Полицијата во Париз ги забрани протестите против полициското насилство по немирите


Полицијата во Париз го забрани планираниот протест против полициската бруталност што треба да се одржи денеска, една недела откако Франција беше потресена од немири предизвикани од убиството на тинејџер во предградие на Париз. Портпаролот на париската полиција изјави дека планираниот протест на Плоштадот на републиката е забранет поради ризик за јавниот ред, наведувајќи го „контекстот […]

Косовската полиција уапси Русин кој илегално влегол од Србија


Полицијата на Косово уапсила вчера во Лепосавиќ, во северно Косово државјанин на Русија, кој влегол во земјата од Србија, преминувајќи ја границата илегално, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешниот 24-часовен извештај на полицијата се наведува дека Русинот е уапсен и му е одредена мерка притвор. – Полицијата за време на патролирањето (во село […]

Екстремисти нападнаа полициска станица во југоисточен Иран


Група бомбаши-самоубијци денеска нападна полициска станица во југоисточен Иран, при што е убиен е еден полицаец, јави иранската државна телевизија. Вооружена група нападна полициска станица во Захедан, град во иранската провинција Систан и Балучистан, на околу 500 километри југоисточно од главниот град Техеран. Екстремистите на себе носеле експлозивни појаси, а двајца од нив и го […]

Француската полиција ќе може да ги активира камерите на мобилните телефони и микрофоните за надзор


Францускиот парламент усвои закон со кој ѝ дозволува на полицијата далечински да ги активира камерите и микрофоните на мобилните телефони за да врши надзор, но групите за граѓански слободи се загрижени за потенцијалната злоупотреба. Француската полиција наскоро би можела да добие далекусежни овластувања да ги надгледува потенцијалните криминалци. Пратениците во француското Национално собрание усвоија закон […]

Застрелани деветмина, меѓу кои и деца, во Вашингтон, при прослава на Денот на независноста


 Во пукање во Вашингтон повредени се девет лица, меѓу кои и деветгодишно дете и 17-годишен тинејџер, додека го прославувале Денот на независноста, 4 јули. -Сите девет лица кои беа повредени во раните утрински часови се здобија со повреди кои не се опасни по животот по пукањето во близина на улицата „Мид“ во североисточен Вашингтон, изјави […]

Лани од насилна смрт умреле 486 лица


Бројот на умрените лица од насилна смрт лани е намален за 28.2 % во однос на претходната година и изнесува 486. Умрените од насилна смрт учествуваат во вкупниот морталитет со 2.2 %. Во структурата  на умрените од насилна смрт според полот, како и во претходните години, и во 2022 година поголемо учество имаат машките лица, […]

Претрес во Гази Баба, најдена марихуана


Утрово од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, со поддршка на Единицата за интервентна полиција лишени од слобода се Н.П.(38), В.К.(50) и М.Ч.(31), сите од Скопје. Имено, при […]

Девојка пријавила дека е обљубена, па на гинеколог откриле дека се самоповредувала


СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(22) од с.Џепчиште, Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“. – На 28.04.2023, пријавената лажно пријавила дека едно лице над неа извршило обљуба во текот на денот во с. Џепчиште, соопшти МВР. Како што информира МВР, врз неа извршен бил гинеколошки […]

Поради сообраќајка затворен патот кај граничниот премин „Ново Село“


 Поради сообраќајна незгода, од попладнево од 18.30 часот, во прекин е сообраќајот во двата правци на патниот правец Струмица – Ново Село, пред граничниот премин „Ново Село“. Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од […]

Тренер по тенис допирал малолетнички по телото


Вчера во полициска станица била поднесена пријава против тренер по тенис. -На 12.06.2023 во 18 часот во Полициската станица Чаир, 50-годишна и 40-годишна жена од Скопје пријавиле дека во спортска сала на подрачје на Радишани нивните малолетни ќерки биле допирани по телото од тренер по тенис, соопшти МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Исчезнаа маж и жена во Скопје


Две лица се пријавени за исчезнати во текот на вчерашниот ден. Вчера во 14 часот во Полициското одделение Сарај, А.Н.(28) од с.Грчец, скопско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата сестра П.Н.(31) од с.Грчец. Потоа во 19.20 часот во Полициската станица Аеродром, С.М.(48) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот брат О.М.(44) од […]

Скопјанец натепан во здравствена установа во Кисела Вода


Скопјанец бил истепан од две лица во здравствена установа во Кисела Вода. -На 05.06.2023 во 08.10 часот во СВР Скопје, К.С.(42) од Скопје пријавил дека во здравствена установа на подрачје на Кисела Вода бил физички нападнат од М.А.(28) и М.К.(41), двајцата од Скопје, вработени како обезбедување во установата, соопшти МВР. По целосно документирање на случајот […]

Вработените во МВР денеска ќе добијат бонус плата


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека денеска се исплаќа бонус плата за вработени во МВР коишто оствариле над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво за 2022 година. -Откако го преземав раководењето со МВР, како приоритет се воспостави редовната исплата на бонус плати за над 150 изработени  часови прекувремена работа на годишно ниво, како […]

Уапсени пет полицајци во Грција под сомнение дека помагале нелегален влез на мигранти во земјата


Грчката полиција од северниот дел на земјата уапсила петмина полицајци под сомнение дека соработувале со мрежи на криумчари од Турција и во најмалку 12 случаи олесниле влез во Грција на непознат број нелегални мигранти, јави дописничката на МИА од Атина.  Според медиумите во Грција, станува збор за гранични полицајци кај Еврос во близина на границата […]

Децата од градинката „Пролет“ во Карпош се дружеа со полициските специјалци


Денеска децата од детската градинка „Пролет“ од Карпош реализираа посета на базата на Единицата за брзо распоредување, во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“. Реализираната посета е согласно програмските определби на установата во рамки на кои е предвидено најмладите поблиску да се запознаат со дел од професиите, во случајот со професијата полициски службеник – припадник на Одделот за специјални […]

Деветмина уапсени во БиХ за детска порнографија


Девет лица се уапсени денеска од полицијата во Босна и Херцеговина под сомнение дека искористувале деца за порнографија, потврди Министерството за внатрешни работи на Република Српска. Апсењата ги извршиле припадници на одделот за високотехнолошки криминал на Управата на криминалистичка полиција на ентитетот, во соработка со полицијата од Бјелина, Добој и Бања Лука. Полициските рации се […]

Грабеж и пукотници во Маџари – избеган затвореник пукал кон полицијата


Грабеж и пукање утрово во казино во скопската населба Маџари. Полицијата уапси едно лице. Станува збор за лице кое избегало од затворот Идризово. Денеска (20.05.2023) околу 09.30 часот на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба и од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од […]

Млад маж починал на улица во Кисела Вода


Вчера во 10.17 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„Христо Татарчев“ бил пронајден починат Б.А. (37) од Скопје. Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од Полициската станица Кисела Вода. По наредба на […]

Тетовец и неговата сопруга го претепале соседот


Вчера, во 15.55 часот, во СВР Тетово бил повикан 34-годишниот тетовец К. М., кој претходно бил пријавен од 34-годишниот тетовец З. Х., инаку негов сосед, дека околу 15 часот на улицата Питу Гули во Тетово физички го нападнал. Според пријавеното, во нападот, во кој учествувала и неговата сопруга, К. М. употребил и остар предмет и […]

Маж и малолетник со тврд предмет нападнале полицајци на должност


Маж и малолетник од Прилеп нападнале полицајци на должност.  – На 13.05.2023 во 14.40 часот во Прилеп полициски службеници од Полициска станица Прилеп ги лишиле од слобода С.В.(51) и малолетник, двајцата од Прилеп, затоа што агресивно се однесувале и физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејствија, при што С.В. употребил и тврд предмет, информираа […]