Уапсени лица во Тетово и Гостивар за сексуална екслоатација на деца


Во голема полициска акција во Тетово и Гостивар која уште е во тек, уапсени се десетина лица поради сексуална експлоатација на дете. Од МВР ја потврдуваат акцијата, но детали најавуваат по нејзиното завршување.

Ужас во училиште во Белград: Ученик пукал и убил осум деца и чуварот


  Голема трагедија ја снајде Србија утрово кога во основното училиште „Владислав Рибникар“ во населбата Врачар во центарот на Белград, ученик (14) пукал во учениците, наставничката и чуварот. Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека се убиени осум деца и еден човек од обезбедувањето. Има повеќе повредени деца. МВР соопшти дека ученикот кој пукал […]

(Видео) Полициска акција во Скопје запленети 150 кг наркотична дрога вредна 400.000 евра


Во вторникот, во заедничка координирана акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјалната антитерористичка единица Тигар и Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје биле пронајдени и запленети 150 килограми наркотична дрога марихуана со вкупна вредност од околу […]

Сообраќајка во Скопје заврши со пукање


Расправија по сообраќајна несреќа во Сингелиќ заврши со пукање. „Р.Ф.(48) од Скопје пријавил дека во населба Камник во селото Сингелиќ, Скопско по претходно случена сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од него, и патничко моторно возило „мерцедес“, управувано од Б.С., настанала расправија помеѓу учесниците во сообраќајната незгода, по што […]

Маж во Португалија убил три лица и себеси


Еден маж денеска уби три лица, а потоа се самоуби во португалскиот град Сетубал, на околу 45 километри јужно од главниот град, јави Си-Ен-Ен Португалија. Полицискиот службеник Жоао Фреире изјави за Ројтерс дека по дојавата за пукање се пронајдени четири тела, а причините и детали сè уште не се познати. На местото на настанот излезе […]

Хорор во Америка: Тројца тинејџери убиле девојка (20), а потоа ја фотографирале „за спомен“


Тројца тинејџери кои фрлале големи камења од автомобил во движење убиле 20-годишна девојка која потоа ја фотографирале за спомен, соопшти американскиот суд. Во соопштението се наведува дека еден од тројцата 18-годишници рекол дека фрлале камења за забава, а дека се чувствувал виновен кога на 19 април ја удриле во главата Алекса Бартели, која починала. Момчето […]

Изчезнатото лице од каменичка Дулица пронајдено мртво


Исчезнатото лице од каменичкото село Дулица по кое се трагаше во текот на вчерашниот ден е пронајдено мртво. Информацијата ја потврдија од СВР Штип од каде информираа дека безживотното тело на лицето Т.А (50) било пронајдено од страна на каменичката полиција во близина на неговиот дом. -На 26.04.2023 во село Дулица, општина Македонска Каменица, во […]

Приведени двајца скопјани – предизвикале сообраќајка, па нападнале полицајци


Вчера биле приведени две лица од Скопје, кои најпрво вербално ги нападнале полицајците, а потоа се обиделе и физички да се пресметаат со нив. -На 25.04.2023 во 18.20 часот на ул.„.Александар Урдаревски“ во Скопје, полициски службеници ги привеле И.Т.(43) и И.Т.(46), двајцата од Скопје, затоа што по претходно случена сообраќајна незгода го нарушиле јавниот ред […]

Дошол во полициска станица да го наполни телефонот, па го уапсиле


Во саботата во раните утрински часови германската федерална полиција во Франкфурт на Одер (Бранденбург) уапси 37-годишен маж по кој е распишана потерница и на кого не му е дозволен влез во Германија. Според соопштението на полицијата, 37-годишниот маж дошол во сојузната полициска станица во Франкфурт на Одер и побарал да му дозволат да ја наполни […]

Вчера биле прегазени тројца пешаци, полицијата пак, со акција за прекршоците на пешаците


Двајца пешаци во Скопје  и Скопско, и уште еден во Тетово, вчера биле прегазени со автомобили, додека преминувале улица, нотира полицискиот билтен. Имено, во 8.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ во Скопје, патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(57) од с.Долно Лисиче, удрило во пешакот […]

Полициска „шкода“ се судри со две возила, повреден 21-годишник


Возач на возраст од 21 година е повреден во сообраќајка меѓу две возила и полициска „шкода“ која се случила во вчера попладне.  На 09.04.2023 во СВР Скопје бил пријавено дека во 01.45 часот на ул.„Цветан Димов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(21) од […]

Човечки скелет најден во Маврови Анови


Човечки остатоци вчера биле пронајдени кај местото викано „Бел коњ“ во Мавровско езеро во населбата Маврови Анови, гостиварско. Според информациите од СВР Тетово, пронајдени се остатоци од човечки скелет, кои биле подигнати за вештачење. Увид бил извршен во координација со Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

Маж се обидел да го натепа својот 77-годишен татко


Приведен е 50-годишен гостиварец поради закани и обид за насилство врз неговиот татко. „Вчера од полициски службеници е приведен С.Р.(50) од Гостивар, затоа што по претходна расправија, околу 09.30 часот, во семејната куќа во Гостивар му упатувал закани на неговиот 77-годишен татко и се обидел физички да го нападне“, велат од МВР. По целосно документирање […]

Голема полициска акција во Скопје – уапсени 15 криминалци


Голема полициска акција е во тек во Скопје во која досега се уапсени 15-на криминалци, според она што првично го објави МВР. Се прават претреси на дваесетина локации, а уапсени се петнаесетина криминалци, пред сè дилери и разбојници, информира МВР. Оттаму потврдуваат дека во тек е полициска акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.

Акциска контрола во угостителски објекти и казина, три лица приведени, пронајдена дрога


Ноќва, во периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти, казина и обложувалници на територијата на цела држава. При контролата, со која беа опфатени 290 угостителски објекти, казина и обложувалници на […]

Уапсените членови на терористичката мрежа во Грција планирале напад на еврејски ресторан во Атина


 Еврејски ресторан во центарот на Атина бил целта на двајцата уапсени Пакистанци, членови на терористичка мрежа која планирала напади во Грција, објавија грчките медиуми и додаваат дека во разбивањето на мрежата помогнала и израелската разузнавачка служба Мосад. Грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на полициски извори пишува дека уапсените Пакистанци на возраст од 27 и […]

Низа скандали во лондонската полиција: „Потребна е темелна промена“


Полициските сили на Лондон дозволија да се развие сексистичко, расистичко и хомофобично однесување во нивните редови, се предупредува во вторникот во новиот независен извештај, во кој се повикува на „севкупна реформа“ на силите на редот, кои се во криза по серијата скандали. „Полицијата не ги заштити своите службеници и членовите на општеството од полицајци кои […]

Во Белград, се трага по тројца исчезнати мажи во Дунав


Во саботата вечрта на Ада Хуја во Белград, дошло до превртување на чамец во кој имало четворица мажи. Еден успеал да се исплива, па пренесен е во болница, додека по тројцата се трага. Потрагата уште трае. Шефот на полициското одделение за безбедност на реките за РТС вели дека во потрагата се ангажирани повеќе служби. Пронајден […]

Исчезна 35-годишен маж од Скопје


Вчера во 21 часот во полициска станица било пријавено исчезнување на 35-годишниот С.С. – На 12.03.2023 во 21.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Х.С.(57) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син С.С.(35) кој имал здравствени проблеми, информира МВР. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Запленети производи од Косово без документација во скопска Радуша


Во саботата, во 18.30  часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Ј.Л.(29) од с.Блаце, скопско.  Имено, на место викано „Радушки мост“, атар на с. Радуша, полициски службеници извршиле контрола во возило комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при […]