Владата ќе заштеди на порастот на пензиите поради падот на платите во јуни


  Падот на просечната исплатена плата во јуни веројатно ќе ѝ донесе на Владата заштеди за парите кои ќе треба да ги обезбеди за законското усогласување на пензиите во септември, но и за месеците потоа. Колкаво ќе биде нивелирањето, засега не се знае, бидејќи се прават последните пресметки, според изјавата на премиерот Христијан Мицкоски денеска, […]

Мицкоски за фамозните 325 отсто за пензиите: Месечниот пораст изминатите две години е 296 денари, пред тоа беше 91 денар


Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, на новинарско прашање за споредба на просечната старосна пензија во време на претходната и актуелната Влада, посочи дека на месечно ниво таа се зголемува за 325 проценти повеќе отколку во времето на владеењето на СДСМ и ДУИ потенцирајќи дека е подготвен аргументирано да зборува за тие податоци.  – Гледам како на […]

Митрески праша зошто 44 милиони евра не се префрлени во вториот пензиски столб. Димитриеска Кочоска: Прашањето не е за мене


Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, на денешната седница постави пратеничко прашање до министерот за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска во однос на наодите од ревизорскиот извештај за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Митрески укажа на констатирано доцнење во префрлањето на средствата кон вториот пензиски столб, и покрај тоа што, како што наведе, придонесите навремено се пресметуваат […]

Германија ги зголеми средствата за парични социјални бенефиции, пензиите на прво место


Минатата година, Германија ги зголеми средствата за парични социјални бенефиции, кои вклучуваат пензии, надоместоци за невработеност и други форми на социјална заштита, на 751,2 милијарди евра, според податоците објавени денес од страна на Германскиот федерален завод за статистика во Висбаден. Вкупните средства се зголемија за 5,9 проценти на годишно ниво, што претставува продолжување на долгорочниот […]

Корисниците на македонски пензии во странство не се дискриминирани, оцени Уставниот суд


Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 1 и член 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Подносителот на иницијативата, Илија Ивановски од Србија, смета дека оспорените одредби го ставаат во нееднаква и дискриминирачка положба во однос на другите пензионери кои […]

Мартовските пензии ќе се зголемат линеарно за 1.000 денари, усвоени законските измени


Пратениците во рамки на денешната 94. седница дадоа поддршка за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, и двата по скратена постапка. Со Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, се предлага зголемување на сите пензии за 1.000 денари од 1 […]

Одлуката на Уставниот суд за линеарното покачување на пензиите е во полза на пензионерите, смета Мицкоски


Премиерот Христијан Мицкоски смета дека одлуката на Уставниот суд за уставноста на линеарното зголемување на пензиите е во полза на пензионерите.  -Што се однесува до одлуката на Уставниот суд многупати сум кажал дека нема да ги коментирам. Нормално, понекогаш тие одлуки се во согласност со вашите политики, понекогаш не се во согласност во вашите политики, […]

Линеарното зголемување на пензиите не е неуставно, одлучи Уставниот суд


Уставниот суд денеска соопшти дека ја запира постапката за оценување на уставноста на член 2 од измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување од 2025 година, со што престанува преиспитувањето на линеарното зголемување на пензиите. Како што информираа оттаму предлогот не добил мнозинство и актот останува во правниот поредок.  – Во сила останува линеарното […]

Пензионерите во странство останаа без линеарното зголемување на пензиите, одлучи Уставниот суд


Уставниот суд денеска не поведе постапка за измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување кои се однесуваат на нерезидентните пензионери. Тие предвидуваат дека зголемувањата на пензиите од 2024 година нема да се исплатуваат на пензионери кои престојуваат надвор од земјата. Со иницијативите од петмина подносители се бараше оценка на уставноста поради наводна дискриминација и […]

Измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување пред Уставен, пензионери од дијаспората бараат еднакво усогласување на пензиите


Уставниот суд денеска ќе ја одржи 5. седница, на чиј дневен ред се седум иницијативи за оценување на уставноста и законитоста, како и пет предлог-одлуки по веќе поведени постапки. Судиите ќе дискутираат по повеќе иницијативи, кои се однесуваат на измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со кои зголемувањето и усогласувањето на […]

Уставните судии гласале нерешено за пензиите, поведена е постапка за Законот за платите на судиите


Уставниот суд денеска донесе одлука за поведување постапка за оценување на уставноста на измените на Законот за платите на судиите, со цел заштита на судската независност од извршната и законодавната власт. Ова го соопшти денеска претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, по одржувањето на седницата на која уставните судии расправаа по иницијативите за поведување на […]

Мицкоски како правен советник: Им даде три можности на уставните судии за линеарните пензии


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека уставните судии имаат три можности во врска со одлучувањето за уставноста на линеарното зголемување на пензиите. Одговарајќи на новинарски прашања, по поставување на камен темелник за изградба на нова детска градинка во населба Дексион, Општина Ѓорче Петров, тој рече дека едната е да ги прогласат мерките за неуставни, […]

Колку пензионери добиваат, а колку губат со линеарното зголемување на пензиите


  Премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница на седницата за пратенички прашања во четвртокот изјави дека доколку Уставниот суд го укине линеарното зголемување оштетени ќе бидат 70 отсто од пензионерите. Од друга страна, пак, опозициската СДСМ излезе со математика дека токму линеарното зголемување на пензиите оштети околу 320 илјади пензионери. Пред зголемувањето од илјада денари […]

Пензиите во Србија од денеска повисоки за 12,2 отсто, првите исплати пред Божик


Од денеска, пензиите во Србија се повисоки за 12,2 проценти, а пензионерите ќе ги добијат своите први зголемени приходи на почетокот на јануари, во пресрет на божиќните празници.Просечната пензија со тоа зголемување ќе изнесува околу 437 евра. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера изјави дека некои најави на социјалните мрежи дека во буџетот нема пари […]

Мемов: Линеарното зголемување на пензиите е одлука на Владата, но Уставниот суд ќе го даде конечниот став


Барањето на сите релевантни здруженија на пензионери, вклучувајќи го и Сојузот на здруженија на пензионери во Република Македонија, беа во насока на линеарно зголемување на пензиите и Владата тоа го испочитува, но конечната оцена за уставноста на мерката треба да ја даде Уставниот суд, вели директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) Никола […]

Фонд на ПИОМ: Исплатата на пензиите не е загрозена, тие ќе пристигаат секој први во месецот


Фондот на пензиското и инвалидското осигурување сака да ја извести јавноста дека исплатата на пензиите се одвива нормално и веќе на први декември 2025 пензионерите ќе ја добијат ноемвриската пензија, за што вкупно ќе се исплатат средства во висина од 9.297.493.427 денари (девет милијарди 297 милиони 493 илјади и 427 денари). – Пензионерите треба да […]

Уставен суд контра Мицкоски: Одлуката за линеарното зголемување на пензиите уште не е донесена


  Уставниот суд го демантираше премиерот Христијан Мицкоски  околу неговото тврдење во Собранието дека Судот веќе донел одлука да го укине линеарното зголемување на пензиите. Уставен суд преку соопштение изјави дека дека сè уште не е донесена конечна одлука за предметот кој се однесува на членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот […]

Линеарното зголемување на пензиите е укинато, 70 отсто од пензионерите ќе добиваат помалку, тврди Мицкоски


Уставен суд веќе донел одлука за укинување на законската одредба за линеарно зголемување на пензиите и веќе од наредниот месец најголемиот број од пензионерите ќе добиваат помали пензии. Ова на собраниска говорница денес го изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски. Истовремено, Мицкоски рече дека наводно, Уставниот суд […]

Мемов: Линеарното зголемување на пензиите е на барање на пензионерите и е праведно


Линераното зголемување на пензиите е на барање на пензионерите и е праведно, вели директорот на Фондот на ПИОМ Никола Мемов. Мемов гостувајќи во магазинот „Трилинг“, одговори на повеќе прашања врзани со покачувањето и исплатата на пензиите, буџетот за наредната 2026 година и начините за подобрување на финансиската состојба и кондиција на Фондот и актуелната политичка […]

Уставен суд ќе го оценува зголемувањето на пензиите за 1.000 денари, а не претходното за 5.000


  Линеарното зголемување на пензиите за 5.000 денари, што го добија пензионерите во септември лани (2.500 денари) и во март годинава (уште 2.500 денари) нема да оди на проверка од страна на Уставниот суд, туку уставноста ќе се оценува само на најновото зголемување за 1.000 денари во септември годинава и најавеното за исто толку во […]