Бериша: Ова е референдум на надеж за секој Албанец, САД е земја на која и се восхитувам


Лидерот на албанските опозициски демократи, Сали Бериша, откако го оствари правото на глас на реферeндумот што тој го организира за разрешување на актуелниот лидер Љуљзим Баша, рече дека „ова е референдум на надеж и слобода“, кој ќе ја ослободи партијата од претседател кој ја чува во заложништво. – Очекувано гласав за разрешување на Баша. Сега […]

Нова Каледонија по трет пат излегува на референдум за независност од Франција


Нова Каледонија– Нова Каледонија денеска по трет и последен пат излегува на референдум за изгласување независност од Франција, по кампањата што беше обележана со барањата на заговорниците на независноста до француските судови да го одложат гласањето поради пандемијата на Ковид-19, што би го загрозило слободното изразување. На Нова Каледонија, која се наоѓа на приближно 2.000 километри […]

Лабуристи ќе поддржат втор референдум за Брегзит


Лидерот на лабуристичката партија Џереми Корбин изјави дека тие ќе поддржат втор референдум за да го спречат, како што рече, „штетниот ториевски Брегзит“. Тој рече дека ќе поднесе или поддржи „амандман во корист на јавно гласање“. – На овој или оној начин, ќе сториме сè што е во наша моќ за да спречиме напуштање на […]

За ВМРО – референдум ќе бидат изборите


Во ВМРО-ДПМНЕ и вчера ги повторија барањата за итно распуштање на парламентот, распишување предвремени избори, кои би се одржале заедно со претседателските, и формирање техничка влада што ќе ги спроведе според пржинскиот договор. Иако фокусот им го одвлече службеното објавување за двојазичност на земјава, во партијата ги продолжуваат подготовките за претстојните избори, каде што, според […]

Петров собира потписи за нов референдум


Граѓанската иницијатива за собирање на потписи од најмалку 150 илјади избирачи за распишување дополнителен референдум за одлучување на граѓаните на целата територија на Република Македонија доставена преку овластениот предлагач Тодор Петров, денеска на седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците со осум гласови „за“, ниту еден „против“ и еден „воздржан“ беше […]

Капиталот стекнат за ВМРО-ДПМНЕ по референдумот потрошен со едно гласање


Капиталот стекнат по референдумот – се стопи преку ноќ. Вака во ВМРО-ДПМНЕ се толкува петочното гласање во Собранието со кое е крената рампата за договорот со Грција околу името. Експресното исклучување од партијата на седумтемина пратеници кои ѝ забија нож во грб на партијата е само обид да се поправи штетата, но вистинските предизвици во […]

Иванов: Да се почитува суверената волја на граѓаните на референдумот


Претседателот Ѓорге Иванов ги прими денеска акредитивните писма на Војчех Јежи Тичињски, новоименуван амбасадор на Полска во Македонија. Иванов на церемонијата на предавање акредитиви, како што соопшти неговиот кабинет, истакнал дека македонско-полските односи ги карактеризира искрено пријателство, меѓусебна почит, континуиран политички дијалог и значајна динамика во соработката во повеќе области од взаемен интерес. Иванов порачал […]

Вучиќ: Место да признаат за референдумот, играат мнозинство


По неуспехот на референдумот во Македонија и изборите во БиХ се охрабрувам да кажам дека имаме потреба од посилна ЕУ во регионот. Потребно ни е нешто опипливо, не само поддршка, туку потребно ни е исполнување на ветувањата од Европа, рече српскиот претседател Александар Вучиќ на Белградскиот безбедоносен форум. На отворањето на форумот, Вучиќ заедно со […]

Романски свештеник со закани за тие што не учествуваа на референдумот


Романски свештеник се закани дека ќе ги исклучи од црквата луѓето кои не гласаа на референдумот за уставни измени за дефинирање на семејството. Референдумот се одржа во неделата, а романските гласачи беа повикани да гласаат за промена на дефиницијата на бракот во романскиот Устав од „заедница на сопружници“, како што е сега, во „заедница меѓу […]

Заев: Пратеници, време е!


Премиерот Зоран Заев денеска на неговиот официјален фб профил со пораката „Време е“ ги повика сите пратеници да ја преземат својата историска должност во однос на стратешките приоритети на земјата – членството во НАТО и ЕУ. – Сите пратеници имаат историска должност пред граѓаните да го обезбедат патот на Македонија кон стабилност и економски просперитет. Тоа […]

Ќе се пече ли ДИК трипати во шест месеци?


Со уште несредени впечатоци од референдумот, членовите на Државната изборна комисија се во исчекување дали можеби уште оваа седмица ќе треба да почнат со подготовки за спроведување предвремени парламентарни избори на 25 ноември, како прв термин што го најави премиерот Зоран Заев. Според првичните најави, доколку во наредните два дена не се постигне договор со […]

ВМРО-ДПМНЕ го оспорува референдумот со кој се гордее


ВМРО-ДПМНЕ не го признава резултатот од референдумот. ВМРО-ДПМНЕ не ги признава овие локални избори. Опозициската партија со ист коментар по завршувањето на локалните избори минатата година и резултатите од референдумот. Иако ВМРО-ДПМНЕ го прогласи референдумот за неуспешен и лидерот на партијата Христијан Мицкоски упати „длабока почит“ кон граѓаните и констатираше дека народот не го скршиле […]

СДСМ се „пресели“ пред ВМРО-ДПМНЕ: Откажете се од барањето за амнестија


Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да излезат од матрицата на Никола Груевски и јасно да кажат дали се за ЕУ и НАТО или се против. Ова денеска го изјави потпретседателот и пратеник на СДСМ Мухамед Зеќири, на прес-конференција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Во последните седмици, претставници на владејачката партија се почесто одржуваат прес-конференции […]

Избори со техничка влада, но не од 100 дена


Пораките што и вчера доаѓаа однадвор за гласање на уставните измени не допираат до политичките елити во земјава. Власта и опозицијата остануваат во своите ровови, па со секој изминат ден станува поверојатно дека наскоро повторно ќе одиме на гласање. Според нашите информации, најверојатно со техничка влада, но без 100 дена како што е пржинскиот договор. […]

Партијата на Села одлучува за избори


Алијансата на Албанците вeчерва ќе заседава во своето седиште во Тетово. Тема на состанокот е анализа на референдумските резултати и политичката ситуација во која се наоѓа земјава. Во тој контекст, се очекува партијата на Зијадин Села уште еднаш да ги охрабри партиите да ги изгласаат потребните уставни измени за да заживее договорот со Грција, но […]

Хан: Не се потребни избори, туку двотретинско мнозинство во Собранието


Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан смета дека не се потребни предвремени парламентарни избори во Македонија, туку треба да се искористи можноста и да се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието за спроведување на Договорот со Грција. Во изјава за австрискиот весник „Курир“, Хан вели дека оваа порака веќе му ја пренел на македонскиот […]

Барањата на ВМРО-ДПМНЕ за власта неприфатливи, изборите се поизвесни


Барањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои беа дефинирани на завчерашниот состанок на партискиот Извршен комитет, а потврдени на синоќешата седница на Централниот комитет за Владата се неприфатливи. Владата останува на ставот дека следните денови ќе се направат сите обиди за да се разговара со пратениците од Собранието со цел да се постигне договор за двотретинско мнозинство […]

Да не се каеме како Британците


Александра М. Митевска Не помина ниту една година кога голем процент Британци зажалија за одлуката што ја донесоа кон средината на 2016 година за отцепување од Европската Унија. Анкетите што се правеа потоа покажаа дека процентот на оние што се каат за изборот што го направиле е поголем од бројката на оние што ја одобруваат […]

Високите бројки во анкетите ја промашија целта


Недоволниот одѕив на гласачи на референдумот го доведе во прашање кредибилитетот на истражувачките агенции, кои го мереа пулсот на јавноста во пресрет на неделното изјаснување. Наместо предвидените минимум 750.000 гласачи, па сè до оптимистичните прогнози дури и за исполнување на цензусот, излезеноста на граѓаните застана на речиси 37 проценти или околу 660.000 државјани на Македонија […]

Вмровските пратеници – и на цена и под закани


Меѓу 48 члена на пратеничката група на коалицијата „За подобра Македонија“, според собраниски извори, има барем десетина – и од ВМРО-ДПМНЕ и од помалите партии – кои се расположени да гласаат за уставните измени што треба да следат по референдумот. Но во деновите пред и по референдумот, наводно, тие им се пожалиле на свои колеги […]