СДСМ: Мицкоски да не се крие зад лажните вести, туку да каже јасен став


Добро е што ВМРО-ДПМНЕ ги чита и внимателно ги анализира соопштенијата на СДСМ, тоа е шанса оваа опозициска партија на научи дека кога им се обраќа на граѓаните мора да има јасен и конкретен став, изградени политики, план и визија. Особено кога станува збор за клучните прашањата за иднината на државата со највисок национален и […]

До среда ќе се знае колку ќе чини кампањата за референдумот


До среда ќе се знае колку ќе чини кампањата за претстојниот референдум. На следната владина седница, која според најавите ќе се одржи во среда, официјално ќе се одреди сумата која ќе се оддели за кампањата. Владата на последната седница ги задолжи министерствата и органите на државната управа до Министерството за финансии да достават информација за средствата коишто […]

Референдум


Дали сте за стара колекција на попуст или за нова, ама поскапа колекција? Дали сакате да бидете уникатни или веќе видено? Дали сакате шопинг на раат, во тишина, со клима, насмеани муштерии и продавачи, празен гардеробер, слободна каса, средена облека во сите броеви на закачалка или турканица без воздух, нервозни муштерии и продавачи, џагор на […]

Шекеринска: Одбрана дава милион евра за референдумот


Министерството за одбрана ќе стави на располагање нешто помалку од 60 милиони денари за кампањата за претстојниот референдум за договорот меѓу Македонија и Грција, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска на Отворениот ден на АРМ за граѓаните по повод Денот на Армијата на Република Македонија – 18 Август. – Министерството за одбрана е едно од […]

Во кампот „против“ нема кој да земе пари за кампања


Додека од владата и вчера пристигнуваа пораки да се излезе на претстојниот референдум и да се поддржи договорот со Грција за името, опозицијата и натаму тактизира. Според најавите, четврточната седница на извршниот комитет помина во расправа за тековни теми врзани со економско-политичката состојба во земјата, додека најжешкото прашање е оставено за следните недели. Претседателот на […]

Во ВМРО-ДПМНЕ и гласови „за“ договорот со Грција


Теми врзани со тековната економско-политичка состојба беа предмет на расправа на вчерашната седница на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Прашањето околу референдумот не беше отворено ниту на оваа седница. Извори од врвот на партијата признаваат дека за претстојното изјаснување околу договорот за името со Грција, всушност, не било расправано ниту еднаш досега во високите партиски тела. […]

Се кршат копјата околу кампањата за референдумот


Кампањата за референдумот, која ќе се финансира од буџетот, е вовед во озаконување на финансирањето на политичката пропаганда со јавни пари. Ова е реакцијата на претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани, по одлуката на Владата, кампањата за референдумот да се води со пари на граѓаните. Медиумските експерти толкуваат дека со овој потег […]

Седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, референдумот ќе почека


Седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е закажана за утревечер во седиштето на партијата, но, на неа, не се очекува расправа околу (не)учеството на престојниот референдум за договорот со Грција околу името. Според нашите сознанија, на маса ќе се стават тековните обврски и случувања, поврзани пред се со „Работното лето“ на опозицијата, планираните активности, како […]

Маричиќ: Ќе ги убедуваме граѓаните дека мора да излезат на референдумот


По завршување на летните одмори, кампањата ќе биде интензивирана и ќе се користат сите достапни методи, во согласност со Законот за референдум и дефинираниот јавен интерес, најави Бојан Маричиќ, посебен советник за евро-атлантски интеграции во Владата на Република Македонија. „Целта на кампањата ќе биде да ги информира граѓаните за Договорот, меѓутоа и за придобивките од […]

Опозициското „работно лето“ замина на годишен одмор


Случувањата околу лидерските средби, закажаниот референдум без постигнат договор меѓу партиите, илинденските празници, летните одмори, но и внатрешните рововски битки го „оладија“ планираното „работно лето“ на ВМРО-ДПМНЕ. Кога на 15 јули од плоштадот во Кавадарци, лидерот Христијан Мицкоски се закани дека ќе расчисти со криминалите на премиерот Зоран Заев, никој не претпоставуваше оти триесетина дена […]

СДСМ чека ВМРО-ДПМНЕ да каже „да“ или „не“


  Политички жешка завршница на летото ја очекува Македонија поради есенскиот референдум за името, а особено поради тактизирањата на опозицијата да го каже нејзиниот став во однос на поставеното прашање. Веќе следната недела ќе почне да се загрева кампањата, иако нејзиниот официјалниот старт е на 10 септември. Повеќето владини функционери се вратија од одмор и […]

Референдумот најактуелен кај иселениците во Швајцарија и Австрија


Македонските иселеници во Швајцарија и Австрија до сега најзаинтересирани за гласање на претстојниот референдум. До вчера, како што соопшти Државната изборна комисија, во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство се доставени вкупно 251 пријава од граѓани за гласање, сите преку веб апликацијата на ДИК, dijaspora.se​c.mk. Најголем број пријави се поднесени за гласање во Берн […]

Референдумот ќе ја отслика и ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски ќе одлучува до последен миг


Раководството на ВМРО-ДПМНЕ, според партиски извори, е во постојани консултации со членството и со експерти околу настапот на партијата во текот на референдумската кампања. Сепак, во наредните десетина дена не се очекува опозициската партија да излезе со конкретен став околу тоа каква порака ќе им испрати на своите поддржувачи околу (не)учеството на референдумот. Одлуката за […]

Од утре проверете дали ве има во Избирачкиот список за референдумот


Од утре (9 август) почнува проверката на податоците во Избирачкиот список за спроведување на референдумот на 30 септември. Увидот ќе трае до 23 август 2018 година до 24:00 часот. ДИК ги повика граѓаните да ги проверат податоците во Избирачкиот список, и доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците во […]

Анкета: 41,5% ќе гласаат ЗА на референдумот, 35,1% Против


На претстојниот референдум поголемиот број гласачи ќе го заокружи зборчето „за“. На прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на Договорот меѓу Македонија и Грција“, потврдно би одговориле 41,5 одсто, против би биле 35,1 одсто, нема да гласаат 12,4 одсто, не знаат 9,2 одсто, а 1,9 одсто одбиле да одговорат на […]

Да ја преземеме одговорноста!


Костадин Богданов     07 април 1993 година: Советот за безбедност при Обединетите Нации: – Забележува дека постои разлика околу името на државата, разлика која мора да се реши во интерес на одржување на мирни добрососедски односи во регионот – Му препорачува на Генералното собрание при ОН да ја прими во членство државата, чие барање е заведено како документ S/25147….”   […]

Продолжен рокот за ценовници за медиумско претставување


Државната изборна комисија (ДИК) во понеделник ќе изврши измена на роковникот со кое рокот за поднесување на ценовниците за медиумско претставување поврзано со референдумот ќе се продолжи до 7 август. ДИК во соопштение појаснува дека само овластениот предлагач, во случајов Собранието, има привилегиран пристап до услугите кои ги обезбедуват радиодифузерите, печатените медиуми и електронските  медиуми (интернет […]

Разногласие во ВМРО-ДПМНЕ – и за референдумот


Разногласие за претстојниот референдум владее во највисоките кругови на ВМРО-ДПМНЕ. Партиските функционери се поделени во ставовите дали треба да се бојкотира изјаснувањето на граѓаните или да се излезе и да се гласа „не“ на поставеното прашање, како што има и размислувања дека треба да се даде позитивен одговор во име на интеграцијата на Македонија во […]

Граѓаните на референдумот ќе кажат „да“ за Договорот со Грција


СДСМ, како одговорна и државотворна партија заедно со сите политички чинители кои се определени за напредок на Македонија, овозможи последниот збор за Договорот со Грција да го имаат граѓаните. На 30 септември, на демократски и непосреден референдум, граѓаните ќе имаат историска можност директно да одлучуваат за сопствената и за иднината на државата, соопштија од СДСМ. „Се […]

Хан ги повика граѓаните да гласаат на референдумот


Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на својот профил на Твитер синоќа ја поздрави одлуката на Собранието да го одржи референдумот за Договорот со Грција на 30 септември. – ЕУ го поддржува овој договор и неговата имплементација како симбол на помирување и добрососедски односи во регионот. Ги повикувам сите граѓани на Македонија да го искористат своето […]