Сепартистите од окупираниот Херсон ќе одржат итен референдум за спојување со Русија


  Официјални лица инсталирани од Русија во регионот Херсон во Украина изјавија дека одлучиле да одржат референдум за приклучување кон Русија и побараа од Кремљ да даде дозвола што е можно поскоро, изјави во вторникот шефот на сепаратистите на регионот. Во објава на апликацијата за пораки Телеграм, Володимир Салдо, шефот на Херсон назначен од Русија, […]

Османи: За договорот со Бугарија ниту може, ниту смее да има референдум


  За Договорот со Бугарија ниту може, ниту смее да има референдум. Тој е еден од столбовите на евроатлантска Република Северна Македонија, заедно со Преспанскиот и Охридскиот договор, а еднонационални референдуми за стратешки прашања на државата се опасен преседан и тие не смеат да се случат, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. Дополнително, […]

Власта бара консензус за уставните измени, опозицијата референдум


  Отворање на Пандорината кутија, непотребно трошење во услови на криза, иницијатива со бројни аномалии. Вака власта го оценува барањето за референдум за поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија, што претседателот на Собранието Талат Џафери го отфрли како неуставно. За опозицијата, пак, референдумот е излезот од „штетниот договор со Софија“. Остануваат на ставот дека […]

Сагата за референдумот е приказна за аматеризам и силување на процедурите, вели уставниот експерт Денис Прешова


  Доцентот по уставно право на Правниот факултет во Скопје, Денис Прешова, е меѓу ретките правни експерти кои се огласи и околу иницијативата за референдумот и нејзиното одбивање од страната на претседателот на Собранието. Според Прешова, „иницијативата очигледно страда од сериозни недостатоци поради кои би било нормално да се очекува таа да биде одбиена како […]

Арсовски: Попаметно ќе беше да се оставеше референдумот да пропадне


  Како непотребен и непродуктивен политички маневар ја оцени аналитичарот Петар Арсовски одлуката на претседателот на Собранието, Талат Џафери, да го одбие барањето на ВМРО-ДПМНЕ за референдум  за поништување на договорот со Бугарија од 2017 година – со оценката дека Уставот не дозволува меѓународни договори да се менуваат со закон.  „Колку што гледам иницијативата за […]

Партијата на Путин предлага референдуми за анексија на украинските територии на 4 ноември


  Партијата Единствена Русија на Владимир Путин предлага на 4 ноември да се одржи референдум за анексија на украинските територии кои се под контрола на руските сили. „Доњецк, Луганск и многу други руски градови конечно повторно ќе го најдат своето матично пристаниште. И рускиот свет, денес поделен со формални граници, повторно ќе го најде својот […]

Мицкоски бара со референдумот да се организираат и избори


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Државната изборна комисија (ДИК) поднесе иницијатива за Референдум. Мицкоски очекува денеска во подрачните канцеларии на ДИК да бидат собрани сто потписи за таа да биде доставена до Собранието по националниот празник. Тој, како што кажа, ќе биде меѓу првите потписници во подрачната канцеларија на ДИК во Карпош, […]

ВМРО-ДПМНЕ ја почнува процедурата за референдум


  Лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски денеска напладне во Државната изборна комисија ќе достави иницијатива за одржување задолжителен референдум со прашање: Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Претседателот на државата Стево Пендаровски предупреди дека прашањето на опозицијата […]

Ковачевски: Референдумското прашање е гледање личен, партиски интерес


Неконзистентност и гледање лични, партиски интереси за задржување на функцијата, вака премиереот Димитар Ковачевски денеска одговори во врска со референдумското прашање кое, како што истакна, опозицијата веројатно ќе го достави до Собранието. -Прво, ние сме држава која почна преговори со ЕУ со чист македонски јазик, со заштитен идентитет и тоа е направено врз основа на […]

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе почне да собира потписи за референдум


 Се додека не се напушти Договорот со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени, изјави денеска на брифинг со новинарите Христијан Мицкоски, претседател на опозициската партија. Мицкоски беше дециден дека тие не се против тоа Бугарите да бидат дел од Уставот, но потенцира дека договорот е асимилаторски и треба да се напушти. ВМРО-ДПМНЕ синоќа го […]

ВМРО-ДПМНЕ го смисли референдумското прашање, се однесува на Договорот со Бугарија


  ВМРО-ДПМНЕ вечерва и официјално го почна процесот за одржување референдум откако Извршниот комитет на партијата го усвои прашањето кое ќе им биде претставено на граѓаните. Тоа има единствено врска само со Договорот за добрососедство со Бугарија склучен 2017, но не е поврзано со францускиот предлог. Прашањето гласи: „Дали сте за напуштање на важноста на […]

Потпишан указ за референдум за обединување на регионот Запорожје со Русија


Шефот на воено – цивилната администрација на областа Запорожје, Евгениј Балицки денеска изјави дека потпишал указ за одржување референдум за присоединување на овој регион кон Русија. – Потпишувам налог до Централната изборна комисија за почеток на подготовки за референдум за обединување на регионот Запорожје со Русија, информираше Балицки на форумот „Заедно со Русија“, јавија руски […]

Зеленски: Нема преговори ако Русија одржи референдуми за отцепување


Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече вчера дека преговори со Русија нема да бидат моќни ако се одржат референдуми во окупираните подрачја во неговата земја. Руските сили и нивните сепаратистички сојузници сега контролираат големи делови од територијата на Донбас, на истокот на Украина, и на југот на земјата. Тамошните надлежни влеат дека може да организираат референдуми. […]

Пендаровски предлaгa референдумско прашање: „Дали сакате да одите во ЕУ под вакви услови“


 Претседателот на државата Стево Пендаровски предлага доколку се одржи референдумот што го најавува опозицијата, тогаш референдумското прашање да гласи „Дали сакате да одите во ЕУ под вакви услови“. Пендаровски ова го изјави во интервју за неделникот „Фокус“. -Колку што разбирам, прашањето нема да биде за уставните промени, туку ќе биде за билатералниот договор со Бугарија и […]

Мицкоски најавува собирање 150 илјади потписи за референдум


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави собирање 150 илјади потписи за референдум за, како што рече „да ја собориме бугаризацијата и асимилацијата“. -Продолжуваме и понатаму да се бориме, нема застанување. Периодов кој што е пред нас, практично овие недела две планирам да излезам со предлог пред ИК на партијата да ја разгледаме можноста за референдумско […]

Шкотланѓаните поделени околу вториот референдум за независност


Според резултатите од најновата анкета на јавното мислење, шкотските гласачи се поделени околу тоа дали треба да се одржи втор референдум за независност на Шкотска во октомври 2023 година. Истражувањето, спроведено од агенцијата „Панелбејс“ (Panelbase) за весникот „Сандеј Тајмс“, покажа дека 44 отсто од гласачите изразиле противење на одржување референдум, додека 43 отсто биле за […]

Данците на референдум се изјаснија за учество во заедничката одбранбена политика на ЕУ


Три месеци по руската инвазија на Украина речиси 67 отсто од Данците се изјаснија за учество во заедничката одбранбена политика на Европската унија, покажуваат речиси целосно обработените резултати од вчера одржаниот референдум. Позитивниот исход од изјаснувањето доаѓа откако Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО, бидејќи војната во Украина поттикна неколку европски земји […]

Швајцарците гласаа за автоматско донирање органи, на референдумот се изјаснија и за Фронтекс и Нетфликс


Мнозинството гласачи во Швајцарија го поддржаа преминот кон автоматски систем за донирање органи, освен во случаите кога потенцијалниот донатор експлицитно се изјаснил против тоа пред неговата смрт, покажуваат излезните анкети по денешниот референдум. Околу 59 отсто од гласачите ја поддржаа промената, покажува анкетата на Институтот за испитување на јавното мислење gfs.bern. Промената на законот би […]

Швајцарците одлучуваат дали да се забранат тестирањата врз животни


Гласачите во Швајцарија денеска на референдум ќе одлучат дали нивната земја ќе биде првата во светот што ќе забрани тестирања врз животните. На граѓанското изјаснување ќе се разгледа и прашањето за заострувањето на контролата врз рекламирањето цигари. Кампањата, што се стреми да стави крај на сите експерименти врз глувци, стаорци и други животни, собра доволно […]

Брнабиќ задоволна од референдумот, но Вучиќ – не


  Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека референдумот за промена на уставот во областа на правдата е „најважната работа“ што ја направи актуелната влада и дека е задоволна од резултатите, наведувајќи дека бројот на граѓани кои гласале „за“ бил поголем за 400.000 од гласовите против, а соодносот е 60:40 за поддршка. Брнабиќ за ТВ Прва […]