Макрон апелира Нетанјаху да ги прекине нападите врз Појасот Газа


 Претседателот на Франција, Емануел Макрон во денешниот телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара Израел да ги прекине нападите врз Појасот Газа и да се врати на примирјето. – Го повикав израелскиот премиер да ги прекине нападите врз Газа и да се врати на примирјето, кое Хамас треба да го прифати. Потенцирав дека веднаш […]

Нетанјаху на 2 април ќе отпатува за Унгарија, и покрај налогот за апсење на МКС


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху треба да отпатува во Унгарија на 2 април, соопшти денеска неговиот кабинет, и покрај налогот за апсење од Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради сомневање дека тој е одговорен за злосторствата во Газа. Нетанјаху во рамки на посетата ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан и други високи унгарски претставници, пред […]

Додик во Израел: Јас и Нетанјаху сме жртви на политички прогон


Претседателот на Република Српска Милорад Додик, кој престојува во Израел и покрај потерницата што е распишана по него во БиХ, изјави дека, иако се соочува со кривично гонење, нема да се откаже од својата политика. Во интервју за новинската агенција Jewish News Syndicate (JNS), објавено денеска, Додик ја спореди својата ситуација со онаа на израелскиот […]

Илјадници протестираат во Израел поради „нападот врз демократијата“ од Нетанјаху


  Десетици илјади Израелци излегоа на улиците за да повикаат на нов прекин на огнот во Газа и да протестираат против, како што велат, нападот врз демократијата во земјата од страна на десничарската владина коалиција на Бенјамин Нетанјаху. Клучните автопати се блокирани, а полицијата уапси најмалку 12 лица поради жестоките сцени во Ерусалим и Тел […]

Нетанјаху најави „интензивни операции“ на Западниот брег по нападите во близина на Тел Авив


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на израелската армија да спроведе „интензивни операции“ на Западниот Брег, по експлозиите во неколку празни автобуси во близина на Тел Авив вчера, се наведува во соопштение од неговиот кабинет. Во експлозиите нема повредени, а полицијата ги истражува како можен терористички напад. Израелската полиција соопшти дека три експлозии одекнале во […]

Нетанјаху утре ќе испрати преговарачки тим во Каиро за да ги продолжи разговорите за прекин на огнот


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху утре ќе испрати делегација преговарачи во Каиро за да разговараат за „продолжување на спроведувањето на првата фаза од договорот“ за прекинот на огнот во Појасот Газа, соопшти вечерва неговиот кабинет. „Бенјамин Нетанјаху и наложи на преговарачката делегација утре да отпатува во Каиро за да разговара за продолжување на примената на првата […]

Рубио и Нетанјаху: Иран е единствениот најголем извор на нестабилност во регионот


Американскиот државен секретар Марк Рубио по разговорите со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека се согласиле дека Иран е „единствениот најголем извор на нестабилност во регионот“. „Иран стои зад секоја терористичка група, секој чин на насилство и секоја дестабилизирачка активност. Зад сè што ги загрозува мирот и стабилноста на милиони луѓе кои овој регион го […]

Трамп доби златен пејџер како подарок од Нетанјаху


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му подари на американскиот претседател Доналд Трамп златен и обичен пејџер, објави израелскиот Канал 12. Тоа е симболичен подарок во светлината на тајната операција што ја десеткуваше милитантната група Хезболах. „Тоа беше одлична операција“, рече Трамп. За возврат, американскиот претседател му подари на Нетанјаху фотографија од нив двајца, со натпис: „На […]

Нетанјаху ја поздрави идејата на Трамп за евакуација на Палестинците од Газа


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека нема ништо лошо во идејата на Доналд Трамп за иселување на Палестинците од Појасот Газа, откако предлогот на американскиот претседател предизвика меѓународна критика. Организациите за човекови права го опишаа предлогот на Трамп за трајно раселување на Палестинците од енклавата како етничко чистење, а истовремено сугерираа САД да ја […]

„Биби, големиот лидер“ и златен пејџер – подароците што си ги разменија Нетанјаху и Трамп


Премиерот Бенјамин Нетанјаху му подари на американскиот претседател Доналд Трамп златен пејџер и обичен пејџер, што укажува на тајна операција насочена против либанската група Хезболах. „Тоа беше одлична операција“; Трамп одговори, според извештајот на Канал 12 Вести. За возврат, Трамп му даде на Нетанјаху фотографија од нив двајца со натпис: „Биби, големиот лидер“. Во септември, […]

Полска одлучи: Ако Нетанјаху дојде во Аушвиц, нема да го апси


Полска јасно стави до знаење дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да биде уапсен доколку присуствува на церемонијата по повод 80-годишнината од ослободувањето на Аушвиц. Секој претставник на израелското раководство кој сака да присуствува на комеморацијата на 27 јануари ќе биде безбеден и нема да биде уапсен, изјави полскиот премиер Доналд Туск, откако неговиот кабинет […]

Во Израел е побарана истрага за сопругата на Нетанјаху


Јавниот обвинител на Израел и нареди на полицијата да отвори истрага против сопругата на премиерот Бенјамин Нетанјаху поради сомневање дека малтретирала политички противници и сведоци во судењето за корупција на израелскиот лидер. Тоа доцна синоќа го соопшти израелското Министерство за правда, во кое се наведува дека истрагата ќе се фокусира на наодите од неодамнешниот извештај […]

Орбан: Ќе го поканам Нетанјаху во Унгарија, нема да го почитуваме налогот за негово апсење


Премиерот Виктор Орбан рече дека ќе го покани израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја посети Унгарија, додавајќи дека ќе гарантира дека налогот за апсење на Меѓународниот кривичен суд (МКС) против Нетанјаху „нема да се почитува“. Вчера, МКС издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, како и лидерот на […]

Нетанјаху нуди 5 милиони долари за ослободен израелски заложник од Газа


Премиерот Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нуди награда од 5 милиони долари на секој што ќе ослободи заложник во Газа. „Секој што ќе ослободи заложник ќе најде со нас сигурен начин како тие и нивното семејство да ја напуштат Газа“, рече Нетанјаху во видеото снимено на палестинска територија, се вели во соопштението од неговиот […]

За дополнителна заштита на Нетанјаху ќе се издвојат околу 1,3 милиони долари


Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и безбедносната служба Шин Бет последните денови разговараа за заштита на вилата на семејството Нетанјаху во Цезареја, по нападите со дронови врз приватната вила на премиерот минатата сабота, во која оклопните прозорци беа оштетени. Истовремено ќе се испитува и заштитата на премиерската резиденција во Балфур, а работата би можела […]

Домот на Нетанјаху бил погоден со дрон, изјави неговиот портпарол


Домот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во северниот израелски град Цезареја бил погоден од дрон, изјави неговиот портпарол. Премиерот не бил во областа во моментот на нападот. Според истиот извор, нема повредени. Претходно, израелската армија соопшти дека беспилотно летало лансирано од Либан удрило во зграда во израелскиот град Цезареја, во близина на домот на Нетанјаху. […]

Напад со дрон во близина на домот на Нетанјаху, објави израелската армија


 Беспилотно летало лансирано од Либан удрило во зграда во израелскиот град Цезареја, каде живее премиерот Бенјамин Нетанјаху, соопшти денеска израелската војска, јави ДПА. Според извештаите на израелските медиуми, првично не било познато дали Нетанјаху бил во крајбрежното одморалиште лоцирано меѓу Тел Авив и Хаифа во моментот на нападот. Во инцидентот нема повредени, соопшти армијата. Пресретнати […]

Нетанјаху: Во базите на Хезболах во Либан пронајдено најсовремено руско оружје


 Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека израелските сили пронашле „најмодерно руско оружје“ при претресите на бази на Хезболах во јужен Либан.  Тој изјави за Фигаро дека според резолуцијата на Советот за безбедност на ОН од 2006 година, само на либанската армија и беше дозволено да има оружје во области јужно од реката Литани во […]

Нетанјаху против договор за примирје доколку не се вклучи и разоружување на Хезболах


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека му рекол на францускиот претседател Емануел Макрон дека нема да се согласи со договор за прекин на огнот во Либан доколку не престане со повторното вооружување и прегрупирање на Хезболах. Макрон претходно повика на прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах поддржан од Иран, како и крај на извозот […]

Нетанјаху: Иран направи голема грешка и ќе плати за тоа


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека нападот на Иран врз неговата земја не успеал и вети дека ќе возврати. Иран вчера истрела околу 200 балистички ракети кон Израел како одмазда за израелската кампања против сојузниците на Техеран Хезболах во Либан. -Иран направи голема грешка вечерва – и тие ќе платат за тоа, рече Нетанјаху […]