Пожар во скопската населба Бутел 1, запален кров на барака


Кровна конструкција на барака гори на улицата „Хо Ши Мин“ во скопската населба Бутел 1, јавува МИА.  Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески во изјава за МИА потврди дека се уште се на терен каде интервенираат 14 пожарникари со четири противпожарни возила. Причините за пожарот и матерјалната штета допрва ќе се […]

Пожарникари дежураа кај манастирот над село Смолари, локализиран пожарот на Беласица


Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека пожарот на планината Беласица помеѓу село Смолари и село Мокрино беше локализиран. Во интервенцијата учествувале ТППЕ Струмица со 7 пожарникари и две противпожарни возила, и 2 од ПШС Беласица Струмица. Но, сношти, во 22.30 часот пожарот се активирал повторно. На лице место извршено е увид од страна на директорот на […]

Изгаснат пожарот во депото на „Македонски железници-Транспорт“, пожарникарите интервенирале на уште еден поголем пожар


 Пожарот во депото на „Македонски железници-Транспорт“ е изгаснат, се работи на расчистување на теренот, информира командантот на Единицата за противпожарна заштита на Град Скопје, Звонко Томески.  Томески вели дека е интервенирано со 10 противпожарни возила и 30 пожарникари.  Пожарот бил пријавен во 1.20 часот, а причините допрва ќе се утврдуваат. Скопските пожарникари утринава интервенирале на […]

Пожар во магацин на Железници Транспорт во Аеродром


Голем пожар избувна во магацинскиот простор за стари вагони во објектот на Македонски Железници Транспорт во Аердром. Пожарот, според првичните информации, избувнал уште ноќеска. Во моментов се гледа и црн чад како се крева од објектот, а екипи на терен се обидуваат да се справат со огнените јазици. Причината и штетата дополнително ќе се утврдуваат. […]

Илјадници луѓе се евакуирани во јужна Калифорнија поради пожар кој брзо се шири


Пожарот кој брзо се шири, поттикнат од силните суви ветрови на Санта Ана, принуди илјадници луѓе да ги напуштат своите домови во Јужна Калифорнија. Противпожарната служба во округот Вентура, северозападно од Лос Анџелес, го окарактеризира пожарот како „многу опасен“. Жителите треба да ги почитуваат наредбите за евакуација, рече шерифот Џим Фрајхоф на прес-конференција. За неколку […]

ЦУК: Четиринаесет пожари на отворено во последното деноноќие


Во последното деноноќие имало регистрирано 14 интервенции за пожари на отворено од коишто околу една третина биле за гаснење запален смет во или покрај урбани населби. Сите пожари се изгаснати, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). Регионалните центри за управување со кризи информираат дека на територијата на државата интервенции за гаснење пожари на […]

Во пожарите во Бразил досега изгоре површина поголема од Белорусија


Површина споредлива со големината на Белорусија изгоре во Бразил помеѓу јануари и септември 2024 година, според извештај објавен денеска, пренесе ДПА. Вкупно 22,38 милиони хектари изгореа во пожари во првите девет месеци од 2024 година, што е зголемување за 150 проценти во споредба со истиот период во 2023 година, се вели во извештајот на иницијативата […]

(Во живо) Презентација на Извештајот за клима и развој на државите


Директорот на Канцеларијата на Светска банка за Косово и Северна Македонија, Масимилиано Паолучи, вишиот економист Сања Маџаревиќ-Шујстер, вишиот специјалист за енергетика Редон Беголи и вишиот урбан економист при Светска банка, Мега Муким ќе го презентираат Извештајот за клима и развој на државите и Прегледот за климатски јавни финансии на Северна Македонија. 

Конечно изгасен пожарот во зградата во Чаир


Пожарот во зградата во Чаир, што избувна ноќта на 1 октомври, конечно е изгасен утрово во 9.30 часот, соопшти ЦУК.  Претходно, од таму јавија дека сѐ уште бил активен пожарот во зградата во скопската населба Чаир, кој избувна вчера. На терен биле три противпожарни возила од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, информира денеска Центарот […]

Пожарот во Чаир никако да се изгаси – имало многу запалливи материи


Гаснењето на пожарот во скопски Чаир се одвива отежнато поради големата количина на чад и високата температура во подрумите во кои била складирана поголема количина на запаливи материјали, информираа попладнево од ЦУК.  Дополнително како помош на скопските пожарникари ќе пристигне специјално противпожарно возило на Армијата, додаваат од таму. Инаку, 0д  МВР информира дека во 01:55 […]

Стабилна состојбата на сите 43 пациенти хоспитализирани по пожарот во Чаир


Вкупно 43 лица се хоспитализирани по пожарот во зграда во Чаир што избувна утрово. На Клиниката за токсикологија биле примени 31 пациент, од кои пет се задржани на болничко лекување. На Детската клиника биле примени 12 деца, од кои две се задржани на лекување. Сите пациенти се во стабилна состојба. Како што информира за МИА […]

Голем пожар во зграда во Чаир, евакуирани 100 луѓе, повреден пожарникар


Голем пожар утрово избувнал во зграда во скопската населба Чаир. Според информациите на ЦУК, еден пожарникар бил однесен на Токсикологија поради големо количество вдишан чад. Од Центарот за управување со кризи пренесуваат дека според информациите на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје во периодот од 01:50 часот гаснеле запален магацин на неутврдена површина на улица […]

(Видео) Голем пожар избувна во индиската фабрика за ајфон


Огромен пожар избувна во фабриката за производство на Тата Електроникс, каде што се произведуваат ајфони, во градот Кришнагири, во индиската држава Тамил Наду. Пожарот започнал во одделот за бојадисување на додатоци за мобилни телефони околу 5:30 часот по локално време, принудувајќи ги вработените веднаш да ја напуштат областа. Fire breaks out at Tata Electronics manufacturing […]

Пожар во Кавадарци, починала 75-годишна жена


Рано изутрина во 1:45 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека настанал пожар во домот на Т.Ј., 55-годишно лице од овој град. Од здобиените повреди во пожарот, починала М.Д., на возраст од 75 години од село Модриште, Kичевско, која живеела во куќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираат денеска од Секторот […]

Изгаснат пожар во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово


Пожар избувна попладнево после 16 часот во стан од зграда на улицата „Среќко Пужаљка“ во Куманово. Територијалната противпожарна единица Куманово интервенираше со две противпожарни возила и шестмина пожарникари. Во пожарот нема повредени лица. – Изгаснат е и нема повредени лица, причинета е материјална штета, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски. Пожарникарите го гасеа пожарот […]

СВР Битола поднесе кривични пријави против осум лица поради предизвикување пожари


СВР Битола до Основните јавни обвинителства во Битола, Прилеп, Ресен и Кичево поднесе кривични пријави против осум лица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување на општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, сторени во периодот од 15.06.2024 до 23.09.2024. СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против Г.А.(75) од […]

ДЗС со само еден функционален авион кој интервенира во Прилеп


Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) моментално има само еден функционален авион „Ер трактор“ од трите што ги поседува, информира директорот на ДЗС, Џеват Селами. Според него, иако пред три дена биле повикани механичари од Шпанија да ги поправат авионите, проблемите со опремата повторно се појавиле следниот ден. „Едниот авион треба да се сервисира, а […]

Пожарот во Мариово не стивнува, но нема опасност за верските објекти


 Шести ден, пожарот во Мариово не покажува знаци на смирување, а огнената линија од преку 30 километри, нема намалување.  Преку 200 професионалци се насочени огнената стихија да не влезе во населените места и објектите. Од прилепскиот кризен штаб уверуваат дека вчерашните кризни моменти околу селото Крушевица и кај манастирот „Свети Никола“ во Прилепец се надминати, […]

Малолетници со петарди го предизвикале пожарот кај Расадник


За пожарот кај Расадник поднесена е кривична пријава против 14-годишник, кој заедно со уште две деца фрлале пиротехнички средства. СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против 14-годишникот за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. – Пријавениот заедно со уште две деца кои не наполниле 14 години и не подлежат на кривична одговорност, на […]

Апел на Прилеп до сопствениците на имоти во мариовското село Крушевица


 Прилепските локални власти, заедно со крисниот штаб, попладнето упатија апел до оние кои имаат имоти во мариовското село Крушевица за да се упатат таму, поради големата опасност од пожарот. – Сите кои што имаат имот во селото Крушевица, ве замолуваме итно да се упатите кон своите имоти опремени со соодветна облека и алат за гаснење […]