Почна исплатата на декемвриските пензии


 Од денеска почнува етапната исплата на декемвриските пензии, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Пензиите, како што посочуваат, ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот Ковид-19. – Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои […]

Со минимум уплата во работниот век до подобар пензионерски стандард


Илјада денари месечно додека работите ќе ви го подобрат животниот стандард кога ќе одите во пензија за околу 5.000 денари. Вакви се пресметките доколку некој вработен вложува во третиот доброволен пензиски столб во период од 30 години, а акумулираните средства би ги земал месечно во рок од 15 години. Свесноста за придобивките и можноста овие […]

Во тек пријавувањето за социјални пензии, можност за над 6.000 илјади лица без никакви приходи


Заинтересирани граѓани за остварување на правото на социјална пензија во висина од околу 6.000 денари веќе се обраќаат до центрите за социјални работи низ државата со цел да се информираат какви документи им се потребни за да можат да го остварат ова право. Надлежните во центрите велат дека интересот е голем, и оти во текот […]

ЈОРМ: Не е загрозено правото на пензија на осигурениците


Во рамки на предистражната постапка која се однесува на невршење распределба на осигуреници во вториот столб од пензискиот систем и неисплата на придонеси во приватните пензиски фондови Основното јавно обвинителство зело искази од генералниот директор на Фондот за ПИОМ, претставник на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), претседателот на Управниот одбор на КБ […]

Пензионерите лути на Владата – пензиите ќе растат, но не како платите


На Владата ѝ претстои соочување со револтот на пензионерите. Новото решение за усогласување на пензиите е смислено за да ја намали дупката во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и затоа нема да им испорача на пензионерите раст на пензиите на кој се надеваа. Здружението на пензионери се огласи со став дека, со новиот начин […]

Царовска: Нема да се зголеми старосната граница за пензионирање


„Зголемување на старосната граница нема да има, а пензиите се стабилни и безбедни“, рече денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Царовска на прес-конференција во Владата информира за сработеното во изминатите 11 месеци. Рече дека вкупно 4.535 стечајци добија позитивни решенија, а околу 90.000 граѓани повисока плата, обезбедени се средства за 138 нови […]

Пензионерите синдикално се здружуваат за поголеми пензии и стабилен фонд


За стабилен и одржлив пензиски фонд и поголеми пензии ќе се залага Синдикатот на пензионери кој ќе се формира во рамки на Конфедерацијата на слободни синдикати. Иницијативниот одбор за формирање на синдикатот денеска на прес-конференција истакна дека како синдикат сакаат да бидат вклучени во реформите со пензискиот систем и да бидат рамноправен социјален партнер во […]

Орбан: Не ветувам дека ќе има пензија ако примиме мигранти


Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека „не може да вети“ дека Унгарија ќе има пари за зголемување на пензиите, детските додатоци или даночни олеснувања за семејствата со деца, „ако земјата биде приморана да прими мигранти со трошоци од девет милиони форинти (28.900 евра) по мигрант годишно“. Орбан во видео прилог, кој го објави на својата […]

СДСМ смирува: Граѓаните да бидат спокојни, пензиите се стабилни


Граѓаните да бидат спокојни, пензиите се стабилни, Владата работи на економски развој и стабилизација на ПИОМ Токму неспособноста и криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ се причината за предизвиците со коишто се соочува Фондот за пензинско и инвалидско осигурување . Но граѓаните може да бидат спокојни и мирни затоа што пензиите се стабилни. Исплата на пензиите ќе […]

Собранието ги изласа измените на Законот за ПИОМ


Собранието на денешното продолжение на 24. седница го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, објасни дека со одредбите на Законот за пензиско и инвалидското осигурување како категорија на осигуреници се опфатени и индивидуални земјоделци. Од 2013 година, […]

Потребни се итни реформи за одржлив пензиски систем


Пензискиот систем треба да претрпи сериозни реформи со комбинација на постепен пораст на придонесите и постепено зголемување на старосната граница за финансиски да се консолидира во следните пет до 10 години, да се преполови дефицитот во Фондот на ПИОМ и да се намалат трансферите од централниот буџет. Во спротивно неодржливоста на пензискиот систем постојано ќе […]

Пари за пензии ќе има, па дури и вишок


Идните пензионери не треба да стравуваат од крах на пензискиот систем. Пари ќе има за исплата на пензии и без да се зголемат старосната граница за пензионирање и процентот на придонеси. И без да се направат реформи во пензискиот систем, тој ќе може сам да се одржува и да создава дури и вишоци. Ова го […]

Пензискиот фонд нема да крахира, туку ќе создава вишоци


Првиот столб на пензискиот фонд до 2030 година нема да крахира како што предвидува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Тој ќе може сам да се одржува и да создава вишоци, покажале резултатите од симулациите направени за да се види како одделни решенија, реформи или состојби би влијаеле врз пензискиот систем, што денеска ги презентираше професорот Мирољуб […]