Пожар во поранешно училиште во Пржино


Поранешно училиште во скопската населба Пржино е целосно опожарено. Станува збор за голема барака, која е напуштена. На терен се екипи на противпожарната служба и итната медицинска помош. „Тоа е напуштена барака. Има три возила таму, се интервенира во моментот. Ветерот го отежнува гаснењето на пожарот, но опасност од проширување во други објекти нема“, вели […]

Пожарот во штипскиот магацин за детски играчки ставен под контрола


Пожарот во магацинот со детски играчки на компанијата „Андреј компани“, кој е лоциран во близина на штипската приградска населба „Три чешми“ е ставен под контрола. Командирот на Територијалната противпожарна единица на Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека околу 80 проценти пожарот е локализиран, а во моментот, пожарникарите работат на негово целосно гаснење. – Објектот […]

Гори магацин со играчки во Штипско


Голем пожар избувна во магацин со играчки во Штип, а пожарникарите го гасат и се трудат да не дозволат да биде зафатен уште некој објект. Пожарот почнал во 12.35 часот, а на местото дошле 15 пожарникари со четири протипожарни коли. Побараное  помош од колегите од Свети Николе и Кочани. – Кога ја добивме дојавата за […]

Аеродромот во Кувајт во пламен, причината непозната


Пожарникарите се обидуваат да изгасат пожар кој изби на новиот терминал во изградба на меѓународниот аеродром во кувајт, соопштија власитите. Портпаролот на кувајтското Министерство за внатрешни работи изјави за АП дека причината за пожарот уште не е позната и дека во овој момент не се знае дали има повредени. На социјалните медиуми објавени се фотографии […]

Гори во близина на хотелот „Белви“ во Скопје


Гори голема површина со трска во близина на хотелот Белви. Се работи за пожар кој зафатил речиси 20 хектари површина. Трската е околу каналот помеѓу Арачиново и Белви.  Екипите на противпожарната бригада се веќе на терен.  Нема информација за повредени лица.

Се запали двокатен автобус на ЈСП, нема повредени


Денеска, неколку минути пред пладне, во двоспратен автобус „Јутонг“ кој сообраќа на линија 57 избувнал пожар, во кој за среќа нема повредени патници, причинета е само материјална штета. Во моментот на опожарувањето, автобусот бил на последната/почетната постојка во Нерези и во него немало патници. Внатрешната контрола на ЈСП Скопје веднаш излезе на терен, при што, […]

Зачестија пожарите на отворено во општина Старо Нагоричане


Последнава недела зачестија пожарите не отворен простор и во општина Старо Нагоричане, информираа денеска надлежните од територијалната противпожарна единица. Вчера пожарникарите гаселе пожар на сува трева и нискостеблеста шума во атарот на село Алгуња на површина од шест хектари. Пожарникарите успеале да го изгасат пожарот за пет часа од избувнувањето од 11 до 16:00 часот. […]

Изгаснат шумски пожар предизивикан поради запалени гуми


Тетовските пожарникари попладнево изгасија шумски пожар кој бил предизвикан од намерно запалени автомобилски гуми. Пожарот бил евидентиран околу 13 часот и 30 минути во близина на патот што води од тетовската населба Дреновец кон планинското село Ѓермо. -По дојавата одејќи кон локацијата видовме дека има густ црн чад, а таму видовме дека станува збор за […]

Гори на три локации во Скопје


 Во моментов на територија на Град Скопје има три активни пожари, информираа за МИА од скопската Територијална противпожарна единица. Првиот е во населбата Маџир Маало на улица „Ѓуро Ѓоновиќ“ број 65, во напуштена куќа во близина на новата Железничка станица. Во гаснење на пожарот се интервенира со три противпожарни возила и 10 пожарникари. Вториот пожар […]

Три интервенции на кумановските пожарникари изминатово деноноќие


Кумановските пожарникари имале три интервенции во изминатото деноноќие. Горела шума над липковското село Руница, гаража во Куманово, како и покрив на семејна куќа во липковското село Лојане, соопштија денеска од РЦУК Куманово. Повикувајќи се на известувањето на службеници од граничната полиција од Белановце, од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово информираат дека пожарот на стеблеста шума […]

Локализиран пожарот кај каменичкото село Цера


Локализиран пожарот кој денеска попладне ја зафати месноста ,,Куклите” во атарот на каменичкото село Цера. Во пожарот како што информираше командирот на ТППЕ М.Каменица, Малин Трајчевски зафатена била површина од 10 хектари. -Опожарени се и овошни насади и дрвени огради кои се наоѓаа во близина. Причинета е материјална штета со уништена папрат, букова шума и […]

(Фото) Изгореа контејнери во Дебар Маало


Пет контејнери, од кои три целосно, изгореа претпладнево во Дебар Маало во Скопје, во непосредна близина на кружниот тек. Покрај контејнерите, од пламенот е оштетено и едно патничко возило „мазда 6“ кое беше паркирано веднаш до нив. Четири од контејнерите се на скопска Комунална хигиена, додека еден на „Пакомак“ наменет за селектирана стаклена амбалажа.  Како […]

Пожар во една од бараките на Општина Кисела Вода


Општина Кисела Вода информира дека денеска околу 11 часот, во бараката 3 во објектот на Општина Кисела Вода изби мал пожар поради дефект во застарената електрична инсталација. Од Општината велат дека пожарот веднаш беше локализиран од страна на самите вработени и освен причинетата незначителна материјална, нема никаква друга штета, ниту пак повредени лица. На лице […]

Маж се задуши во пожарот што избил во куќа во Штип


Почина маж од Штип кој се задушил во собата во која живеел. Утринава пред 7.30 часот во Полициската станица Штип бил пријавен пожар од страна на пожарникарите, кои биле на лице место. Пожарот се случил на улица „19 Бригада“, каде 68-годишниот маж живеел под кирија, а сопственикот на куќата утринава забележал чад од неговата соба […]

Пожар во куќа во Кавадарци


Пожар зафати утрово куќа во Кавадарци, информираа од кавадаречката Територијална противпожарна единица. Од противпожарната служба соопштија дека навремената интервенција на седум пожарникари со три противпожарни возила, спречила поголеми штети врз овој објект и проширување на огнот во соседството.

Тетовчанец се заканувал на семејство, па предизвикал пожар


Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 45-годишен жител на селото Теново за кого постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против општата сигурност според член 292 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот претходно во неколку наврати телефонски се заканувал на семејство во селото, а […]

Голем пожар во станбена зграда во германскиот град Есен


Голем пожар утринава избувна во станбена зграда во градот Есен во западниот дел на Германија, а три лица се префрлени в болница поради труење со чад, соопштија денеска локалните власти. Противпожарната служба соопшти дека од зградата се евакуирани околу 100 луѓе. На местото на инцидентот се испратени околу 150 пожариникари за да го изгаснат пожарот. […]

Исчезнати се 11, а спасени 278 лица во пожар на траект во близина на островот Крф


Исчезнати 11 патници, акција за евакуација на двајца кои се уште се наоѓаат во бродот, спасени 278 лица и полесно повредени десет патници е билансот од пожарот што избувна на траектот „Euroferry Olympia“ додека од Грција пловел кон Италија, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалното соопштение од грчката крајбрежна служба, по пребројувањето и […]

Гори хрватската резиденција во Белград


Пожар избувнал во резиденцијата на Хрватската амбасада во центарот на Белград, објави Нова.рс. Gori centar Beograda, izgleda je ambasada Hrvatske pic.twitter.com/5HKGRMbcOj — ketrine (@KetrineInEksn) February 18, 2022 Како што неофицијално дознава порталот, гори дел од резиденцијата под покривот, а пожарникарите се на терен и го гаснат пожарот. Засега нема информации за повредени.

Пожар на траект што пловел од Грција за Италија со над 250 патници


Грција – Пожар избувнал на траект додека пловел во близина на грчкиот остров Крф, а тргнал од Грција кон Италија со околу 230 патници и 50 членови на екипажот, кои го напуштиле бродот и се евакуирале во чамците за спасување, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, акцијата за спасување е во тек, […]