За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена


Епидемијата на труење со храна на 38 работници во прилепска фабрика што не заврши фатално, се случила на крајот на мај, а Центарот за јавно здравје дознал од анонимна дојава по шест дена што оневозможило да се пронајде изворот на масовното труење. Со сигурност само се утврдило дека причинител била бактеријата салмонела. Во Прилеп во […]

Пет прилепчани нападнале полицајци во угостителски објект


Битолската полиција поднесе кривични пријави против петмина прилепчани поради напад врз полициски службеници. „СВР Битола поднесе кривична пријава против А.С.(22), Д.М.(25), А.М.(18), К.Р.(22) и М.М.(48), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 14.06.2025 во угостителски објект во нас.Точила, прилепско, тие […]

Прилепските археолози ги доистражуваат уникатините камени гробници на Маркови Кули, не се знае уште колку ги има


Пет нови камени гробници во карпа дооткрија археолозите од прилепскиот Завод и музеј при заштитните архелошки истражувања на локалитетот „Крклари“ во комплексот Маркови Кули над Прилеп. Тие се од владеењето на македонските кралеви Филип Петти и Персеј од првиот и вториот век од нашата ера од хелинистичкиот период. Според археологот, козерватор Владимир Крстески, овој тип […]

Почнува 59. МТФ „Војдан Чернодрински“: Прилеп е единственото место за достојно да се слави театарската уметност


Со претставата „12“, во режија на Синиша Евтимов, на Македонскиот народен театар, вечерва во 20 часот во големата сала на Центарот за културата „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворено 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Голем интерес за фестивалот покажува прилепската публика и годинава, што се докажува и со фактот дека неколку […]

ЈП за Државни патишта: Градежните работи на патот Прилеп-Крушево ќе завршат до 25 мај


Инвеститорот на градежните работи на регионалниот пат Прилеп-Крушево бара трпение од локалното население, зашто градежните работи на делницата на патот ќе завршат до 25 мај и тој повторно ќе биде ставен во функција. Ова по протестите на жителите и блокадата на натот кои бараат друго, прифатливо решение за да не се блокира, како што велат, […]

Поради протест, блокиран сообраќајот во двата правца на патот Прилеп-Крушево


Во 08.50 часот започнат е јавен собир на регионалниот пат Прилеп-Крушево кај село Врбјани, Општина Кривогаштани, информираа од АМСМ. – Граѓани протестираат поради изведување на градежни работи на патот со кои треба да се руши мост поради што во овој период ќе им се отежни работата на земјоделците. Од 09:10 часот сообраќајот е блокиран во […]

Во Прилеп амбулантно возило ќе работи како мобилна клиника за ромската заедница


Прилепската болница доби донација амбулантно возило за давање здравствени услуги за потребите на ромската заедница во градот. Возилото е донација од невладините „Целим“ од Милано, Ромскиот ресурсен центар од Скопје и „Рома Перспектив“ од Прилеп, а финансирано од Европската Унија. Донацијата на возилото е една од активностите во рамки на проектот за обезбедување подобри услови […]

СДСМ Прилеп: На два месеца пред одржувањето на „Војдан Чернодрински“ – Прилеп без театарски сали


По одлуката да се затвори објектот на театарот во Прилеп, поради небезбедни услови за работа, иста одлука имаше и за киното и салата во Центарот за култура „Марко Цепенков“, а денеска од СДСМ реагираат дека за тоа виновен е „срамниот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон прилепчани“. – Прилеп, градот на културата и на театарската уметност кој […]

Најмногу дожд во Прилеп 27 литри на квадрат, ќе врне и денеска


 Најмногу дожд во изминатото денноноќи наврна во Прилеп 27 литри на метар квадратен, во Маврово 15, Струмица 14, Берово 12, а пет литри во Скопје, соопшти УХМР. Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 15 л/м2). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната […]

По контролите, кафанџиите во Прилеп ги потсобраа масите од тротоарите – училиштата и градинките се безбедни


По проверките на јавните објекти, но и контролите во угостителските објекти во Прилеп, се покажа дека градинките и училитата се безбедни, а угостителите мораа да ги потсоберат масите распослани по тротоарите и плоштадот, онолку колку што им е дозволено по елаборат, информира градоначалникот Борче Јовчески.    Во изминатиот период беа спроведени засилени инспекциски надзори во […]

Нема повеќе „количиња“ зад Участакот во Прилеп – детско игралиште е планирано со унгарските пари


Локалната самоуправа на Општина Прилеп е подготвена за реализација на нови капитални проекти, кои треба да ги реализира со парите од вториот повик на Владата за унгарскиот кредит. Во рамките на Јавниот повик објавен од Министерството за локална самоуправа, поднеле 11  значајни проекти, кои ќе бидат финансирани со поддршка на Владата. Ова се проекти од […]

По вчерашното пукање во Прилеп: истрага за обид за убиство и недозволено држење оружје


Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 50-годишен прилепчанец, бидејќи како што соопштија од таму, постои основано сoмнение дека тој сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, како и – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување […]

Пукањето во прилепскиот Центар за социјални работи е голема траума со последици, мирен собир на вработените


Ранетата социјална работничка при вчерашното пукање во прилепскиот Центар за социјални работи е во стабилна состојба и закрепнува, информираат од прилепската Општа болница. Според директорот на Центарот, Зоран Малкоски, дел од вработените побарале медицинска помош по трауматскиот настан со пукањето вчера околу 14 часот во просториите на Центарот. Малкоски, во чија канцеларија осомничениот се заканувал […]

Од психијатриска установа избегал напаѓачот што ја застрела социјалната работничка во Прилеп


Социјалната работничка која беше застрелана во Прилеп е повредена и е вон животна опасност, информираше Јавното обвинителство. Дежурен јавен обвинител извршил увид на самото место. Напаѓачот подолго време ја демнел жртвата, а имал избегано од психијатриска институција, соопшто Јавното обвинителство. „Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во простории […]

Пукање во Прилеп, ранета службеничка на Центарот за социјални работи


Денеска околу 14 часот пред Центарот за социјална работа Прилеп, засега непознато машко лице испукално неколку куршуми од огнено оружје. Во пуктотницата со прострелна рана се здобила М.Ѓ. (36) од Прилеп, вработена во институцијата. Маркукуле дознава дека повредената се здобила со влезно-излезна рана во десниот дел од градниот кош. М.Ѓ. е примена во градската болница […]

Учениците од Дрвното училиште во Прилеп засадија 59 дрвца за жртвите од Кочани


Денеска, во прилепското средно училиште „Ѓорче Петров“, во склоп на кое е шумарско-дрвопреработувачката струка, во училишниот двор засадија 59 дрвца, во чест на жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани.    „Во тивките моменти на размислување, се наоѓаме себеси како жалиме за младите животи кои прерано згаснаа во траорната трагедија во Кочани која нема да […]

Мирен собир во Прилеп „Бараме одговори и одговорност“


Под парола „Бараме одговори и одговорност“, напладне пред параклисот „Свети Никола“ во центарот на Прилеп се одржа мирен собир. Граѓани, средношколци, студенти со тага и молкум палеа свеќи пред параклисот во спомен на загинатите во огромната трагедија во Кочани. Беше отворена и книга на жалост. Меѓу младите се појавија и транспаренти со кои ги изразуваа […]

Поради несреќа на патот Битола – Прилеп, сообраќајот е пренасочен


 Поради случена сообраќајна незгода на магистралниот пат А3 Битола – Прилеп сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат. Како што информираат од Автомот сојузот на Македонија, сообраќајот се пренасочува на регионалниот пат од 12.10 часот. Две жртви и едно тешко повредено лице во сообраќајка на влезот во Битола Две лица загинаа, а едно лице е тешко […]

Во Прилеп ќе биде обновена Универзалната сала, ќе ја уреди и користи фирмата „Комфи Ангел“


Прилеп ќе ја добие во функција спортската сала, Универзалната, што ќе биде прва сала по подолго време, откако фирмата „Комфи Ангел“ која пројави интерес да ја реконструира и да ја земе на користење, се договори со ПУИГ, изјави во Прилеп министерот за спорт Борко Ристовски. Тој денеска пригодно го пушти во употреба реконструираното спортско игралиште […]

Откриени повеќе неправилности кај маркетите, наредна недела ќе има казни и затворања


Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денес од Прилеп посочи дека тимовите на Пазарниот инспекторат констатирале повеќе неправилности при контролите во маркетите кај трговците на мало, а може да има и казни со затворање маркети. На теренот се 50-тина тимови на Пазарниот инспекторат. Се контролираат маркети, аптеки, тобако-трафики, секаде каде се продава на мало. […]