни минимум три месеци за да се дојде до последната фаза – прогласување на донесените амандмани. Целта е, како […]

Референдумот не е избори


Лејла Сабит Пејачите кога пеат помалку грешат отколку кога зборуваат. Партиската поделба меѓу нив, кој на чиј митинг пеел и кој пејач на која партија припаѓа, се небитни за референдумот бидејќи изјаснувањето на граѓаните е историски чин и не може да се споредува со избори. Кога пејачите пеат за партиите, ја ставаат својата популарност на […]

Заев од Охрид: По примерот на „Билјана платно белеше“ сите ние да го обелиме образот на Македонија


Да го приближиме Охрид уште повеќе до Европа, па од балкански да биде прогласен за европски Ерусалим, По примерот на „Билјана платно белеше„“ сите ние да го обелиме образот на нашата Македонија. На 30 септември масовно гласаме „за“ заедно да одиме напред, „за“ европска Македонија и европски Охрид, порача вечерва претседателот на Владата Зоран Заев […]