Обвинителите биле во Приштина, а ќе одат и во Тирана по докази за скандалот на Онкологија


Тим од обвинители од Јавното обвинителство во текот на вчерашниот ден беше во косовското Обвинителство и оствари директна средба за обезбедување докази во врска со предистрагата поврзана со работата на Клиниката за радиотерапија и онкологија. – Од косовските органи, преку контакт-точките во Европската правосудна мрежа, се побарани конкретни податоци неопходни за проверка на наводите врз […]

Сè помалку луѓе на протест бараат правда за пациентите од онкологија


Попладнево пред Владата почна еден од низата протести на граѓаните против скандалот на Клиниката за онкологија. Со различни транспаренти стотина лица се собраа пред Владата барајќи, како што велат правда за сите оние кои го изгубиле животот на оваа клиника. „Протестот од Влада ќе продолжи пред зградата на Министерството за здравство, каде што ќе побараме […]

Медицинската сестра од Онкологија зела лекови вредни 1.000 евра


 Јавното обвинителство поднесе обвинение за „проневера“ против медицинската сестра од Клиниката за онкологија која крадела цитостатици. Осомничената не е достапна за органите на прогонот. – Јавното обвинителство против неа поднесе два обвинителни предлози за кривични дела – „проневера“ во службата од член 354 од Кривичниот законик. Во текот на претходната постапка, Обвинителството обезбеди докази дека […]

Собранието донесе одлука за формирање анкетна комисија за случајот со Онкологија


Со 82 гласа пратениците денеска донесоа одлука за основање анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. Предлогот поднесен од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ беше поддржан од повеќето присутни пратеници. Пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ смета дека случајот за злоупотребата на терапија на Клиниката за онкологија треба да се расчисти, а анкетната […]

Протест за случајот Онкологија: Како пациенти, најважно ни е да се добијат имиња и презимиња на инволвираните


 Како онколошки пациенти, најважно ни е да се добијат имиња и презимиња на инволвираните лица, беше истакнато на вечерашниот протест пред Обвинителството во Скопје, откако по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на Клиниката за онкологија беше отворена предистражна постапка. Онколошки пациенти на вечерашниот протест информираа дека денеска, како што тврдат, „на Клиниката за […]

На Онкологија почна подготовката за поставување на новиот аксцелератор


На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) ќе се инсталира линеарен аксцелератор за потребите на онколошките пациенти. На клиниката денеска почна деинсталацијата на постојниот систем за радиотерапија, односно линеарниот акцелератор 356, стар околу 20-тина години. Како што соопшти Министерството за здравство, во тек се подготвителните активности за инсталација на неупотребениот линеарен акцелератор, кој беше […]

Запалени, измачкани со црвена боја и подмитени фотографии на одговорните за скандалот на Онкологија


Пред Влада на Република Северна Македонија почна протестот за случајот со Клиниката за онкологија. Со барање „Правда за жртвите“, се очекува протестот да продолжи пред зградата на Основното јавно обвинителство во Скопје. Организаторите најавија дека ќе ги интензивираат протестите и повторија дека се бара судска разрешница за сите инволвирани во „скандалот со Клиниката на онкологија“, […]

Меџити ветува дека сите виновни за скандалот во Онкологија ќе бидат санкционирани


Фатмир Меџити, министерот за здравство, во врска со скандалот на Клиниката за онкологија рече дека не може сите здравствени работници да бидат ставени во ист кош. Меџити рече дека нашето здравство има врвни доктори и дека Министерството ќе направи сè за нивниот углед да биде зачуван, што е правилно и фер пред граѓаните. „Како министер […]

Пациентите од Клиниката за онкологија и вечерва протестираа пред ЈО


Протест за случајот со Клиниката за онкологија се одржа и денеска пред Јавното обвинителство во Скопје. Засегнати пациенти со истите барања, пред зградата на обвинителството порачаа дека сакаат истрагата да биде брза, особено во делот на лекарствата за, како што велат, да знаат тие што се најзасегнати како да го продолжат своето лекување. Пациентите од […]

Спасовски за Oнкологија: Важно е предметот да се заврши брзо и квалитетно


За случувањата во Клиниката за онкологија, важно е предметот да се заврши брзо и квалитетно, а пардон нема да има за никого, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервјуто за неделникот „Фокус“. Во врска со истрагата и обезбедените докази, Спасовски нагласи дека прво сака да потенцира оти на самата помисла за сè она […]

Предлог-одлуката за основање анкетна комисија за случајот Онкологија пред Комисијата за политички систем


Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе расправа за Предлог – одлука за основање на анкетна комисија за случајот Онкологија по информациите за злоупотреби со биолошката терапија за онколошките пациенти на ЈЗУ Универзитетска Клиника за радиотерапија и онкологија за што веќе има отворено истрага. Формирањето на анкетната комисија е со потписи […]

ОЈО ќе побара податоци за пациентите од Косово кои се лекувале со цитостатици во Македонија


Тим од јавни обвинители и истражители од Основното јавно обвинителство Скопје преземаат дејствија за испитување на наводите кои првично упатуваат на основи за сомнение за сторени кривични дела против здравјето на луѓето и проневера во службата на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Со цел испитување на ваквите наводи, до овој момент од Клиниката е обезбеден […]

Меџити, eден месец пред скандалот на Онкологија имал индиции за злоупотреби


Имавме индиции дека во минатото се случила некоја злоупотреба на Онкологија, пред моето доаѓање за министер, го знаеме случајот со медицинската сестра, па откако сум јас министер, побарав од Инспекторатот да направат контрола. Тие биле на Клиниката за онкологија и радиотерапија и извршиле контроли во период од први јануари 2022 година, до 31 октомври таа […]

Барањето за основање анкетна комисија за онкологија утре на седница собраниската Комисија за политички систем


Во Собранието утре е закажана седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците со единствена точка на дневен ред Предлог на Одлука за основање на анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска Клиника за радиотерапија и онкологија.  Формирањето на анкетната комисија е на барање на 20 пратеници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која достави Предлог-одлука […]

ОЈО: Тројца пациенти од Онкологија ќе имаат увид во целата постапка


Имајќи го предвид фактот дека со предметот кој се води во врска со Клиниката за онкологија се испитува евентуална повреда на највисокото уставно загарантирано право на здравствена заштита, Основното јавно обвинителство Скопје денеска информира ќе преземе дополнителни чекори за обезбедување максимална транспарентност и отчетност на постапката. Врз основа на барањето на онколошките пациенти изнесено на […]

Се фрлаа и јајца кон ОЈО на протестот за случувањата на Онкологија


Граѓаните кои протестираа прво пред Владата, а потоа и пред Јавното обвинителство бараа одговорност и оставка од тројцата последни министри за здравство, во врска со случајот на Клиниката за онкологија. Учесниците во протестот го изразија нивниот револт со фрлање на јајца кон ЈО и извикуваа „убијци”, „мафија”, „оставка”, „нема правда, нема мир”, како и „правда […]

Почна протестот пред Влада за случајот на Клиниката за онкологија


Пред Владата, попладнево почна протестот на граѓаните кои го изразуваат својот револт во врска со случувањата на Клиниката за онкологија. Со транспаренти „Убивате за профит”, „Колку вреди човечкиот живот”, „Онкологија=профит”, „Разбуди се мој народе“, тие бараат овој случај да не помине неказнето. Според најавите, протестот ќе продолжи со марш кон Министерство за здравство. Премиерот Димитар […]

Јавноста бара брза и ефикасна истрага за случајот Онкологија


Гнев во јавноста, страв кај најтешко болните – случајот Онкологија предизвика лавина реакции кај познатите личности, но и кај обичните луѓе. Некои од нив го кажуваат и сопственото искуство што го имале со оваа клиника на која се лекуваат за најтешко болните – оние со малигни заболувања. На социјалните мрежи „врие“ од реакции во кои […]

Ковачевски за случајот Онкологија: Секој криминал има име и презиме


Премиерот Димитар Ковачевски денска изјави дека ја поддржува акцијата која што ја спроведува МВР и Обвинителството за расчистување на случајот Онкологија по објавените информации за злоупотреба и преподажба на скапа терапија за малигно болните, како и дека нема да има било какви интервенции во однос на заштита на било кого бидејќи, како што посочи, станува […]

Полицијата влезе во Клиниката за онкологија


На Клиниката за онкологија во универзитетскиот клинички комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје во тек е полициска акција. Од Министерството за внатрешни работи за МИА ја потврдуваат акцијата, но не  откриваат детали. Најавуваат дека ќе споделат повеќе информации, во координација со Основното јавно обвинителство по завршување на акцијата. Дел од медиумите објавија дека акцијата следува по […]