Седумдесет и еден пратеник ќе учествуваат во кампањата „За“ референдумот


Пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ДПА, Алијансата на Албанците, Беса, како и двајца независни пратеници или 71 пратеник, до претседателот на Собранието,Талат Џафери, испратија допис со кој го информираат дека нивните пратеници ќе земат активно учество во јавната кампања за референдумот на државно ниво, кој ќе се одржи на 30-ти септември 2018-та година и дека […]

OБСЕ/ОДИХР ќе го следи референдумот со 270 набљудувачи


Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров денеска имаше средба со амбасадорот Јан Петерсен, шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, кој го информираше како оваа меѓународна организација ќе го следи референдумот на 30 септември годинава. Амбасадорот Петерсен, како што соопшти МНР, ги пренел основните информации за оваа мисија на ОБСЕ/ОДИХР и информирал и […]

В среда ќе се знае колку партии ќе учествуваат во кампањата за референдумот


Во среда најверојатно ќе биде познато која пратеничка група колку средства ќе добие за кампањата за референдумот за 30 септември. Како што појаснуваат од собраниските служби, пратеничките групи и пратениците поединечно нема да добијат средства на рака, туку кампањата ќе биде реализирана преку закуп на простор во соодветни медиуми пропорционално според бројот на пратеници во […]

Партијата на Села ќе го поддржи референдумот


Првиот човек на Алијанса за Албанците, Зијадин Села по двочасовниот разговори на централното собрание на партијата, рече дека донеле одлука да го поддржат референдумот, закажан за 30 септември. „Доколку им одговара оваа наша агенда да говориме за досегашното сработено на Владата и албанските партнери, тогаш можеме да седнеме на заедничка маса за спроведување на кампањата. […]

Шефот на албанската дипломатија посакува успешен референдум


Албанскиот министер за надворешни работи и за Европа Дитмир Бушати, во интервју за тиранскиот весник „Панорама“ посакува успешен референдум на 30 септември што, според него, е „шанса за напредок на земјата“. Посочи дека Албанија березервно го подржувала дијалогот меѓу Атина и Скопје, а истовремено поттикнала кохезија на албанскиот политички фактор за да биде протагонист во […]

ДУИ стагнира на референдумската сцена


Високите партиски функционери на ДУИ и членови на Владата од оваа партија практично исчезнаа од просторот за јавна пропаганда за референдумот, наспроти сѐ посилно манифестираната поддршка што доаѓа од нивниот коалициски партнер СДСМ. Десетина дена трае „мртвиот период“ на интегративците, поточно од одбележувањето на 17-годишнината од Охридскиот рамковен договор, кога лидерот Али Ахмети и вицепремиерот […]

ВМРО-ДПМНЕ да се изјасни до среда каква пропаганда ќе води


Ако до среда не одговори на писмото на спикерот на Собранието, Талат Џафери, за тоа каква јавна пропаганда ќе води за референдумот – пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане без пари, вели потпретседателот на Собранието и член на координативното тело за референдумот, Горан Мисовски за „Независен весник“. Рокот што им го даде Џафери на пратеничките […]

Мицкоски откри дека ВМРО нема да бојкотира


Во само неколку минути телевизиско интервју лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги фрли во вода поддржувачите и бојкотирачите на референдумот за името. Едните ги нарече статистичка грешка, а вторите ги измеша со фекалии. Предизвика низа реакции поради што од партијата дообјаснуваат оти идејата била поинаква, односно дека претседателот, анализирајќи ги резултатите што ги добива партијата […]

Интервју со Костадин Богданов: ВМРО-ДПМНЕ не треба да го бојкотира референдумот


Костадин Богданов од реформаторското крило на ВМРО-ДПМНЕ и член на извршниот комитет на партијата, смета дека некој што десетина години се залагал за референдум околу договореното за името не смее сега да се затскрива зад народот. Тој објаснува дека доколку некој е против не е патриотски да седи дома и да им остави простор на […]

Милошоски не го чека ВМРО-ДПМНЕ: Побара пари за бојкот


И пред да го слушне ставот на политичката група на која што и припаѓа, пратеникот Антониот Милошоски побара пари од Собранието за својата кампања за бојкотирање на референдумот. Во соопштение до собраниските служби, тој ги известува дека е против референдумското прашање, а бојкотот е загарантирана демократска опција. За јавна кампања, без оглед каков став застапуваат, […]

ВМРО-ДПМНЕ нема став, ама сака пари


Многу непознати остануваат да лебдат и по одлуката на Владата да му додели 1,3 милион евра на Собранието како овластен предлагач за кампања за референдумот. Кој ќе биде видот на јавната пропаганда на парламентарците, како таа концептуално ќе се изведе, ќе ги искористат ли сите повластени цени кои Собранието ги добива како овластен предлагач – […]

Буџетски пари и за противниците на референдумот


Владата ќе даде 80 милиони денари, или 1,3 милион евра, за медиумско претставување на Собранието околу референдумот. Како што соопшти министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, таа останува доследна на ставот дека нема да троши јавни пари за каква било кампања, вклучувајќи го и плебисцитарното изјаснување за договорот со Грција. Во таа насока, […]

Спасовски: Постојат сили кои сакаат референдумот да не успее, но тие се минорни


„Во пресрет на референдумот ситуацијата во земјата е стабилна, институциите функционираат, иако постојат сили кои гледаат шанса, преку нарушување на безбедноста, да остварат некакви свои цели, да се спротивстават на нашето членство во НАТО и во Европската унија“, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за МИА, и констатира дека, сепак, тоа се минорни […]

Завршува јавниот увид и пријавувањето на иселениците за референдумот


Јавниот увид во Избирачкиот список и пријавувањето на иселениците за гласањето на референдумот на 30 септември завршува вечер на полноќ. До вчера напладне беа пријавени вкупно 2.060 пријави граѓани за гласање во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.  Како што соопшти ДИК, од пријавите, 2019 се прифатени, 38 се одбиени, а останатите пријави се во обработка. Најголем број пријави […]

Утврден буџетот за кампањата – ќе ја водат Собранието и Владата


Буџетот за кампањата за претстојниот референдум е веќе утврден и е проектиран на 80 милиони денари кои ќе му бидат ставени на располагање на Собранието како предлагач на референдумот. Средствата ќе се обезбедат од тековната буџетска резерва, а доколку на крајот од кампањата има непотрошени средства, тие ќе бидат вратени во Буџетот. Вчера, првите луѓе […]

Собранието ќе го гради ставот за кампањата за референдумот


Првата средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со потпретседателите, координаторите на пратеничките групи и претставникот на Владата по одморите е најавена за денеска претпладне. Според најавите, во фокусот ќе биде референдумот закажан за 30 септември и неговата кампања. Јавноста очекува одговори дали и како пратениците и пратеничките групи ќе учествуваат во кампањата (јавна пропаганда) […]

Слоган за кампањата: Во ЕУ ЗА


На својот профил на „Фејсбук“, премиерот Зоран Заев го откри слоганот под кој ќе оди кампањата на власта за поддршка на референдумот и договорот за името со Грција. Под мотото „Во ЕУ ЗА“ од граѓаните се бара да го заокружат одговорот што ќе ја внесе Македонија во ЕУ и во НАТО. „Македонскиот јазик ќе биде […]

Заев на ФБ: Македонскиот јазик ќе биде официјален во комуникацијата со државите од ЕУ


Македонскиот јазик ќе биде официјален во Унија од 500 милиони жители, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот официјален Фејбук профил во пресрет на информативната кампања и референдумот за договорот со Грција и зачленувањето во НАТО и ЕУ. Премиерот Заев нагласува дека со зачленувањето во ЕУ, сите официјални комуникации меѓу Македонија и земјите членки на Европската […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се уште нема став за едно од најважните прашања во историјата на Македонија


ЕУ и НАТО значат владеење по правила, ред и закон, дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против тоа и затоа не се изјаснуваат за референдумот? На 40 денови до референдумот на кој граѓаните ќе одлучат за иднината, само ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште немаат јасен став за едно од најважните прашања во историјата на независна Македонија, […]

Се дефинира кој, како и со колку пари ќе ја води рефрендумската кампања


Министерствата и органите на државната управа до утре треба да достават информации за средствата кои ги имаат на располагање за референдумот, а Владата на седница да ја одреди сумата што ќе се одвои за кампања. Планирањето на кампањата е во тек, информациите се собираат и се дефинираат деталите за концептот. Некои од институциите веќе доставуваат […]