Откриено кој го фотографирал Груевски: Го фатив жив


Британскиот новинар, Даниел Нолан го фотографирал екс-премиерот, Никола Груевски во близина на пивница во Будимпешта. „Го фатив жив! Пребеганиот екс-македонски премиер забележан во Будимпешта“ – напишал британскиот новинар на Твитер. Ова е прва фотографија од Груевски по неговото бегство и добивањето азил во Унгарија, пред отслужување на двегодишната затворска казна.

Вучиќ: Ќе бевме најдобри на светот ако го уапсевме Груевски без потерница


Српскиот претседател Александар Вучиќ во своето вечерашно обраќање пред јавноста, меѓу другото се осврна и на бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски преку Србија. Тој истакна дека „некому би му биле сигурно најдобри на светот доколку кажевме дека сме виновни што не го уапсивме поранешниот македонски премиер, а веројатно требаше да го уапсиме без […]

Груевски доби азил зашто не ги среди затворите


Лошите услови во затворите во Македонија се еден од аргументите поради кои унгарските власти му дадоа азил на поранешниот премиер Никола Груевски, кој вчера самиот соопшти дека неговото барање е одобрено по експресен пат. Слично како што јави дека пребегал во Будимпешта, Груевски се јави повторно со статус на Фејсбук за да објави дека азилот […]

Бегство што ја „киднапира“ довербата во власта


Премиерот Зоран Заев најави и вчера темелна истрага за бегството на експремиерот Никола Груевски во Унгарија. Рече дека ако таа истрага покаже дека институциите потфрлиле, некој ќе сноси одговорност. Но одложените најави на премиерот за можна одговорност за скандалот, што од темел го потресе неговиот кабинет, не го амортизираат незадоволството во јавноста поради бегството на […]

Нечесниот чин на почесниот лидер


ВМРО-ДПМНЕ има моментно двајца почесни претседатели. Првиот – Љубчо Георгиевски е надвор од партијата, а вториот – Никола Груевски избега надвор од државата. Но, иако неговото бегство ги урива тезите на опозицијата за негов политички прогон и им го искомпликува статусот на другите осомничени и обвинети од СЈО, од ВМРО-ДПМНЕ беа вчера категорични дека не […]

Заев праша: дали Груевски избегал или бил киднапиран


Премиерот Зоран Заев денеска отвори дилема дали поранешниот премиер Никола Груевски по сопствена волја заминал од земјава или бил киднапиран? -Дали Груевски доброволно ја напуштил Македонија или бил киднапиран? Јавно го поставувам ова прашање, рече Заев на денешната заедничка прес-конференција со министерот за финансии Драган Тевдовски околу проекциите за буџетот за 2019 година. Заев рече […]

Само братучедите останаа недопирливи


Бегството на поранешниот премиер Никола Груевски ги смести неговите поранешни најблиски соработници, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, во затворот во Шутка. За разлика од најбогатиот Македонец Орце Камчев, кој доби пристојно сместување во Шутка во една од „хашките соби“, како што дознаваме, Јанакиески и Божиновски се сместени во обични ќелии. Од она што го слушна […]

Сите патишта водат кон Будимпешта: Груевски како Грујевски


Македонија бара од унгарските власти да го вратат назад во земјава поранешниот премиер Никола Груевски, кој бегајќи од правдата најде засолниште во Будимпешта. Сега, практично, дилемата е на кое барање ќе одговори побрзо администрацијата на Виктор Орбан – на македонското за екстрадиција или на барањето на Груевски за добивање азил. Од унгарската влада информираа дека […]

Се подготвува барањето за екстрадиција на Груевски


Во Министерството за правда, како што информираат оттаму, се подготвува барањето до унгарските власти за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски. Од Министерството за правда велат дека по известувањето од МВР дека Груевски е пребеган во Будимпешта се одбатиле до Кривичниот суд во Скопје, каде што поранешниот премиер беше осуден на затворска казна од две […]

Груевски отсега ќе биде неоправдано отсутен пратеник


Никола Груевски нема веќе да се третира како оправдано отсутен од парламентот, независно од тоа дали од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги пријавуват неговите отсуства. Ваква одлука, според информациите, е донесена на денешната координација во Собранието што ја свика спикерот Талат Џафери по бегството на поранешниот премиер. Одлучено е исто така да се применат […]

Во парламентот координација за Груевски


Спикерот Талат Џафери ги собрал на координација потпретседателите и координаторите на пратеничките групи за да разговараат за пратеничкиот статус на Никола Груевски, по неговото бегство во Унгарија. Координацијата се одржува пред почетокот на денешното продолжение на 65.седница. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го пријавуваше досега Груевски како отсутен од седниците, што се смета како оправдано отсуство. […]

Неславен епилог на една политичко-правна драма: Азил или резил?


Главниот лик во проектот на поранешната опозиција наречен „Вистината за Македонија“ – Никола Груевски ѝ избега на правдата. Тој тврди дека ја напуштил државата – со пратенички мандат, докторска титула, правосилна пресуда за двегодишна затворска казна и со уште неколку обвиненија и истраги што Специјалното јавно обвинителство ги води против него. Уште на стартот на […]

Џафери: Ќе се преиспита статусот на Груевски во парламентот


Вонредна координација со потпретседателите на парламентот и со координаторите на пратеничките групи за разгледување на статусот на Никола Груевски како пратеник најавува спикерот Талат Џафери, откако поранешниот премиер објави дека пребегал во Унгарија. -Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го пријавуваше досега Груевски како отсутен од седниците, што се смета како оправдано отсуство. Таков допис добив и […]

Спасовски: Одговорни се оние кои го пуштија Груевски слободно да шета


Поранешниот премиер Никола Груевски, за кого е издадена национална потерница за отслужување двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“, вчера бил баран во неговиот дом, а потрагата ќе продолжи на уште неколку локации. Се спроведуваат и други мерки, како прегледи на возила, а зајакнато е полициското присуство на излезот од Скопје и на граничните премини. Ова […]

Полицијата тргна по Груевски


Скопскиот кривичен суд издаде наредба за приведување на поранешниот премиер Никола Груевски, кој од петокот не се јави на издржување на двегодишната затворска казна во затворот во Шутка. Судот бара и да се распише потерница по Груевски, а МВР, како што се наведува, веќе постапува по наредбата. -Ве известуваме дека Основниот суд Скопје 1 издаде […]

Груевски пак ќе бара одложување на затворот


Адвокатите на премиерот Никола Груевски кој треба да се јави на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ пак ќе бараат одложување на затворот. Тие утре ќе се повикаат на вонредниот правен лек кој се уште не доставен до Врховниот суд и на одлуката на Комисијата за дискриминација дека Груевски бил дискриминиран. „Утре нема […]

ВМРО-ДПМНЕ: „Кацарска судството“ работи под диктат на Заев


Почесниот Претседател на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски е жртва на политички прогон и хајка која што однародената и криминална власт ја води против него преку партиското и клиентелистичко судство и обвинителството, реагираат од партијта на Груевски, откако судот му ги одби сите жалби за одложување на казната и тој мора да се јави во затворот […]

Судот не го најде Груевски дома, неизвесно кога ќе стигне во Шутка


Судскиот доставувач вечерва и по втор пат не го нашол дома поранешниот премиер Никола  Груевски за да му го достави решението и лично да го извести за одбивањето на неговата жалба и дека треба да се јави на издржување на  двегодишната затворска казна во затворот во Шутка. Иако десетици новинарски екипи го чекаа Груевски пред […]

„Диктатурата на дело“ за Груевски


Пред осум години сопственикот на А1 телевизија, Велија Рамковски, беше уапсен во голема полициска акција. Кога го спроведуваа во судот, ги крена високо рацете кои му беа врзани со лисици и рече „Диктатурата на дело“. Во судскиот процес, кој јавноста будно го следеше, тој беше осуден на 13 години затвор, заедно со неговите соработници. Поранешниот […]

Груевски останува пратеник


Поранешниот премиер Никола Груевски останува пратеник во Собранието. На денешната собраниска седница немаше доволно гласови за одземање на неговиот пратенички мандат, поради правосилната затворска казна од две години за случајот „Тенк“. За одземање на мандатот на Груевски гласаа 58 пратеници, а 29 беа против. Овој биланс од гласањето не е доволен, затоа што за одземање […]