Со линеарното зголемување на пензиите се исправале неправдите од транзицијата, вели Димитриеска Кочоска


Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска денеска изјави дека линеарното зголемување на пензиите е поради тоа што во текот на транзицијата многу од вработените биле оштетени и затоа има толку многу пензионери со ниски пензии. „Јас многу често го зборувам тоа и е резултат на тоа што ние сега во моментот имаме пензионери коишто се […]

Пензиите навреме ќе се исплаќаат, вели директорот на ПИОМ


Фондот за пензиското и инвалидското осигурување денеска ги исплати пензиите, покачени за 2.500 денари, што, согласно пресметките, претставува зголемување од 11,2  проценти. Доколку се направеше усогласување со досегашната методологија на усогласување,  зголемувањето ќе изнесуваше четири проценти. Искажано во сума на пари, зголемувањето од  четири  проценти би било околу 528 денари за пензионерите со минимална пензија […]

Пензионерите денеска ќе добијат зголемување од 2.500 денари


Пензионерите денеска ќе добијат пензија за септември со зголемен износ за 2.500 денари, а уште едно линеарно зголемување во износ од 2.500 денари треба да имаат со мартовската пензија. Линеарното покачување на пензиите, што е предизборно ветување на новата Влада, е првпат по неколку години. Досега пензиите се усогласуваа со растот на платите и трошоците […]

Покачувањето на пензиите поминаа на Влада, наскоро во собраниска процедура


Предлог-законот  за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со што ќе се овозможи  зголемување на пензиите на 1 септември 2024 година и 1 март 2025 година, ја помина владината процедура и наскоро ќе биде пред пратениците во Собранието.  -Поконкретно, на 1 септември 2024 година, сите видови на пензии остварени согласно овој […]

Кон крајот на неделата прва владина седница, тема и линеарното зголемување на пензиите


 Премиерот Христијан Мицкоски денеска информира дека првата владина седница ќе се одржи кон крајот на неделата. Донесени ќе бидат, како што рече, неколку одлуки, од кои повеќето формални. Тој воедно најави и дека ќе се почне со работа на новото законско решение за линеарно зголемување на пензиите. Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Штип […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе им даде на пензионерите 5.000 денари само првата година. За понатаму не знаат


  За да го исполни изборното ветување за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја укине сегашната методологија пензиите да се усогласуваат со стапката на инфлација и порастот на просечната плата. Ова го изјави во понеделникот вечерта Гордана Димитриеска-Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ во дебатна емисија на ТВ24. Таа рече дека зголемувањето делумно […]

Битиќи: Со линеарното зголемување на пензиите ќе се зголеми дефицитот во Пензискиот фонд, дел од пензионерите може да останат без пензија


Со линеарното зголемување, се нарушува законското усогласување на пензиите. Повеќе ќе нема усогласување на пензиите, туку еднократно зголемување. Со ваквото зголемување од 5.000 денари, дефицитот во пензискиот фонд ќе изнесува 52 проценти што значи дека пола од пензионерите ќе останат без пензија за некоја година, вели вицепремиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ Фатмир […]

Партиска битка за пензионерите: Кој нуди повеќе и чија понуда е (не)реална


  Пензионерите денеска го добија најавеното зголемување на пензиите од 5,3 отсто, кое се пресметува два пати годишно, врз основа на моделот 50 отсто пораст на просечната плата, и 50 отсто пораст на трошоците на живот, односно инфлацијата. Но, паралелно со она што е тековно усогласување, политичките партии веќе излегоа и со конкретни понуди за […]

Тренчевска: Ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ за пензиите ќе го дестабилизира пензискиот систем


 ВМРО-ДПМНЕ да не користи популизам кога е во прашање зголемувањето на пензиите, бидејќи нивното ветување ќе го дестабилизира пензискиот систем, порача денеска дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика во техничката Влада, Јованка Тренчевска прашана за коментир на најавата на ВМРО-ДПМНЕ, за линеарно зголемување на пензиите за пет илјади денари.  – Кога се формираше […]

Пензиите во Германија ќе бидат најмалку 48 отсто од просечната плата, но има услови


Германските министри за труд и финансии Хубертус Хеил и Кристијан Линднер денеска презентираа реформски пакет кој има за цел да ги стабилизира пензиите и да го забави очекуваниот пораст на придонесите. Тие го претставија својот нов нацрт-закон кој има за цел да гарантира ниво на пензија од најмалку 48 отсто од просечната плата. Нивото на […]

Контрадикција: Мицкоски ветува по 5.000 денари за пензионерите, Славески бара умереност


  Од една страна најава за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари, а од друга, повикување на нов општествен договор со синдикатите и здруженијата на пензионери кој треба да резултира со умереност во барањата за зголемување на платите и на пензиите, можеа викендов да се слушнат на иста партиска дебата која што ја организираше […]

Пензионерите од ранливите категории шест месеци ќе добиваат фиксен додаток


  Сите пензионери од ранливите категории ќе добиваат фиксен паричен додаток , најверојатно шест месеци. Ова го најави вицепремиерот Фатмир Битиќи, во вчерашното гостување на „Утрински печат“, кој рече дека оваа финансиска помош ќе биде дел од антикризните мерки кои се очекува да бидат обелоденети наредната недела од страна на Владата. Помошта за пензионерите ќе […]

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?


Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција и Италија. Иако во издвојувањата за пензии се вклучени и оние за инвалидски или наследени пензии, сепак староста зазема најголем процент. Кај земјите од регионот, распределбите за пензии се релативно еднакви ако се гледа процентот од БДП на земјата. За 40 […]

Неделава треба да биде готов извештајот за пензиите, не е предвидено линеарно зголемување


 Оваа недела се очекува да биде готов извештајот на работната група за пензиите. Во мерките што ќе бидат донесени, како што изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, не е предвидено линеарно зголемување на пензиите, затоа што, како што рече, мора да се води сметка за стабилноста на пензискиот систем. – Очекувам […]

Сојузот на здруженија на пензионерите против линеарно усогласување, но со предлог за зголемување на најниската пензија


Линеарно усогласување нема ниту во земјите од нашето опкружување, ниту во пензиските системи на европските земји, се наведува во денешното соопштение од Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, а во врска со барањето за линеарно усогласување на пензиите. Во однос на протестите на пензионерите со ниски пензии, Извршниот одбор на Сојузот на здруженија на […]

Комерцијална банка: Исплатата на јулските пензии започнува в понеделник


Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензиите за јули од понеделник, 31.07.2023 година. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка, со својата пензија ќе може да располагаат од понеделник 31.07.2023 година и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа. Исплатата на пензионерите кои […]

МТСП: Во тек е етапната исплата на јунските пензии


Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 27.06.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец јуни.  Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:  За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши […]

Пензиите ќе се исплаќаат од 27 јуни


 Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2023 година, пришто се задолжува Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки, најдоцна до 26 јуни. Од владината прес-служба соопштија дека им се препорачува на деловните банки да […]

Ќе се работи ли до 70 години?


Ќе се работи ли до 70 години? Во изминатиот период Европа ја потресе темата за старосната граница за пензионирање која ја иницираше Франција. Францускиот претседател Емануел Макрон е решен да спроведе реформа со која ќе се пензионира на 64 наместо на 62, како што беше случајот досега. Имено, проблемот во Франција со пензиската реформа е […]

Мартовските пензии ќе се исплаќаат од идниот вторник


Владата на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување  да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да […]