Повеќе од 12 милиони евра се инвестираат во Општина Прилеп за капитални проекти


Имаме повеќе од 1.200 градилишта коишто се резултат на проектот за децентрализација на средства од централниот буџет кон општините – информира денеска премиерот Христијан Мицкоски при посетата на општина Прилеп.  Мицкоски посочи дека во Прилеп за капитални проекти се инвестираат 12 милиони евра, потенцирајќи дека посакува нивната реалзирација да биде во зададените рокови.    – […]

Во Прилеп почнуваат одбележувањата на 25-годишнината од Карпалак


Со поклон и положување цвеќе пред спомен обележјето во прилепската касарна „Мирче Ацев“, вечер од 18 часот почнуваат чествувањата по повод 25-годишнината од „Карпалак“ каде во заседа на армискиоот конвој на патот Скопје-Тетово беа убиени 10-те прилепски бранители. Чествувањата во спомен на: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко […]

Пожарникарите сѐ уште се справуваат со пожарот над Прилеп, засега Трескавец не е во опасност


Голем пожар избувнал вчера попладне во местото викано Заград кај Прилеп, при што биле зафатени сува трева, викенд-куќа и околу 25 декари земјиште засадено со лешници. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 26 јули во 16:16 часот во ОВР Прилеп. На местото интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, […]

Службеник од Агенцијата за вработување во Прилеп барал и земал поткуп за да не укинат социјалната помош


Со месеци барал и земал пари од сиромашен граѓанин за да не му ја укине социјалната помош – чиновничка тешка злоупотреба на службената положба беше разоткриена во Прилеп. Жртвата била 47-годишен невработен прилепчанец и примател на социјална помош, кој поради нарушено здравје морал да одбие понудено работно место во фабрика во Битола. Наместо да ги […]

Прилепчани пијат исправна и квалитетна вода


Водата во Прилеп е бактериолошки исправна и нема никаков проблем, потврдуваат од прилепскиот Центар за јавно здравје и од ЈП „Водовод и канализација“ од Прилеп. Од почетокот на јули досега, Центарот за јавно здравје кој секојдневно прави анализи на водата за пиење во Прилеп, се земени 55 примероци на вода за пиење од градскиот водовод, […]

Прилеп два дена без вода на 35 степени Целзиусови


Дел од Прилеп на 14 и 15 јули ќе има нарушено водоснабдување поради голем дефект на примарната водоводна линија на улицата „Леце Котески“. Екипите на ЈКП „Водовод и канализација“ работат на санација, но поради обемот и сложеноста на интервенцијата, нормализирањето на снабдувањето не се очекува веднаш. Дефектот настанал во раните утрински часови во понеделникот, кога […]

Словенец уапсен во Прилеп: Го симнал општинското знаме и го запалил


Полициски службеници од ОВР Прилеп ноќеска лишиле од слобода 43-годишен државјанин на Словенија. Како што информираат од МВР, 43-годишниот Словенец го симнал и го запалил знамето на Општина Прилеп. Од МВР додаваат дека инцидентот се случил во 01:05 часот пред зградата на Општина Прилеп. „На 11.07.2026 во 01:05 часот полициски службеници од ОВР Прилеп пред општинската зграда […]

Стрелачки клуб од Прилеп продавал оружје на лица без дозволи, а поседувал и оружје без дозвола


ОВР Прилеп, во координација со Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал, реализираше случај поврзан со недозволена трговија со оружје сторена од стрелачки клуб од Прилеп. На 6 мај 2026 година до Основното јавно обвинителство Прилеп е поднесена кривична пријава против управителот К.Ч.(43) од Прилеп, ракувачот […]

Прилеп и Битола од јуни ќе се поврзат со градски воз


Поради изградбата на автопатот Прилеп-Битола, овие два града се потполно одделени со месеци, па затоа надлежните планираат да воведат градски воз, што би собраќал до индустриската зона „Жабени“ и тоа за 150 денари повратна карта. Во моментов се користи стариот пат Прилеп – Битола, којшто е со полмал проток, поради изградбата на автопатот, која треба […]

Општина Прилеп спроведува присилна наплата на неплатениот данок на имот и комунална такса


Од почетокот на март Општина Прилеп почна да ја спроведува непопуларната мерка за присилна наплата на неплатениот данок на имот и комунална такса. Причина за ваквата постапка е тоа што значителен број даночни обврзници, и покрај досегашните повици за подмирување на даночните обврски, сѐ уште не ги подмириле своите обврски за 2025 година, пишува Локал […]

Прилеп по 13-ти пат домаќин на најпознатиот планински маратон „Крали Марко Триалс“


На настанот ќе учествуваат околу 300 натпреварувачи од Македонија и уште 17 држави, кои ќе се натпреваруваат на три различни дистанци: најдолга трка од 40 километри, средна од 23 километри и најкратка од 13 километри. Овој спортско‑рекреативен настан стана традиција и важи за еден од најзначајните во регионот, не само поради бројот на учесниците, туку […]

Прилеп ја продолжува соработката со Европската Унија за проекти за развојот на градот


Денес советниците од Советот на Општина Прилеп остварија средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Михалис Рокас.   На средбата се разговараше за актуелната состојба во Прилеп, за одлуките кои Советот ги има донесено во изминатиот период, како и за можностите и поддршката што Европската Униија ја обезбедува преку европските фондови за реализација […]

Прилепчанец набавил фалс свидетелство, за да полага за возачка


Снаодлив 49-годишен прилепчанец, Н.А., е обвинет за фалсификување документи, откако полицијата открила дека изработил лажно свидетелство за завршено основно образование. Според информациите од МВР, тој наводно имал намера со фалсификатот да се запише во авто-школа и да полага возачки испит, иако реално завршил само четврто одделение. Случајот излегол на виделина во септември 2025 година, кога […]

Со детскиот карневал, во Прилеп почнаа карневалските свечености за „Прочка 2026“


Со преку 200 учесници на детскиот карневал, почнаа карневалските свечености во Прилеп за Прочка. Учениците од прилепските училишта ги покажаа своите креации. -Ние сме околу 70 учесници и претставуваме весела фарма. Имаме јагниња, млекарки, чувари, па дури и лош волк од кого бегаме. На маската работевме две недели, вели ученичката Анастасија Здравеска од ОУ „Добре […]

Прилеп добива Центар за е-услуги – сместен спроти Општината


 Со одбележување на Денот на безбеден интернет преку интерактивни активности во прилепското Основно училиште „Кире Гаврилоски -Јане“ го завршуваме големиот проект за воспоставување Центар за побезбеден интернет во Македонија, поддржан од дигитална Европа и од Европската Унија, рече денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во Прилеп на одбележувањето на Денот на безбеден Интернет. Тој информира дека […]

Злоупотреби во Прилепската болница, меѓу обвинетите и поранешната директорка


Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе Обвинителен акт против 8 физички и едно правно лице за продолжени кривични дела – Проневера во службата и Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство. За дејствија на проневера предвидена во член 354 од Кривичниот законик обвинети се поранешна директорка на ЈЗУ Општа […]

Општина Прилеп го воведе електронскиот систем „Е-даноци“ – онлајн плаќање на даноци и комунални такси


Општина Прилеп официјално го воведе електронскиот систем за плаќање на даноци и комунални такси „Е-даноци“, со што граѓаните и компаниите добија можност своите обврски да ги подмируваат онлајн, без потреба од физичко присуство во општинските служби. Преку апликацијата „Е-даноци“, која е достапна на веб-страницата на Општина Прилеп, даночните обврзници – физички и правни лица – […]

Прилеп е лидер во селекцијата на отпадот, клучна за идната Регионална депонија


Прилеп е лидер во селекцијата на отпадот со што може подготвено да го пречека почетокот на работата на Регионалната депонија во Југозападниот дел во Македонија. Во градот веќе стигнаа нови контејнери, канти за селекција во домаќинствата, а до јуни ќе стигнат и 9 возила преку проектот на Министерството за животна средина. Во моментов се работи […]

Зголемени бројки на заболени од грип во Прилеп, но состојбата не е алармантна


Сѐ уште не е достигнат „пикот“ на грипот во Прилеп иако бројките на регистрирани заболени од грип е зголемен, информираат од прилепскиот Центар за јавно здравје. – Во Прилеп се регистрирани 127 заболени од грип. Бројката е трипати зголемена, но не е алармантна и нема фатални последици. Двајца се хоспитализирани на Инфективното одделение, а уште […]

Едно женско меѓу 100 мажи пријавено за светиот крст за Водици во Прилеп


 Околу 100  верници од Прилеп ќе учествуваат на традиционалното, централно, фрлање на светиот крст во осветените води на Аква базенот во прилепскиот хотел „Салида“ што ќе се одржи в понеделник напладне, на Богојавление – Водици. Од сите учесници кои се пријавија во изминатите три дена, едно е женско. Инаку, над 500 верници на 20 локации […]