Во септември ќе се распише огласот за државните специјализации


Министерството за здравство во септември ќе распише оглас за сите државни специјализации кои се потребни на здравствените установи во земјава, најави синоќа во Пробиштип, министерот за здравство Венко Филипче. Направена анализата за потребните специјализации, а обезбеден е и соодветен број ментори за соодветни специјалности, кои ги бараат здравствените институции. Во Пробиштип веќе две години нема […]

Ќе има мобилни патронажни сервиси за домашна посета


Министерството за здравство во соработка со Министерството за труд и социјална политика разработува модел што треба да обезбеди здравствена заштита за граѓаните во руралните средини и во помалите општини во државата. Според министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска престојуваше во работна посета на општина Кочани, овој модел како пилот проект ќе започне да се […]

Секој може да има дијабетес, а да не знае


Подмолна болест, не покажува знаци, а кога симптомите ќе станат видливи, значи дека веќе е во поодмината фаза – затоа дијабетесот, наречен уште и „тивок убиец“, е најчеста хронична болест во светот, глобална епидемија. Може да заболи секој, во која било возрасна доба. Болеста често останува непрепознаена до моментот кога ќе се појават првите компликации. […]

Болни поради времето


Наглите промени во временските услови, какви што имаме сега, предизвикуваат тешкотии за луѓето со кардиолошки и со пулмолошки проблеми. Падот на атмосферскиот притисок предизвикува намалување на количината на кислород во организмот, а со тоа и во срцевиот мускул и во мозокот. Наглото затоплување, па нагло заладување, при што температурата осцилира и за околу 10 Целзиусови […]

Има, па нема лекови: Терапијата за рак на кожа често зависи од донации


  Ракот на кожа (меланом) доцна се открива кај половина од пациентите, се случува да недостига терапија и соодветни тестови за навреме да се дијагностицира болеста. Ова го посочија пациенти и пациентски организации на вториот национален симпозиум за меланом, кој се одржа во организација на Здружението „Борка – за секој нов ден“. Биба Додева, претседателка […]

Целијакија: На еден откриен пациент, има седум неоткриени со алергија на глутен


Кај еден од 4.000 пациенти докторите откриваат нетолеранција или алергија на глутен, протеин кој се наоѓа во пченицата, ‘ржта и јачменот. Притоа, на еден дијагностициран има седум недијагностицирани случаи, рекоа лекарите при одбележувањето на вчерашниот, Светски ден без глутен. Целијакијата е хронична автоимуна болест на дигестивниот систем. Може да се појави во кој било период […]

(Видео) Во Zan Mitrev Clinic презентиран модел на тродимензионално срце


Модел на тродимензионално срце на млад пациент денеска беше презентиран во „Zan Mitrev Clinic“, со помош на врвна нова технологија што ја имаа оваа клиника и за првпат во државата, соопштија од „Zan Mitrev Clinic“. Вакви модели можат да се прават за други пациенти и за други органи и тоа многу ја олеснува дијагностиката, велат од […]

Владата ги објави условите за трансплантации во приватни клиники


Почна постапката за доделување лиценци за трансплантација на органи кои би требало да се вршат во приватните клиники во Македонија, со цел пациентите да не одат во странство да им се пресадат органи доколку тоа може да се направи тука. Владата вчера во „Службен весник“ ги објави одлуките за доделување по три лиценци за пет […]

Стартува нов метод: На двајца пациенти ќе им се вади тумор од бели дробови без операција


Двајца домашни пациенти се првите на кои в понеделник лекарскиот тим на Клиниката за пулмологија ќе им направи интервентна бронхоскопија, односно вадење тумор од белите дробови без операција. Тоа е нов метод кој првпат ќе се примени во Македонија, по што оваа клиника би требало да стане референтен центар и за пациенти од Косово, Албанија […]

Директорот на Институтот за ТБЦ: Ако сум гинеколог, разбирам што е туберкулоза


Сите болнички третирани пациенти во Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза  добиле соодветна терапија за лекување туберкулоза, претходно потврдена дијагноза и врз основа на микробиолошки наод. Ова го заклучила Комисијата што ја формира Министерството за здравство за да испита како се лекувани 21 пациент на овој Институт, за кои имаше информации дека се лекувани од […]

Хелсиншки комитет: Докторка од онкологија одбила да прегледа штитеник од Демир Капија


Докторка од Клиниката за онкологија одбила да му пропише терапија на штитеник на Специјалниот завод во Демир Капија, опериран од карцином. Случајот го објави Хелсиншкиот комитет за човекови права, од каде што најавуваат кривична пријава против лекарката. Од Клиниката за онкологија велат дека случајот е решен и нема никаква дискриминација. Станува збор за лице на […]

Пролетните вртоглавици не мора да се лекуваат


Вртоглавиците од почетокот на пролетта се еден од најчестите симптоми причинети од промената на годишното време. Променливата надворешна температура и атмосферскиот притисок се главниот прекинувач кој почнува да ја врти „вртелешката“ во глава. Но, до тоа може да доведе и наглото зголемување на физичката активност, како и промените во хормонскиот статус, исхраната, а неретко и […]

Штипски лекари ја крепат болницата во Кочани да не се затвори


Доктори од Штип доаѓаат да работат и во болницата во Кочани за да им помагаат на колегите, во спротивно кочанската болница може да се затвори поради недостиг на кадар. Во болницата има само 25 доктори на 120.000 население од Кочани, Берово, Пехчево, Македонска Каменица, Делчево… За да може да ги опслужи сите, потребни се барем […]

Вкупно 11 лица заболеа од мали сипаници за само три месеци


За три месеци во Македонија регистрирани се 11 случаи на мали сипаници. Осум од заболените лица живеат во Скопје, а по еден во Куманово, Тетово и во Охрид, информираа од Институтот за јавно здравје. За споредба, минатата година биле регистрирани вкупно 19 случаи. И тогаш, најголем дел од нив (16) биле во Скопје. Според податоците […]

Приватните гинеколози на средба во ФЗОМ


Менаџментот на Фондот за здравствено осигурување попладнево ќе одржи средба со претставници на Здружението на приватни гинеколози. Од Здружението бараат зголемување на капитацискиот бод од 55 на 60 денари, бодот да биде според возраста на пациентката и да се дефинира пакетот на услуги кои ги покрива државата. – Сите одлуки кои ќе бидат заеднички донесени […]

Наглите разлики во температурата ќе ги доразболат хронично болните пациенти


Промени на крвниот притисок, главоболки, вртоглавици, лоша циркулација, се последиците кај хронично болните, но и кај здрави луѓе поради наглите температурни разлики. – При вакви промени во пролет или во есен, кога има големи температурни разлики, кај возрасните и оние кои имаат хронични заболувања доколку е нарушена циркулацијата тогаш и пациентите имаат зуење во ушите, […]

СЗО: Опаѓа бројот на заболени од туберкулоза во Европа


Бројот на нови пациенти со туберкулоза се намалува со просечна стапка од 4,3 отсто годишно во Европа, соопштија Европскиот центар за превенција и контрола на болести и Светската здравствена организација (СЗО). Но овој тренд не е доволен за да се постигне целта за ставање крај на епидемијата на туберкулоза до 2030 година. СЗО ги повикува […]

Намален е бројот на заболени од грип


Постепено се намалува бројот на заболени од грип во државава. Изминатата недела биле регистрирани 1.980 заболени, што е намалување за 32 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 2.781 заболен, се наведува во последниот извештај на Институтот за јавно здравје. Во однос на десеттата недела од минатата сезона која се карактеризираше со ран […]

Глауком – подмолна болест што води кон слепило


Глауком е најподмолната болест на очите и втора по ред причина за слепило на светско ниво. Го нарекуваат и „тивок крадец на видот“, име што совршено ѝ одговара на оваа болест. Покрај зголемен притисок во окото, глаукомот незабележливо ги уништува нервните влакна на мрежницата и очниот нерв. Тоа значи дека глаукомот ги уништува деловите од […]

Зимбаков: Пациентите на Клиниката за кардиологија се безбедни и по смената на Кедев


Одделот за интервентната кардиологија на Клиниката за кардиологија функционира тековно и нема никаков застој. Се третираат и најтешките случаи со акутен миокард. Во ниту еден момент не била и не е загрозена безбедноста на пациентите. Безбедноста и квалитетот со тимската работа ќе биде само поголема. Ова денеска го истакна директорот на Универзитетската клиника за кардиологија […]