ФЗОМ за лековите: Аптеки тактизираат, пациенти прават домашни залихи


Одредени аптеки тактизираат, а дел од тие што пропишуваат, што издаваат и што користат лекови се однесуваат нерационално. Тоа се некои од причините зошто нема лекови на рецепт до крај на месецот, одговорија од Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), на прашањето на „Независен весник“ зошто уште на 10-ти во  месецот граѓаните не можат да најдат […]

Трета среќа за Клинички центар: И нов ќе се гради и стариот ќе се крпи


Ќе се прават улици низ скопската населба Бардовци како подготовка за новиот клинички центар, но ќе се реновираат и некои од постојните клиники во сегашна државна болница. Така паралелно ќе се „турка“ да функционира најголемата здравствена установа во државата, додека да се изгради новиот и модерен медицински град, кој во петокот го најави министерот за […]

Еден од десет возрасни има болест на бубрезите


Еден од десет возрасни има некој стадиум на хронична бубрежна болест. Повеќето луѓе немаат симптоми се додека болеста не напредне. Човекот може да изгуби и до 90 отсто од функцијата на бубрезите без да почувствува значајни симптоми. Според некои истражувања ризикот од развој на хроничната бубрежна болест може да биде поголем кај жените отколку кај […]

Филипче: Ќе се воведе приоритетен упат со точна дијагноза по област


Приоритетните упати создаваа голем хаос и заради тоа веќе е направена промена која наскоро ќе се имплементира, а таа се однесува на тоа дека повеќе нема да има општ приоритетен упат, туку ќе има приоритетен упат со точни дијагнози по области, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче по посетата на Клиниката за детски болести. […]

Ќе се лекуваме ли во приватни болници на државен трошок?


Ќе можат ли пациентите на државен трошок да се лекуваат во приватните болници кај нас наместо да одат во странство, е прашање што повторно го загатнуваат сопственици на болници, но и здравствените власти. За да се случи тоа, треба Фондот за здравствено осигурување да одобри пари за повеќе услуги што осигурениците би ги добивале во […]

Повеќе од 4.000 лица заболеа од грип за една недела


Вкупно се 4.258 лица заболеа од грип за една недела, во периодот од 19 февруари до 25 февруари, објави Институтот за јавно здравје. Тоа е зголемување за 14 отсто во споредба со минатата недела кога беа регистрирани 3.728 заболени лица. Во споредба со истиот период лани, годинава бројот на заболени во оваа, осма недела од […]

Жан Митрев за успесите и за пречките: Ги лечиме странците, а не можеме нашите


На денешниот датум, во 2000 година, д-р Жан Митрев го оперира првиот пациент во тогаш Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“. Низ годините потоа болницата растеше и се ширеше за да прерасне во современ медицински центар кој пред две години се всели во објект со петпати поголем капацитет и се ребрендира во „Жан Митрев […]

Ден Дончев: И јас сум родител на дете со ретка болест, го знам патот што го одите


И јас сум родител на дете со ретка болест. Го чекорев патот по кој одите и свесен сум за тој пат. Ве охрабрувам да продолжите понатаму, а во Фондот за здравствено осигурување ќе има разбирање за вашите потреби – со овие зборови Ден Дончев, директор на ФЗОМ, им се обрати на присутните на денешната конференција […]

Секој ден е борба: Луѓето со ретки болести талкаат по дијагноза и чекаат нови лекови


Навремена дијагноза, повеќе и подобри лекови бараат пациентите со ретки болести во пресрет на денешниот 28 февруари, Денот на ретки болести. Со нив се соочуваат околу 400 пациенти од Македонија. Станува збор за комплицирани, најчесто генетски болести, кои бавно и тешко се откриваат. Од осум илјади регистрирани ретки болести, колку што има во светот, само […]

За една недела од грип заболеа 3.728 лица


Вкупно 3.728 лица заболеа од грип во минатата недела, односно во периодот од 12 февруари до 18 февруари. Тоа е зголемување за 26 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 2.964 заболени, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје. Бројот на регистрирани случаи е повеќекратно повисок споредено со седмата недела од […]

МЗ го разгледува предлогот пациентите да избираат матична амбуланта, а не матичен доктор


Олеснување на работата на лекарите и пристапот на пациентите до примарното здравство, кои веќе нема да мора да внимаваат дали нивниот матичен лекар или неговата замена е на смена и во секое време да можат да отидат на лекар, е целта на предлогот од матичните лекари кој се разгледува во Министерството за здравство. – Во […]

Филипче: Експерти од ЕУ ќе обучуваат лекари во Македонија


Бараме партнер, универзитетска болница од ЕУ, со цел експерти, посебно за работи коишто не се изведуваат кај нас, да пратат доктори кои во Македонија ќе ги тренираат нашите лекари, вели министерот за здравство Венко Филипче во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Во таа насока веќе е разговарано со Министерството за здравство од Бугарија, а, […]

Над 1.000 лица се разболеа од грип за една недела


Вкупно 1.085 граѓани заболеле од грип во последната недела од јануари, што е 70 отсто повеќе од новозаболените регистрирани една недела претходно. Тогаш беа регистрирани 637 нозаболени лица. Најмногу болни од грип има во Гостивар, објави Институтот за јавно здравје. Зад него е Тетово. Вкупниот број на заболени досега е 3.478 лица. Тоа е речиси […]

Секаде се бара анестезиолог повеќе


Во болниците низ државата има за 30 отсто помалку анестезиолози отколку што е предвидено според систематизациите на работни места, велат лекари што работат на клиниките. На Клиниката за гинекологија работат 11, а треба да се 17 анестезиолози. Последниот бил вработен во 2004 година. Оттогаш немаат примено ни анестезиолог на специјализација. Со овој специфичен кадар кубурат […]

Кашлицата е знак на скриени болести


Ова е време од годината кога многу луѓе кашлаат или поткашлуваат. Ако нема други симптоми на болеста, кашлицата обично поминува сама од себе за неколку дена. Но приближно во 20 отсто од случаите преминуваат во хронична кашлица. Доколку кашлате повеќе од еден месец, појдете на лекар. Вашиот организам можеби ви сигнализира дека станува збор за […]

„Санте плус“ работеше и покрај забраната


Приватната болница „Санте плус“ вчера работеше и покрај тоа што завчера од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) доби забрана за работа додека не ги отстрани недостатоците што ги констатирал Инспекторатот по вонредна контрола, откако во оваа болница почина родилка од Кичево. Вчера се јавивме во болницата, од каде што ни рекоа дека работат редовно […]

Преку „Мој термин“ ќе се следат ретките болести и бременоста


Министерството за здравство ќе го унапредува системот „Мој термин“ за што распиша тендер од пет милиони денари. Според најавите, во системот ќе се надградат постојните, но ќе се воведат и нови функционалности. „Како еден од поголемите модули што ќе се воведе со новата надградба на системот е воспоставување софтверско решение за регистар на лица со […]

За пет-шест години ќе нема кој да нѐ лекува


По околу 170 млади лекари годишно заминуваат од Македонија. Недостигот од специјалисти се чувствува во речиси сите поголеми болници и тоа ќе биде уште поголем проблем во иднина, предупредуваат претставници на лекарската фела. Според податоците на Лекарската комора на Македонија, на сите три медицински факултети во државата во една година дипломираат околу 200 студенти. До […]

Агенција за лекови: Доставувачите навреме да обезбедат инсулин


Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) соопшти дека имајќи ја предвид тековната состојба поврзана со достапноста, квалитетот и снабдувањето на пациентите со инсулин, единствено е одговорна за обезбедувањето на неговиот квалитет. Од Агенцијата апелираат доставувачите навремено да ги обезбедуваат потребните количини на инсулини и тие количини да бидат за подолг временски период од еден […]

Историски ден: Првпат е одобрена генска терапија, почнува од САД


Вчера во САД за првпат е одобрена генска терапија, која ќе се применува за деца и возрасни лица со некои од болестите предизвикани од мутација во точно одреден ген. „Luxturna“, како што се вика лекот, функционира така што испорачува нормална копија на генот директно во заболените клетки кои потоа произведуваат нормален протеин! Трошоците за лекување […]