Во рок од две недели се очекува половина од пациентите кои се лекуваат во странство да се вратат во земјава


Портпаролката на Влада, Венера Љатифи Азизи попладнево на прес-конференција информира дека според последните податоци денеска од болниците ќе бидат испишани 16 пациенти кои се лекувале во земјава и лекувањето ќе го продолжат во домашни услови. Потенцира дека во рок од две недели се очекува половина од пациентите кои се лекуваат во странство да се вратат […]

Муцунски: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство


Идната недела ќе почне враќање во земјава на првите пациенти што се лекуваат во странство кои се во добра здравствена состојба за да се вратат, соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на прес-конференција. Во МНРНТ денеска ќе се одржи координативен состанок за следни чекори и мерки за соодветна организација за очекуваното […]

Таравари: Десет пациенти одат на домашно лекување


Вкупно 162 лица повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се лекуваат дома и во странство, а добра вест е тоа што денеска десет пациенти кои се лекуваат во земјава ќе бидат пуштени дома, информираше министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конференција. – На Клинички лежат 25 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ има […]

В понеделник се враќаат првите пациенти кои се лекуваат во странство


 Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски очекува в понеделник во државава да бидат вратени првите пациенти од пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство и информира дека веќе се работи на планот за следните фази на рехабилитација. Вкупната бројка на повредени во пожарот достигна околу 200, во домашните болници се 72-ца пациенти, […]

Еден пациент во Ниш е во потешка состојба, двајцата други се стабилни


 Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, заедно со претставници од Министерството за здравство, го посетија Универзитетскиот клинички центар во Ниш, каде ги посетија повредените од пожарот во Кочани, сместени во таа установа. Како што соопшти МЗ, тие оствариле средби со директорот на Клиничкиот центар, проф. д-р Перишиќ, и медицинскиот тим при што биле запознаени со состојбата […]

Стојановски: Состојбата на повредените пациенти во ГОБ „8 Септември“ е стабилна, интервенции за отстранување на изумреното ткиво од изгорениците


 Состојбата на повредените пациенти од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани сместени во ГОБ „8 Септември“ во Скопје е стабилна однос на виталните параметри. Заедно со тимовите од специјализираните центри од странство се изведуваат операции за отстранување на изумреното ткиво оштетено од изгорениците и давање простор тие рани полека да почнат да зацелуваат, информира директорот […]

Град Загреб нуди сместување за семејствата на двајцата пациенти – едниот е на респиратор


Две лица повредени во пожарот во дискотеката во Кочани утринава се пренесени на лекување на Клиниката за трауматологија во Клиничкиот болнички центар „Сестре милосрднице“ во Загреб, додека транспортот на уште двајца пациенти се очекува денеска.  Тихана Магдиќ Турковиќ, началник на Одделот за анестезиологија и интензивно лекување на Клиниката за трауматологија, КБЦ, во изјава за ХРТ […]

Денеска осум пациенти ќе се префрлат во Словенија, Полска, Италија и Хрватска


Сите пациенти донесени од опожарената дискотека „Пулс“, во Кочани, кои се лекуваат на скопските клиники се стабилни, но има неколку на кои им се влошува состојбата и тие се планирани да се префрлат во странство.  Во моментов на Клиника во Скопје и во Штип има сместено 89 пациенти, а во странство до сабајлево се испратени […]

Уште 12 повредени префрлени на лекување во Србија, тројца во Грција и двајца во Австрија


Уште 12 повредени во пожарот во Кочани вечерва со авион се префрлени на лекување во Белград. Четворица од нив ќе бидат хоспитализирани во Воено медицинската академија, а осум во Универзитетскиот клинички центар, потврди за МИА д-р Игор Николов, кој е контакт-лице за сите информации поврзани со состојбата на пациентите во странство.  Во Србија досега се […]

МНР објави листа со контакти од ДКП-ата за фамилиите на пациенти пренесени во странство


Во врска со трагичната несреќа што се случи во Кочани, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија споделува контакт податоци од надлежните лица во македонските дипломатско-конзуларни претставништва, во земјите каде се хоспитализирани наши државјани. Воедно, во листата на контакти вклучени се и претставништвата во земјите кои понудиле помош за хоспитализација и лекување. Лица за контакт […]

Овие луѓе нудат сместување за блиските на настраданите


По трагичната несреќа во која загинаа 59 луѓе во дискотека во Кочани, каде изби пожар, а 155 беа повредени, повеќе луѓе, хотели и други институции нудат сместување за најблиските на повредените.  Сместување нудат најмногу за Скопје, но има и за Бугарија, Грција и другите змји што примија пациенти од Македонија. Доколку имате потреба од сместување […]

Пациенти закажуваат термини за преглед, а не се појавуваат


Пациенти закажуваат термини на кои не се појавуваат и сега се бара решение за ваквото неодговорно однесување, изјави министерот за здравство Фатмир Меџити, по презентацијата на апликацијата „Мое здравје“, во одговор на новинарско прашање во однос на поплаките на граѓани дека „имаат проблем како да стигнат до доктор специјалист“, со оглед на тоа што има […]

Пановски: Продолжи со работа Комисијата за унапредување на правата на пациентите на Град Скопје


По двегодинишен прекин на работата поради корона кризата, од септември минатата година повторно почна со работата Комисијата за унапредување на правата на пациентите формирана од Град Скопје. Секој пациент кој смета дека му е прекршено одредено право, може да се обрати кај Комисијата, рече на денешната прес-конференција претседателот на Комисијата, д-р Никола Пановски. Секој граѓанин […]

Пациентите со цистична фиброза утре на протест пред Владата


 Пациентите со цистична фиброза утре на пладне ќе протестираат пред Владата, бидејќи, како што велат, се изреволтирани од изјавите на министерот за здравство Беким Сали и на министерот за финансии Фатмир Бесими, дека терапија за цистична фиброза првично ќе добијат осум пациенти кои имаат потешка форма на болеста, и како што најави Сали, ќе се […]

Сали: Пациентите не треба да бидат жртви на одредени задоцнети политики


Министерот за здравство Беким Сали денеска коментирајќи го протестот на матичните лекари изјави дека пациентите не треба да бидат жртва на одредени задоцнети политики и посочи дека не успеале да убедат само мал дел од матичните лекари, односно околу 25 проценти од нив. -Очигледно ние како Министерство не успеавме да убедиме само еден мал дел, […]

За Нова година нема потреба од нови мерки, собири има секаде


Нема дополнителни рестриктивни мерки поради новиот Омакрон сој на корона вирусот. Министерот за здравство , Венко Филипче, смета дека опфатот на вакцинацијата е висок, иако веќе нема голем интерес. Тој кажа дека дел од ковид центрите се затвораат, а болниците се растеретени. „Не можеме да предвидиме дали нова варијанта на вирусот ќе придонесе да се […]

Морбили: Момче и бебе се борат за живот


Шеснаесетодишно момче и бебе на возраст од 11 месеци со тешки компликации од морбилите се борат за својот живот на скопските клиники. Момчето има церебрална парализа. На одделот за интензивно лекување во потешка здравствена состојба се и двајца возрасни пациенти и три деца. На Инфективна вчера биле прегледани 9 случаи со симптоми на морбили, тројца […]

Единаесет новозаболени од морбили, тројца хоспитализирани


Единаесет новозаболени од морбили се регистрирани вчера, од кои тројца се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, а останатите осум се амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување, информираат од таа јавна здравствена установа. Меѓу хоспитализираните е осуммесечно бебе од Тетово невакцинирано со бронхопневмонија, 26-годишна пациентка од Тетово вакцинирана со една доза и 36-годишна пациентка […]

На Токсикологија ноќеска примени 24 пациенти


На Клиниката за токсикологија ноќеска се примени 24 пациенти, сите во алкохолизирана состојба. Тие се веќе пуштени на домашно лекување. Хоспитализирани се и тројца корисници на психоактивни супстанци, од кои двајца се веќе дома, а една пациентка се уште е на опсервација. Како што изјави денеска  министерот за здравство Венко Филипче, во Ургентниот центар во […]

Растројствата во пораст, депресијата во тренд


За десет отсто е зголемен бројот на граѓани што имаат проблеми со менталното здравје. На годишно ниво на Универзитетската клиниката за психијатрија се лекуваат околу 15.000 пациенти, меѓутоа терапијата што ја добиваат е застарена. Има само еден современ лек кој е на позитивната листа, за уште еден се чека согласност од Фондот за здравствено осигурување, […]