Во Прилеп се одржа Божикен ручек за 500 деца


Околу 500 деца од речиси цела Македонија денеска во Прилеп седнаа на заедничкиот, традиционален, Божикен ручек. Насмевки, радост од заедништвото и многу желби и пораки испратија најмладите кои се и во симболиката на празнувањето на Христовото раѓање. -Убаво е да се дружиме со децата. Во новата година јас посакувам многу здравје, среќа и љубов и […]

Главниот благајник во болницата во Прилеп си присвоил 250.000 евра


Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против Д.К. во својство на службено лице при ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Проневера во службата“ од член 354 ст.3 в.в. со член 45 од КЗ на РСМ, соопшти Финансиската […]

Без попис, без евиденција и на ДЗР му било тешко да се снајде во сметководствените лавиринти на прилепската болница


Прилепската болница „Борка Талески“ потрошила средства без почитување на релевантната законска регулатива, особено во спроведувањето на јавните набавки со неправилности во благајничкото работење, односно при располагање со средствата во готово, утврдил Државниот завод за ревизија со ревизијата направена за 2024 година.   Државниот завод во извештајот изразил неповолни мислења во однос на вистинитоста и објективноста […]

Во Прилеп подарени 250 книги


колу 250 книги од различни жанрови им подари денеска на прилепчани во центарот на градот здружението за образование, култура и уметност „ЗОКУМ“ од Прилеп. Книгите ги подаруваа од Здружението и учениците од основните училишта „Кире Гаврилоски-Јане“ и „Климент Охридски“ а по повод месецот на книгата – од 15 октомври до 15 ноември. Акција на подарување […]

По 5 часа, Прилеп доби струја


Прекинот со напојување на електрична енергија кај Прилеп и околните села е саниран во 00.49 часот. Моментално нема прекин со снабдувањето на електрична енергија. Поради дефект вчера, цел Прилеп беше во мрак 5 часа. Од ЕВН Македонија дополнително појаснија дека дефектот не бил во нивната дистрибутивна мрежа, туку на високонапонскиот преносен систем на МЕПСО, кој […]

Во Прилеп лишени од слобода две лица поради „поткуп при избори и гласање“


Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, изјави на прес-конференција портпаролот на МВР, Гоце Андреевски. […]

Прилепчани конечно ќе може да се родат во Прилеп – сега уште да се вработат 124 потребни медицински лица


Министерот за здравство Азир Алиу, заедно со заменик министерот Јовица Андовски, денеска ја посетија Општата болница во Прилеп по повод промоција на нова медицинска опрема, во вредност над 50 милиони денари.   -Со новата медицинска опрема се зајакнуваат капацитетите на оваа јавна здравствена установа. Поголем дел од опремата е наменет за Одделението за гинекологија и […]

Виктор Спасески победник на „Поетски слем Македонија“


Слем-поетот Виктор Спасески од Прилеп е победник на годинешното издание на „Поетски слем Македонија“, кое од 9 до 12 октомври по 15. пат се одржува во Прилеп. За првпат на финалната вечер имаше тројца пласирани со ист број поени, па слем-поетите мораа да настапат уште еднаш за жири-комисијата одново да гласа. Горазд Китановки – Кени […]

Нова победа за ракометарите на Прилеп


 Ракометарите на Прилеп ја остварија третата победа во шампионатот. Тие вечерва во првиот дуел од 6.коло од Супер лигата на домашен терен ја совладаа Струга со 34:27. Првиот дел беше неизвесен до 20.минута кога домаќинот водеше со 12:11, а потоа следуваше серија од 6-0 за Прилеп со што беше најавена победата. Во вториот дел домашната […]

Стотици средношколци што учат во Прилеп од други општини, не одат во училиште – немаат превоз!


Стотици средношколци од општините Долнени, Крушево и Кривогаштани кои учат во Прилеп се спречени да одат на училиште зашто не им е организиран задолжителниот бесплатен училиштен превоз. Обврската е на Општина Прилеп, каде што овие ученици се запишани во средните училишта, а постапката за избор на превозник била обжалена. Додека траат формалните процедури, кои не […]

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод


Сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода кај с.Мажучиште, Прилеп, од 17:45 часот целосно е пуштен, информираат од АМСМ. Поради сообраќајна незгода сообраќајот на овој патен правец сообраќајот беше во прекин од 14:35 часот и возилата се пренасочуваа преку алтернативен земјен пат.

Поради сообраќајна незгода во прекин сообраќајот на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод


 Поради сообраќајна незгода во прекин денеска од 14:35 часот е сообраќајот на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, кај село Мажучиште. Патниот сообраќај, ккао што информираат од АМСМ, се пренасочува преку алтернативен земјен пат.

Монументалниот Иконостас од прилепската црква „Свето Благовештение“ доби конструктивно зајакнување и стабилизирање


Конечно е зацврстен и стабилизиран монументалниот Иконостас во прилепската црква „Свето Благовештение“, стар 187 години, колку и црквата, ремек дело на тајфата на Петре Гарката. Со димензии од 16 на 7 метри е најголем од трите најимпозантни иконостаси, заедно со оние во манастирот „Свети Бигорски“ и во скопската црква „Свети Спас“. Во петтата година откако […]

МВР со детали за пукањето во Прилеп кај болницата – приведени 13 лица


„Околу 12.00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека пред Градската општа болница ,,Борка Талески“ во Прилеп настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица, кои употребиле дрвени и други предмети. На местото се испратени полициски службеници, но лицата не постапиле по нивните наредби да престанат, по што еден од нив испукал неколку истрели во воздух од […]

(Видео) Врие од полиција кај болницата во Прилеп: Две групи се пресметувале со оружје


Врие од припадници на МВР во дворот и околу прилепската болница, откако две поголеми групи во близина на болницата се обиделе да се пресметаат. Лицата неофицијално биле наоружани со огнено и ладно оружје, а засега не се познати причините за настанатиот инцидент, пишува прилепскиот портал „Маркукуле“. Полицијата во моментов трага по инволвираните лица… Очекувајте повеќе […]

Со четирицикл прегазил двајца од Прилеп


Двајца пешаци од Прилеп се здобиле со тешки телесни повреди, а уште две лица со полесни, во тешка сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи на регионалниот пат Меџитлија – Старавина. Според информациите од СВР Битола, несреќата се случила околу 16:25 часот, кога четирицикл со битолски регистарски ознаки, управуван од 36-годишниот Н.Ј. од општина Новаци, удрил […]

Обиколницата кај Прилеп ќе биде целосно затворена од 3 август, ќе се поминува низ градот


Дел од патот Градско – Прилеп целосно ќе биде затворен за сообраќај од 3 август, информираат денеска од Јавното претпријатие „Македонијапат“. – Поради изведување градежни активности на Вијадукт на Сарачки дол кој се наоѓа на државниот пат А1 Градско – Прилеп, обиколница на градот Прилеп, државниот пат – од раскрсница кај бензинска станица „Лукоил“ до […]

Осуден вработен во прилепската болница, си присвоил околу 35.000 евра


Управата за финансиска полиција ја информира јавноста дека Основниот суд во Прилеп донесе правосилна пресуда против службено лице од ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ – Прилеп, за сторено кривично дело Проневера во службата, согласно член 354 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. […]

Прилепската болница вработува 124 лица, досега ангажирани со договор на дело


Во прилепската болница ќе се вработат 124 лица, медицински персонал кои досега работеа со договор на дело. Болницата доби согласност за нивното вработување од Министерството за финансии. Меѓу нив се и 21 општ лекар. Според првиот човек на прилепската болница, Кире Јоноски со ова во голем дел се надминува проблемот со медицинскиот персонал и значи […]

Интензивно се работи на автопатот Прилеп-Битола, но тешко да се запази рокот до 2027 година


Интензивно се работи на израдбата на автопатот Прилеп-Битола. Не може конкретно да се каже дали ќе биде готов до предвидениот рок, 2027 година, но недвосмилено ќе донесе голем бенефит за околу 200.000 жители од Пелагонискиот регион. Ова беше нагласено на денешниот теренски увид на работите на автопатот кој е од коридорот 10 на тројцата градоначалници, […]