Пожар избувна во фабрика во Горно Седларце, маж со повреди пренесен во болница


Вчера во 14 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека настанал пожар во фабрика во тетовско Горно Седларце, покрај автопатот Гостивар-Тетово. Вработен во фабриката С.И.(35) од Боговиње, при гаснењето на пожарот, се здобил со повреди и бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош. Опожарени се суровини за производство […]

Едно лице настрада во пожар во охридското село Требеништа


 Едно лице го загуби животот, а две се повредени во пожар што утрово избувна во куќа во охридското село Требеништа. Командирот на Територијалната противпожарна единица Охрид, Борко Јанкулоски, за МИА изјави дека утрово во 8:25 часот било пријавено во Противпожарната единица за пожар во станбен објект во Требеништа, при што на лице место биле испратени […]

Најмалку 14 загинати во пожар во населба во Чиле


Најмалку 14 лица загинаа во пожар во зграда во Чиле, соопштија локалните власти. – Она што најмногу не боли е тоа што меѓу загинатите има неколку деца, изјави Борис Чаморо, градоначалник на пристанишниот град Коронел во Пацификот, за телевизијата Си-Ен-Ен Чиле. Најмалку шест малолетници загинаа во разорниот пожар кој зафати две куќи во станбениот комплекс […]

Во голем пожар во центар за одвикнување од дрога во Иран загинаа најмалку 32 лица


Најмалку 32 лица загинаа, а 16 се повредени во голем пожар во центар за одвикнување од зависности во северен Иран, објавија денеска иранските медиуми. Полицијата ги истражува причините за пожарот во кампот за рехабилитација на опиум во Лангаруд во провинцијата Гилан на Каспиското Море, објави иранската полуофицијална новинска агенција Мехр. Судската новинска агенција Мизан соопшти […]

На жителите на Квинсленд им е наредено да се евакуираат поради пожарите


Жителите на три области во северната австралиска држава Квинсленд денеска добија наредба да се евакуираат бидејќи шумските пожари излегле надвор од контрола. Пожарникарите, вклучително и оние кои пристигнаа од други делови на Австралија и Нов Зеланд, се борат со шумските пожари во државата во кои веќе загинаа две лица и уништија десетици домови. Жителите на […]

Во пожар во рудник во Казахстан загина најмалку 21 лице


Најмалку 21 лице загина во пожар во рудник во Казахстан, соопшти денеска Арцелор Митал Темиртау, локалната единица на луксембуршката челичарница која работи со рудникот. Од 252 лица во рудникот Костенко, 208 се евакуирани, а 18 побарале лекарска помош, се наведува во соопштението на компанијата. Дваесет и три лица не беа лоцирани до полноќ по локално […]

Гори под Солунска Глава


Над селото Белица под Солунска Глава во Општина Македонски брод има активен пожар на висок и на непристапен терен. Гори ретка борова шума, сува трева и грмушки, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во гаснењето на пожарот, како што велат од ЦУК, интервенирале три пожарникари со едно теренско возило од Територијалната противпожарна […]

Изгоре магацинот на ЈКП „Дервен“ во Велес


 Синоќа во 19:22 часот изби пожар во магацинот на JKP „Дервен“ лоциран наспрема Управната зграда кај Градскиот парк во Велес. Со брза интервенција на пожарникарите од ТППЕ Велес со седум пожарникари и три противпожарни возила пожарот бил целосно изгаснат во 22 часот, информираат денеска за МИА од ЦУК Велес. Како што појаснуваат оттаму, во пожарот […]

Голем пожар беснее меѓу селата Муматчево и Милино


Голем пожар со зафатена голема површина на сува трева и стрниште од вчера попладне, цела ноќ и се уште утрово беснее во реонот помеѓу селото Мамутчево и селото Милино, кои се на границите меѓу Општината Велес и Општина Лозово. Од утрово со пожарот се зафатени и дрвца – борчиња. Поради силниот ветер што дува непрекинато […]

Пожар кај село Кондово


Кај село Кондово во Општина Сарај денеска во 14:17 часот е пријавен пожар со кој се зафатени сува трева, грмушки и нискостеблеста шумска вегетација, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите на ЦУК, Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје е на терен со две возила и пет пожарникари. – Овој […]

ЦУК апелира да не се палат стрништа


Во текот на вчерашниот ден, противпожарните тимови интервенирале на вкупно 22 пожара, а активен се уште е еден – во Општина Македонски Брод, над с.Белица, кај месноста „Аргулица“, каде што гори ретка борова шума на непристапен и тешко пристапен терен, соопшти ЦУК. ОД ЦУК укажуваат дека за време викенд има најмногу пожари на отворено. Апелираат […]

Застрашувачки сцени од пожар во Аргентина што неконтролирано се шири кон одморалиште


Страшна снимка од пожарот во Аргентина покажува огнен ѕид кој се движи кон туристичкиот град Вила Карлос Паз, со 56.000 жители, во долината Пунила во централната провинција Кордоба. Пожарите во текот на ноќта ги зафатија одморалиштата во Аргентина, принудувајќи масовна евакуација на стотици семејства за време на интензивен топлотен бран. Температурите достигнаа до 35 степени. […]

Три деца и еден возрасен загинаа во пожар во Шпанија


Четири лица загинаа, меѓу кои три деца, во пожар што зафати зграда во северозападна Шпанија каде што луѓето сквотирале, соопштија денеска локалните власти. Сквотирањето е зафаќање простори без дозвола на сопственикот, кои обично се празни и запоставени долго време. Службите за итни случаи првично соопштија дека сите четири жртви се на возраст од 9 до […]

ЦУК: Активни пет пожари, вчера регистрирани 37


Активни се пет пожари од вкупно 37 што се регистрирани вчера во државава, информира Центрот за управување со кризи (ЦУК).  Според ЦУК, активни се пожарите во: Општина Македонски Брод, високо над с.Белица, во месноста „Аргулица“ под Солунска глава на непристапен терен (каде што гори борова шума); Општина Штип, кај с.Селце на планинскиот дел Серта од […]

Пожар на катен паркинг ги прекина сите летови на аеродромот „Лутон“ во Лондон


Лондонскиот аеродром „Лутон“ доцна синоќа ги прекина сите летови, откако избувна пожар на еден катен паркинг на аеродромот, што доведе до делумно уривање на зградата. „Сите летови се прекинати до 12 часот (по локално време) во среда, 11 октомври, бидејќи службите за итни случаи реагираат на пожар на автомобил на паркингот на Терминал 2, кој […]

Во штипскиот регион активни два пожари


Пожарот меѓу штипските села Калапетровци и Кошево е под контрола, пожарникари на ТППЕ-Штип во текот на ноќта дежурале на терен, информира командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев. Според првичните информации во текот на вчерашниот ден огнената стихија зафатила над 70 хектари мешана шума, нискостеблести растенија, а во гаснењето на пожарот беа вклучени десеттина пожарникари, двата ер […]

Ангелов со апел: Имаме 60 пожари, алармантно е


Состојбата со пожарите на отворен простор е исклучително алармантна. Само во текот на вчерашниот ден имаше 60 пожари, вели директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, апелирајќи до земјоделците да не ги палат стрништата, а сточарите пасиштата. – И покрај вчерашното интезивно гаснење шест пожари на отворено гореа во текот на целата […]

ЦУК: Вчера имаше 23 пожари на отворен простор, активни се уште четири


 Во земјава вчера имало вкупно 23 активни пожари на отворено, од кои активни се уште четири, инфрмира ЦУК. Во  Општина Македонски Брод, во атарот на с.Белица, кај месноста „Аргулица“ (под Солунска Глава) гори ретка борова шума на карпест терен со длабоки провалии и речиси р невозможно за пристап на лица и за гаснење, во Општина […]

Опожарена градската депонија во Крива Паланка


Гори градската депонија во Крива Паланка, пожарот настанал околу два часот утрово, а бидејќи, според информациите од Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, настанал од две страни, е од поголем размер и сè уште се работи на гасењето на истиот. Командирот на ТППЕ Крива Паланка, Иле Коцевски, информира дека дојавата е примена околу два часот […]

Локализиран пожарот во атарот на Соње, ангажирани „ер трактори“ и хеликоптери од МВР


 Пожарот меѓу селата Долно Соње и Добри Дол во општина Сопиште е локализиран. Во неговото гаснење биле вклучени три „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување и два хеликоптери на Министерството за внатрешни работи.  Од МВР информираа дека двата хеликоптери исфрлиле над 13 тони вода на местото на пожарот. – Одделот за воздухопловни единици […]