Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Груевски, ВМРО-ДПМНЕ си ја врати ,,Белата палата”


  Апелацискиот суд во Скопје ја потврди ослободителната пресуда за екс-премиерот Никола Груевски кој беше обвинет во случајот ,,Талир 2″, што наедно значи дека ВМРО-ДПМНЕ си ја враќа белата палата и другиот имот што беа замрзнати со години. „Апелацискиот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-711/26, во […]

Полска побара од САД екстрадиција на избеганиот министер Зиобро. Дали Македонија уште собира документи за Груевски?


  Полска официјално побара од САД во понеделник да го уапси и екстрадира поранешниот министер за правда Збигњев Зиобро, барајќи да се гони политичарот во бегство од националистичката партија Право и правда (ПиС) за наводна злоупотреба на моќ, пренасочување на јавни средства кон политички сојузници и шпионирање на противници. Зиобро, многу контроверзна фигура, протурка сеопфатни […]

Ослободителна пресуда за Никола Груевски за случајот „Талир 2“


  Основниот Кривичен суд Скопје го ослободи од обвинение поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Талир 2“, за пречекорување на службени овластувања и противправно финансирање на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.  Судијката Даниела Алексовска, во објава на пресудата изјави дека за овој случај треба да се имаат предвид измените на КЗ од 2023, а […]

Груевски заработил илјадници евра минатата година за давање совети во Будимпешта


  Добриот пријател на Виктор Орбан од Македонија, Никола Груевски, кој беше осуден, а потоа избега во Унгарија во 2018 година и доби статус на азилант, започна сопствен бизнис во летото 2021 година и ја основа својата консултантска компанија под името ICIC Kft. Тоа е мини бизнис, бидејќи нема вработени, и покрај фактот дека воопшто […]

Груевски како унгарски државјанин може да биде заштитен, иако Македонија ќе бара екстрадиција


  Никола Груевски, поранешниот премиер на Македонија кој во 2018 година избега во Унгарија, добил целосно унгарско државјанство во 2022 година врз основа на „унгарски државен интерес“, објавува истражувачкиот портал „ВиСквер“ (VSquare), повикувајќи се на извори од унгарската влада. Според текстот на познатиот истражувачки новинар, Саболч Пањи, Груевски најверојатно сè уште се наоѓа во Унгарија, […]

Полските министри бегалци избегаа и од Унгарија. Таму остана само Никола Груевски


  Поранешниот полски заменик-министер за правда Марчин Романовски, кој е обвинет во Полска за проневера на јавни средства, можеби ја напуштил Унгарија преку Србија, изјави унгарскиот премиер Петер Маѓар во интервју објавено на полскиот приватен канал ТВН24. Маѓар е во дводневна посета на Полска, а прашањето како поранешниот полски министер за правда Збигњев Зиобро и […]

Петер Маѓар ни во „најлуда фантазија не може да замисли зошто сум осуден“, сугерира Груевски


  Прво сегашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му делеше задачи на новиот јавен обвинител што и како да работи и за кои случаи да се зафати. Сега неговиот претходник во ВМРО-ДПМНЕ, азилантот во Будимпешта, Никола Груевски, му дава задачи на на македонскиот министер за правда со што да се занимава, наместо да […]

Груевски засега може да биде мирен во Будимпешта. За него нема меѓународна потерница од Интерпол


  Никола Груевски може да биде екстрадиран во Македонија ако тоа го побара нашата држава, но може и да остане во Унгарија. Барем засега. Откако победникот на изборите во Унгарија, Петер Маѓар, минатиот понеделник на неговата меѓународна прес-конференција ги посочи двајцата поранешни полски министри и Груевски како азиланти од кои треба да се ослободи неговата […]

Груевски треба со децении да биде во бегство за „Плацеви на Водно“. Казната му застарува во 2043 година


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска му испрати посредна порака на неговиот претходник на чело на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека му е најдобро да не се враќа во Македонија затоа што веднаш по неговото доаѓање ќе биде испратен во затвор затоа што има правосилна пресуда. Груевски имаше неколку правосилни пресуди, од кои најголемата е за случајот […]

Филипче ја повика владата да побара екстрадиција на Груевски, ќе бара истрага и за парите од Будимпешта


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, побара од владата веднаш да побара екстрадиција на екс-премиерот Никола Груевски, а од Будимпешта да го истражи потеклото и текот на парите што од Виктор Орбан стигаа во Македонија преку ВМРО-ДПМНЕ. Според него, на изборите во Унгарија се видело дека европските интереси победуваат над Русија и дека победата на […]

Петер Маѓар го отвора патот за испорачување на Груевски


  Многу луѓе се плашат што ќе биде со нив по триумфалната победа на Петер Маѓар и неговата партија Тиса на изборите во Унгарија. И од 16-годишниот режим на Виктор Орбан, а и кај оние кои добиле политичко прибежите таму. Двајца од нив се поранешни полски министри од владата на националистичката партија Право и правда, […]

Орбан, Груевски и Радев во иста мисија – ќе ја запираат војната во Украина


  Едно дуо-трио се појави во јавноста последниве неколку дена кое на свој начин ја заплашува јавноста дека е можна нова голема војна во Европа во која ќе страда целиот континент – и малите и големите, доколку не се најде некакво решение за смирување на борбите во Украина и разбирање за руските интереси. И Во […]

Врховниот суд го одби Груевски, мора да оди во затвор


  Барањето до Врховниот суд што се претвори во своевидна политичка пресметка, па дури и драма, заврши – Никола Груевски е одбиен и останува да важи неговата казна од девет години затвор за случајот „Плацеви на Водно“. Врховниот суд соопшти дека го одбил како неосновано неговото барање за вонредно преиспитување на правосилната пресуда. Со тоа, […]

Кој се плаши од Никола Груевски?


  Центарот на светот се поместува онаму каде што оди Никола Груевски. Тоа може да се заклучи од разговорот на бегалецот од Будимпешта за белградска „Политика“, весникот кој е претворен во провладина алатка, наведен како „ексклузивно интервју“. Во тоа интервју на Груевски (со новинарот Жељко Шајн, кој не е непознат за македонската јавност) и позицијата […]

Стефанова: Груевски противправно стекнал имот, судот да му изрече највисока казна


Судот на Никола Груевски да му изрече највисока казна, а за обвинетиот Сашо Мијалков казната да биде повисока од предвидената, предложи јавната обвинителка Лиле Стефанова во завршните зборови за предметот „Плацеви на Водно“. Воедно, обвинителката денеска од судот побара конфискација на становите на Никола Груевски, вклучително и трите стана во Панорама, сопственост на фирмата „СС […]

Груевски се јави повторно: Заев му се одмаздува на Чавков за „Поткуп“


Поранешниот премиер Никола Груевски се огласи повторно преку социјалните мрежи од азилот во Будимпешта. Овој пат, повод за неговото обраќање е притворањето на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков пред пресудата за 27 април, за што со нова истрага е опфатен и Груевски, како еден од организаторите на насилстваат во парламентот. Според Груевски, ова […]

Распишана нова меѓународна потерница по Груевски


Обвинителството за организиран криминал издало наредба до МВР за распишување меѓународни потерници против две лица, најверојатно поранешниот премиер Никола Груевски и Никола Бошковски од УБК, кои се во бегство во Унгарија и во Грција. Против нив неодамна беше отворена нова истрага како организатори на насилствата во парламентот на 27 април. Со истрагата се опфатени и […]

Груевски се изнервира што влегуваме во НАТО


Поранешниот премиер Никола Груевски, сега азилант во Унгарија, веднаш по денешниот настан во Брисел, се јави на фејсбук од Будимпешта со честитка за потпишувањето на Протоколот за членство на Македонија во НАТО. Во долго обраќање на ФБ, Груевски, всушност, ја нарекува актуелната влада „марионетска„, оценувајќи дека е срушен концептот „кој бараше правичност, фер договор и […]

Ќе се врати Груевски – ама кога ќе бидеме во НАТО


Александра М.Митевска Пролетта 2008 година, политиките на тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски доведоа до целосна блокада на интеграцијата на Македонија во НАТО. Земјата што дотогаш беше лидер во Јадранската група преживеа стравотно фијаско на самитот во Букурешт, наспроти Хрватска и Албанија, кои сега заокружуваат една деценија членство во најмоќниот воено- политички […]

За две недели Обвинителството ќе обелодени како избегал Груевски


Јавното oбвинителство во наредните две недели ќе излезе со информации за резултатите од предистражната постапка за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски и начинот на кој ја напуштил земјава. Наредната недела претставници од Обвинителството ќе одат во Црна Гора да ги земат видео материјалите поврзани со овој случај, а од Албанија се бара и таа […]