Вештачење на одбраната за „Онкологија“: Во лекувањето учествувале од три до осум стручни медицински лица, не може да се бара индивидуална одговорност


Во лекувањето на одредени пациенти учествувале од три до шест или осум стручни медицински лица, не може да се бара индивидуална одговорност – тврди одбраната за случајот „Онкологија“, кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти. Техничкиот советник на првообвинетиот, доктор Владимир […]

Во Кривичен продолжува судењето за случајот „Онкологија“


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Онкологија“, кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти. Случајот го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Марија Ѓоргева од ОЈО – Скопје. На […]

Пет медицински сестри и двајца фармацевтски техничари вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија


На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија успешно е реализирана постапката за вработување на пет медицински сестри и двајца фармацевтски техничари, на кои им се доделени соодветни решенија за вработување, објавија од Клиниката на нивната фејсбук страница. Оваа кадровска надградба, како што се посочува, претставува значаен придонес кон понатамошното унапредување на организациските и професионалните капацитети […]

Пациентите со рак протестираа пред МЗ на 40 степени – терапија е обезбедена


Пациентите на онкологија денеска одржаа протест пред Министерството за здравство, барајќи решенија за континуираниот недостиг на терапија на Клиниката за онкологија, а беа примени од заменик-министерот за здравство Јовица Андоновски. Во моментот проблемот со терапијата во Клиниката за онкологија е надминат, информираа од  „Пеперутки“, затоа што дел од терапијата веќе е пристигнат, а остатокот се […]

Таблетарната терапија за онколошките пациенти се планира да се издава и во аптеки


Има план во врска со онкологијата и дел од него е сè што е во таблетарна форма да не се дава исклучиво во болницата во Скопје, туку да се префрли во аптеките. Минатата година беа префрлени два лека за рак на дојката од болницата во аптеките и неколку илјади пациентки веќе немаат потреба да одат […]

Сведок на одбраната во случајот „Онкологија“: Мора да се утврди кој лекар со кои податоци располагал кога носел одлуки


За да се утврди одговорност за лекување не е доволно да се констатира отстапување во терапијата, туку мора да се докаже јасна причинско-последична врска меѓу конкретна лекарска одлука и конкретна последица кај пациентот, истакна вештакот Владимир Даниловски, кој на предлог на одбраната, сведочеше денеска во Основниот кривичен суд Скопје на продолжението на судењето за случајот […]

Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: Безбедноста на пациентите не е загрозена, а состојбата е целосно под контрола


Во текот на вчерашниот ден, поради невремето и обилните врнежи во Скопје, беше регистрирано протекување на вода на нивото -1 од објектот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, каде што е лоциран Одделот за радиотерапија, информираат од Клиниката. Како превентивна мерка, додаваат, апаратите беа привремено исклучени. -По санирањето на протекувањето, просториите беа исчистени и […]

Поплавен делот за зрачење на Клиниката за онкологија – исклучени се апаратите за радиотерапија


Силното невреме што го зафати Скопје предизвика проблеми и на Клиниката за онкологија, јавуваат денеска дел од медиумите. Според информациите, бил поплавен долниот кат на објектот каде што се изведуваат третманите со радиотерапија. Директорот на Клиниката, Игор Стојковски, за порталот „Скопје1“ потврдил дека веднаш по настанот биле исклучени сите апарати за радиотерапија, со што, како што […]

Поранешните директори на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, излегуваат од притвор, прифатена гаранцијата со хипотека на имот


 Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, и организацискиот директор Нехад Нухи излегуваат од притвор откако Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, по предлог на одбраната и позитивно мислење од Обвинителството, донесе одлука со која се прифаќа понудената гаранција со хипотека на имот и им определи мерки на претпазливост.  Кривичниот совет при Основниот […]

Одложено судското рочиште за „Онкологија“, следното на 1 јуни


Одложено е денешното судско рочиште за случајот „Онкологија“ што се води во Основниот кривичен суд во Скопје поради, како што беше кажано, спреченост на техничкиот советник на Обвинителството да присуствува од оправдани причини – неодложни работни обврски. Следното рочиште за случајот е закажано на 1 јуни.  Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и […]

„Онкологија“: Вештакот од Србија укажува на пропусти во лекувањето и недоволно следење на пациентите


 Вештакот Давор Радославевиќ од Србија денеска во Основниот кривичен суд во Скопје, одговараше на вкрстени прашања на одбраната на поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Тој при тоа укажа на пропусти во лекувањето и недоволно следење на пациентите, додека одбраната тврдеше […]

Поранешната директорка на Онкологија Клисаровска сведочеше за недостигот од конзилиум и колективни одлуки за терапии


Недостиг од утрински состаноци, отсуство на групно донесување на одлуки за терапија и неажурирани протоколи, беа дел од недостатоците што ги изнесе поранешната в.д. директорка на Клиниката за Онкологија, Виолета Клисаровска, на судењето за случајот „Онкологија 2“. Таа посочи дека при нејзиното назначување затекнала долг, нееднакви исплати кон добавувачите и судски спорови, како и задоцнета […]

„Онкологија 2“: планот за набавка на биолошка терапија не го носел стручен колегиум, недостигале и протоколи и упатства


Слабости и неусогласености со законските прописи утврдила ревизијата на Клиниката за онкологија – изјави претставник од Државниот завод за ревизија, кој детаљно објасни како и зошто била извршена ревизијата на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) за 2021 година, на денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“.  – Ревизија се изврши во согласност со редовната […]

Промените во лекувањето на пациентите не биле соодветно бележени – вели вештак од Словенија


Со сослушување вешти лица од Словенија, кои ги работеле медицинските вештачења за Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти.  Вештото лице Маја Радник од Медицинскиот факултет Марибор, Словенија, која го изработила […]

Случај „Онкологија 2“: ФЗО плаќал за лекови без спроведени постапки и без фактури, одбраната бара укинување на притворот за Васев и Нухи


Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) морал да ги покрие финансиските обврски на Клиниката за радиотерапија и онкологија иако тие биле создадени преку набавка на лекови на реверс, без претходно спроведени постапки и без фактури, беше посочено на денешното рочиште во Основниот кривичен суд – Скопје за случајот „Онкологија 2“, во кој се обвинети поранешниот медицински […]

Финансиска раководителка на денешното рочиште за „Онкологија 2“: „По ковид-карантинот ми беа одземени ингренциите“


Судењето за „Онкологија 2“ продолжи со исказ на раководителката на финансиско-сметководственото работење на Клиниката, која опиша сериозни промени во управувањето со финансиските процеси од крајот на 2019 и почетокот на 2020 година, пренесе Скопје1. Таа изјави дека по враќање од ковид-карантин затекнала дека клучниот дел од нејзината работа – подготовката на налозите за плаќање – […]

Пациентка сведочеше дека д-р Нино ѝ дал терапија „што ја немало“ за другите затоа што е помлада


На денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“ во Основниот кривичен суд Скопје сведочеше пациентка која примала хемотерапија и имунотерапија, опишувајќи како една од терапиите ѝ била дадена надвор од стандардната процедура и без да биде евидентирана во регистарот. Според нејзиниот исказ, деветтиот пат кога дошла на Клиниката, докторот Нино Васев ѝ соопштил дека лекот е […]

Случај „Онкологија“: Конечната одлука за терапија ја носел директорот, а конзилиум за таргет-терапија немало


Во Основен кривичен суд Скопје денеска во врска со случајот „Онкологија“, пред Судот сведочеа двајца лекари-специјалисти и застапници на оштетени пациенти. Даниела Попоска, онколог и радиотерапевт, која долги години работела на клиниката, појаснуваше во врска со тоа со кои лекови може да се комбинира лекот палбоциклит. Таа посочи дека тој не се комбинира со хемотерапија […]

Сведок во случајот „Онкологија“: Татко ми никогаш немаше добиено терапија навремено


 Со сослушување на сведоци во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Онкологија 2“, во кој се обвинети поранешниот медицински директор Нино Васев и економскиот директор Нехад Нухи. Случајот е во доказна постапка, а обвинението го застапува јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска. На рочиштето беа сослушани тројца сведоци, доктор Ненад Митревски, членката на […]

Продолжи судењето за Онкологија, сведоци тврдат дека давале мито за терапија


Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд Скопје, продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Пред Судот беа сослушани повеќе оштетени сведоци, законски застапници на починати пациенти, кои зборуваа за лекувањето и конкретната терапија […]