Почина Минка Веизовска, пациентката што го пријави аптекарот од Онкологија дека ѝ барал мито за биолошка терапија


Утрово почина Минка Веизовска, пациентката од Клиниката за онкологија која го пријави аптекарот од Клиниката дека ѝ барал поткуп за да ѝ издаде биолошка терапија „кејтруда“. Тажната вест ја потврди нејзиниот сопруг и додаде дека смртта настапила на Клиниката за пулмологија во Скопје, објави „Слободен печат“. Од Јавното обвинителство за „Слободен печат“ потврдија дека и […]

И в година може да доцни терапијата за онколошките пациенти


Без кадар може да останат клиникте во Клиничкиот центар во Скопје, доколку Министерството за финансии не одобри нови вработувања, предупреди денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, кој беше во посета на Клиниката за онкологија и радиотерапија. Вели, изборна година е,  а со пацинетите ќе нема кој да работи.  – Ќе упатам апел до Обвинителството дека […]

Големиот долг на Онкологија почнал да се создава во 2021, а најголем бил лани во ноември


Големиот долг на Клиниката за радиотерапија и онкологија почнал да се создава во 2021 година, кога изнесувал околу 394.721.263 денари, а уште позначајно се зголемил во 2022. Највисокиот износ бил 823.185.746 денари во ноември минатата годна кога сегашната в.д. медицински директор д-р Виолета Клисарова ја презела функцијата. Во 2018 година, како што рече, Клиниката имала […]

Нухи: Не сум препродавал лекови, ја наследив Клиниката со долг од 200 милиони денари


На никаков начин не сум си играл со судбината на пациентите и нивните семејства, не сум препродавал лекови, ниту со незаконско работење сум „билдал“ долгови на Клиниката за онкологија, рече денеска Нехад Нухи во сведочењето пред собраниската Анкетна комисија. Нухи, кој беше организациски директор на Клиниката за онкологија од јуни 2021 до 3 април 2023 […]

Судењето против медицинската сестра од Онкологија одложено за 4 декември


Судењето против медицинската сестра од Клиниката за онкологија која е обвинета за проневера во службата со сомнение дека крадела цитостатици е одложено за 4 декември, информираат од Основен Кривичен суд Скопје. – Главната расправа за предметот со К.бр. 1990/23 против А.О. за кривичното дело Проневера во службата од чл. 354 ст.1 од КЗ, а поврзано […]

Васев: Па не сме зеле столови и градежен материјал, сме зеле лекови за пациенти што веќе биле на терапија


Поранешниот директор на Клиниката за радиотерпија и онкологија Никола Васев пред пратениците призна дека се користеле лекови земени на реверс, за што вели дека е правно недозволиво, но го практикувале оти хипократовата заклетва ги обврзува да не ги остават пациентите без лекови. Васев објасни дека на реверс се земале лекови само во случаите кога не […]

Бекироски: МАЛМЕД не е надлежен за случајот „Онкологија“


На собраниската Анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, заменик – директорот на „МАЛМЕД“, Роберт Бекироски денеска одговара на прашања на членовите на Комисијата. Бекироски кажа дека од јануари 2019 до денеска е актуелен заменик – директор на Агенцијата за лекови и медицински средства, а од август 2017 до октомври […]

Анкетната комисија за случајот Онкологија ќе сослушува сведоци и експерти


Анкетната комисија што ја формираше Собранието за утврдување одговорност за скандалот на Клиниката за радиотерапија и онкологија денеска ќе продолжи со работа со сослушување сведоци и експерти, како и разгледување акти и документи. Претседателката на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Рашела Мизрахи минатата недела изјави оти очекува до […]

Поранешни и актуелни директори на ФЗО на сослушување пред Анкетната комисија за онкологија


Анкетната комисија за случајот на Клиниката за онкологија денеска продолжи со работа со сослушување на поранешните и актуелните директори на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, Орхан Рамадани, Фатон Ахмети, Магдалена Филиповска Грашковска. На денешната седница, која се води од потпретседателот на Анкетната комисија Александар Велјановски, ќе бидат сослушувани и сведоци и експерти, […]

Да се спроведат сите препораки на ДЗР: Комисијата за финансирање и буџет усвои повеќе заклучоци за онкологија


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја заврши 71. седница на која беа усвоени повеќе заклучоци од дискусијата за финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2021 година во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје. Првиот заклучок беше укажувањето на Собранието дека одговорните лица на субјектот предмет на ревизија, ЈЗУ Универзитетска клиника […]

Продолжува комисиската расправа за ревизорските извештаи за Онкологија


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата по Конечните извештаи на Овластениот државен ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2021 година во Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија Скопје, здравствената институција за која Јавното обвинителство отвори предистражна постапка по наводите во јавноста за злоупотреби […]

Комисиска расправа: Пропусти во работењето на Онкологија што влијаат на услугите на пациентите


Низа пропусти кои се однесуваат на работењето на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје, а кои директно влијаат на услугите на пациентите, се утврдени во извештаите на Државниот завод за ревизија за кои денеска расправа собраниската Комисија за финансирање и буџет.  Пред членовите на Комсијата се конечните извештаи на Овластениот државен ревизор за […]

Комисијата за финансирање ќе ги разгледува ревизорските извештаи за работата на Клиниката за онкологија


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе расправа за ревизорските извештаи за 2021 година на Клиниката за онкологија. Единствена точка на дневен ред на оваа седница на Комисијата се конечни извештаи на Овластениот државен ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2021 година во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија […]

Во Собрание седница на Анкетната комисија за случајот Онкологија


 Во Собранието денеска седница ќе одржи новоформираната Анкетна комисија за случајот со Онкологија на која ќе има сослушување на сведоци и експерти и разгледување на акти и документи поврзани со скандалот во Универзитетската клиника. Како што синоќа изјави претседателката на Анкетната комисија за случајот Онкологија, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизхраи, во гостување во емисијата Анализа […]

Вечерва нов протест за случувањата на Онкологија


Вечерва нов протест поради  случувањата на Клиниката за Онкологија. Се бара истрага за можна вмешаност на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев, проширување на истрагата за работата на Детска онкологија, како и целосна ревизија на работата на клиниката. Организаторите на протестот велат дека причина за протестот е недовербата во правосудниот систем и институциите. […]

Првата седница на Анкетната комисија за Онкологија закажана за утре


Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, која е претседател на Анкетната комисија за случајот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, во изјава за медиумите најави дека првата седница на комисијата ќе биде закажана за утре. Таа порача дека како претседател на Анкетната комисија ќе ги заложи сите свои знаења, умеење, труд и […]

Протест пред Влада за случајот со Клиниката за Онкологија


Во организација на платформата „Одговорност“ денеска се одржа протест пред Влада за случајот со Клиниката за Онкологија. Даријан Петров, активист, театарски актер, кој е дел од организацијата, во своето излагање рече дека причина за протестот е недовербата во правосудниот систем и институциите. -Бидејќи немаме доверба во правосудниот систем, институциите решивме да делуваме, ја формиравме оваа […]

Итна набавка на лекот „фезго“, јавно побара пациентка со канцер


Под итно да се набави лекот „фезго“, јавно побара денеска Елизабета Ристовска, пациентка со канцер од Скопје. -Терапијата „фезго“ што ја примаме на 21 ден, минатата недела ја немаше, денеска ми е термин да го примам лекот, до десет часот имало, од десет часот веќе нема од лекот и не враќаат, реагираше таа. Ова се […]

Составот на Анкетната комисија за случајот Онкологија на комисиска расправа


 Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за прашања на изборите и именувањата и Законодавно правната комисија. Утврдување предлог-одлука за избор на претседател, членови и нивни заменици на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, е единствената точка по која ќе дискутираат членовите на Комисијата за […]