Македонска алијанса бара референдум за преговорите за името


Во врска со ставот на Грчката Влада дека Премиерот Зоран Заев и Светиот Синод на МПЦ побарале од Светиот Синод на Вселенската Патријаршија со бришење на името Македонија да биде признаена автокефалноста Охридската Архиепископија, претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција: -Македонската Алијанса сака да верува дека Светиот Синод на МПЦ-ОА […]

Референдумот за името во пакет со избори?


Реконструкцијата на владиниот кабинет и првиот голем митинг на опозицијата, како важни настани што претстојат кон крајот на оваа седмица, според проценките во политички кругови, се увертира во големи политички поместувања во наредните месеци. Епилог на тој процес би бил референдум за името, како „круна“ на договорот што се очекува да го постигнат во наредните […]

ДУИ не е за референдум за името да не стане дневно-политичка тема


Има разлики меѓу СДСМ и ДУИ околу најавуваниот референдум за името кога ќе се постигне договор со Грција, посочија денеска премиерот Зоран Заев и неговиот заменик Бујар Османи, на брифинг со новинари. Сепак, тие рекоа дека тоа не е проблем за коалицијата и дека е нормално да има различни мислења за кое било прашање околу […]

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи решение за името кое ќе биде штетно за Македонија


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека опозициската партија нема да поддржи промена на Уставот со цел промена на уставното име ниту, пак, дека ќе поддржи недостоинствено решение за спорот со името.  Доколку дојде до взаемно прифатливо решение, тоа според Мицкоски, треба да биде ставено на референдум. – ВМРО-ДПМНЕ е конструктивна опозиција и ВМРО-ДПМНЕ […]

За отворање рудници граѓаните да се изјаснуваат на референдум


Изјаснувањето на граѓаните на референдум да биде услов за доделување на концесија за есплоатација на минерални суровини по барање од заинтересирано лице, бараат повеќе еколошки организации и граѓански иницијативи кои работат на полето на заштита на животната средина во Македонија. Тие, во писмо испратено до претседателот на собраниската Комисија за економски прашања Горан Милевски, потенцираат […]

Влада: Државата има капацитети да спроведе референдум


Кога и да има значителен исчекор кој ќе води кон референдум за името, државата има доволно капацитет да одговори содветно и сите институции ќе го дадат максимумот во рамки на законската регулатива, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на прашање дали од Владата има иницијатива за пополнување на испразнетите места во Државата изборна комисија, […]

ДИК ќе се комплетира во март, се забрзува ли референдумот?


Новиот состав на Државната изборна комисија се очекува да биде избран на почетокот на март. Вакви информации доаѓаат од партиите што треба да делегираат свои членови во Комисијата, по близу два месеца затишје околу ова прашање, откако осуммина од вкупно девет члена на ДИК поднесоа оставки, поради скандалот со енормно високите бонуси. Според тоа, се […]