Пожар над село Марвинци во Валандовско – се заканува да се прошири накај селото


РЦУК Струмица известува дека има пожар над село Марвинци Општина Валандово, близу археолошки локалитет Исар. Гори сува трева и прнар. На терен се излезени три противпожарни возила и осум пожарникари и на помош се повикани од ТППЕ Гевгелија со едно противпожарно возило и тројца пожарникари. Постои опасност пожарот да се прошири накај селото, а во […]

Драмата во Лос Анџелес продолжува: Пожарот се шири (фото/видео)


Шумски пожар во Јужна Калифорнија во близина на Лос Анџелес се прошири на површина од 60 квадратни километри, еден ден откако принуди евакуација на најмалку 1.200 луѓе. Само околу 2 отсто од пожарот што избувна во саботата беше локализиран до недела навечер, пренесува АП. Засега нема извештаи за жртви. Шефот на противпожарната служба на округот […]

Голем шумски пожар северно од Лос Анџелес, издадена наредба за евакуација


Шумски пожар беснее северно од Лос Анџелес, а властите издадоа наредба за евакуација на луѓето во областа, објавија американските медиуми.  Невремето зафати 14,5 квадратни километри во близина на Меѓудржавен 5 во Горман, околу 100 километри северозападно од Лос Анџелес. Наредбата за евакуација е издадена во округот Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија поради ширење […]

Во пожари изгореа куќа, воени магацини и помошни објекти во Велес и во Светиниколско


Центарот за управување со кризи регистрира 11 пожари на отворено и неколку помали интервенции во последното деноноќие и сите се изгаснати, па од вчерашните активни пожари нема. Пожарникарите интервенирале за гаснење ниска вегетација и ѓубре во општините: Гази Баба, кај с. Раштак; Сарај, кај с.Кондово; Сопиште кај с.Варвара; Битола, кај месност „Обиколница“; Прилеп, кај с. […]

ЦУК: Пожари на отворено во скопските општини Бутел, Карпош, Сарај


Три пожари на отворено се регистрирани изминатите 24 часа. Пожарникари интервенирале на гаснење запалена ниска вегетација во скопскиот регион, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожари имало во населбата „Визбегово“ во општина Бутел, во „Злокуќани“ во Карпош и кај обиколницата Скопје – Тетово во Сарај. Од ЦУК апелираат за внимателност поради наглите […]

Голем пожар во близина на Сан Франциско, ситуацијата се влошува (видео)


Пожарникарите се борат да изгаснат голем шумски пожар околу Сан Франциско, Калифорнија, но ситуацијата се влошува поради ветровите што ги разгоруваат пламените јазици. Според соопштение на Одделот за шумарство и заштита од пожари во Калифорнија, пожарот избувнал вчера попладне во близина на градот Трејси, околу 96 километри источно од Сан Франциско, во област составена главно […]

Пожар избувнал во касарната Ѓорче Петров


Денеска во 3:.5 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Касарната Ѓорче Петров избувнал пожар во еден објект. Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Уапсен турски државјанин за подметнати пожари во Атина


За пожари на брдо во атинска населба, уапсен бил турски државјанин, кој го признал делото, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за климатски кризи и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас преку платформата Икс соопшти дека на конкретното брдо во текот на месецов имало три пожари, […]

Пожар во фабриката Тесла во Калифорнија, нема повредени


Вчера попладне околу 17 часот избувна пожар во фабриката „Тесла“ во Фремонт, Калифорнија. Пожарникарите пристигнале на местото на настанот и го изгаснале за неколку часа. Нема повредени. Противпожарната служба во Фремонт соопшти дека ја истражува причината за пожарот. Фабриката во Фремонт е една од најголемите за производство на електрични возила во Калифорнија. Пожарот се случи […]

ЕУ ќе распореди пожарникари од 12 земји на потенцијалните места за шумски пожари


Европската унија планира да распореди повеќе од 500 пожарникари од 12 земји на клучни локации во Европа ова лето за да помогнат во борбата против шумските пожари. Тие ќе им помогнат на локалните противпожарни бригади во Франција, Грција, Португалија, Шпанија и други земји, пишува dpa повикувајќи се на соопштение на Европската комисија објавено во вторник. […]

Пожар во Дом за стари лица во Банско – корисниците евакуирани


Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека вечерва околу 23.30 часот бил пријавен пожар во Домот за стари лица во селото Банско. Корисниците биле безбедно евакуирани, а откако пожарот бил изгасен, биле вратени назад. Во гаснењето на пожарот интервенирале седум пожарникари со две противпожарно возила. Нема повредени лица. Пожарот целосно е изгаснат во 00.50 часот. Прво биле […]

ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности


Три пожари на отворен простор се евидентирани изминатото деноноќие, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од ТППЕ Крушево од 15.45 до 19.30 часот, со едно ПП возило и три пожарникари и еден вработен и едно теренско возило од ЈП „Национални шуми“ подружница „Липа“ од Крушево, […]

Пожар во руската Република Бурјатија зафатил 20 станбени згради


Руските пожарникари го локализираа пожарот што зафати 20 станбени и комунални згради во руската југоисточна република Бурјатија, но нема извештаи за повредени или жртви. „Министерството за вонредни ситуации ги зголемува силите и ресурсите на лице место“, соопшти Министерството, пренесоа руските медиуми. Соопштено е дека од пожарот биле зафатени околу 10.000 квадратни километри. Федералната шумска служба […]

ЦУК: Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие


Во последното деноноќие се евидентирани осум пожар на отворен простор, а активни утрово нема. Горела ниска вегетација, депонии и ѓубришта, соопшти ЦУК. По еден пожар на отворено имало во село Трубарево (ниска вегетација), зад терминалот на влезот во Струмица (ѓубриште) и кај пробиштипското село Неокази (трска). Во Општина Ѓорче Петров имало два, кај „Стопански двор“ […]

Пожар во фабрика за ракетни погонски системи кај Белград, повредени две лица


 Двајца работници се повредени денеска, од кои едно потешко, во пожар во фабрика за погонски системи за ракети „Еде про“ во Лештани кај Белград, јави Радио-телевизија на Србија (РТС). Пожарот избувнал на валјакот на фирмата „Еде про“. Засега не се знае степенот на повредите. Пред три години се случи експлозија во магацин со ракетно гориво, […]

Пожар зад Универзална сала (видео)


Пожар избувна предмалку во куќа на улицата „Костурски херои“, зад Универзалната сала. На терен се две противпожарни возила и две цистерни на противпожарната бригада и едно возило на Итната помош. Засега не е познато дали има повредени.  Во тек е интервенција на екипите, а повеќе детали очекуваме наскоро. Пожар зад Универзална сала pic.twitter.com/zx0ffS9O5O — Oliver […]

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан


Пожар зафати попладнево дел од куќа во неготинско Долни Дисан, информацијата ја потврдија за МИА од Територијална противпожарна единица Неготино.  – Веднаш по дојавата, заминавме на лице место. За среќа, пожарот го зафати само долниот дел од куќата и нема поголеми штети, рекоа од Противпожарната единица. Оттаму појаснија дека интервенирале со две противпожарни возила и […]

За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина


За еден месец на подрачјето на Националниот парк Шар Планина изгореле над 400 хектари, а од тоа најголема површина е зафатена во само два пожари над село Селце, кои траеја шест дена, информираа денеска од НП Шар Планина.   Како установа потрошиле 80 илјади денари материјални средства, а штетите по изгубена дрвна маса и друга […]

Оган и пламен за веќе запалените објекти, како Универзална


  Се запали, пиле Трено, одајчето/одајчето, пиле Трено, варосано. Не ми е жал, пиле Трено, за одајчето/тук’ ми е жал, пиле Трено, за чекмеџето. Внатре беа, пиле Трено, тапиите/тапиите, пиле Трено, од нивите/тапиите, пиле Трено, од ливадите. Народниот фолклор ги отсликува душата и менталитетот на еден народ, па некако соодветна  доаѓа оваа македонска песна, откако […]

Гори букова шума над Горно Јаболчиште во oпштина Чашка


Пожар избувнал синоќа во 23 часот на отворен простор кај селото Горно Јаболчиште во општина Чашка, гори букова шума, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму веднаш пратиле известување до ЈП „Национални шуми“ подружница „Бабуна“ од Велес, од каде што добиле одговор дека ќе упатат вработени кон пожарот за да го гаснат. […]