Нетанјаху ги предупреди жителите на Газа веднаш да се евакуираат


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги предупреди жителите на Газа веднаш да се евакуираат, неколку часа откако Израел објави дека ќе започне масовни воздушни напади врз Појасот Газа. „Им се обраќам на жителите на (Газа) – ја користам оваа можност и внимателно слушајте: Предупредени сте – веднаш напуштете го (градот)“, рече премиерот. Нетанјаху додаде дека израелските […]

Израел ноќеска гранатираше предградија на Газа, Нетанјаху за вечерва го свикува безбедносниот кабинет


Израелската армија синоќа ги бомбардираше предградијата на Газа од воздух и од земја, уништувајќи домови и протерајќи семејства од областа, а безбедносниот кабинет на премиерот Бенјамин Нетанјаху вечерва треба да се состане за да разговара за план за освојување на градот. Локалните здравствени власти соопштија дека израелската армија убила најмалку 18 лица во синоќешните напади […]

Судир меѓу демонстрантите и полицијата пред просториите на владејачката Ликуд во Израел


По синоќешниот масовен митинг во Тел Авив за поддршка на заложниците стотици демонстранти се упатија кон блиското седиште на партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху, каде што запалија логорски оган и се судрија со полицијата. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат како полицијата насилно ги потиснува демонстрантите кои удираат тапани и извикуваат антивладини пароли, објавува […]

Нетанјаху нуди пари на сиромашни земји за да населат Палестинци


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека се во тек разговори со неколку земји за прием на Палестинци раселени од војната во Газа. Вклучените земји се Јужен Судан, Сомалиленд, Етиопија, Либија и Индонезија, изјави за Си-Ен-Ен висок израелски функционер. Во замена за прием на дел од населението на Газа од повеќе од два милиони луѓе, функционерот […]

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се стреми кон проширување на воените операции и целосна окупација на Појасот Газа, објави израелскиот Канал 12, повикувајќи се на функционер во кабинетот на премиерот. „Се очекува Нетанјаху да се консултира со својот кабинет и военото раководство во наредните денови за да добие поддршка за својот план“, објавија медиумите. Новинскиот портал […]

Нетанјаху го предложи Трамп за Нобелова награда за мир


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека го номинирал американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир, предавајќи му копија од писмото испратено до Нобеловиот комитет. – Додека зборуваме, тој носи мир од земја во земја, од регион во регион, рече Нетанјаху на почетокот на официјалната вечера со Трамп во Белата куќа. Тој додаде дека […]

Нетанјаху отпатува во САД заради договор за прекин на огнот во Газа


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху замина за Вашингтон на неколкудневна посета, во време кога се интензивираат обидите за постигнување договор за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложници. – Ова е моја трета средба со претседателот Доналад Трамп од неговиот избор пред шест месеци, изјави Нетанјаху на аеродромот Бен Гурион. Трамп претходно рече дека […]

Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас, организацијата разгледува предлог за примирје


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека целта на Израел е целосно елиминирање на милитантната палестинска група Хамас. Ова е неговата прва јавна изјава откако американскиот претседател Доналд Трамп предложи 60-дневно примирје во Појасот Газа. – Нема да има Хамас. Нема да има Хамастан. Нема да отстапиме. Точка, рече Нетанјаху. Трамп вчера изјави дека Израел […]

Нетанјаху прогласи историска победа


Израелскот премиер Бенјамин Нетанјаху доцна синоќа изјави дека неговата земја „постигнала историска победа“ во операцијата „Исправен лав“. Тој истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп „се придружил на невиден начин“ и му се заблагодари за „неговата улога во одбраната на Израел и отстранувањето на иранската нуклеарна закана“. Тој истакна дека нападот на САД врз Иран „е […]

Нетанјаху: Израел е блиску до остварување на своите цели во Иран


Израел е многу блиску до постигнување на својата цел за елиминирање на двојната закана од балистичките ракети и нуклеарната програма на Иран, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Израелскиот премиер вети дека неговата земја нема да дозволи да биде вовлечена во војна до исцрпување, но, исто така, рече дека нема да ја заврши иранската кампања предвреме. […]

Нетанјаху за војната со Иран: Го менуваме лицето на светот


Израел го менува „лицето на светот“ со својата војна против Иран, но „секоја помош е добредојдена“ за да се победи нуклеарната програма на Иран, изјави вечерва израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. „Реков дека ќе го промениме лицето на Блискиот Исток, а сега велам дека го менуваме лицето на светот“, изјави Нетанјаху за израелската јавна телевизија КАН […]

Нетанјаху сугерира дека убиство на врховниот лидер на Иран би го завршило конфликтот


 Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху посочи дека атентат врз врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, ќе „го заврши конфликтот“ меѓу двете држави. „Тоа нема да го ескалира конфликтот, туку ќе го заврши конфликтот“, изјави Нетанјаху за Еј-Би-Си-Њуз во интервју кога беше прашан за извештаите дека американскиот претседател Доналд Трамп стави вето на израелскиот план за […]

Нетанјаху: Нападот врз Иран беше „многу успешен“, операцијата ќе трае со денови


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оцени дека ненадејниот напад на Израел врз Иран бил „многу успешен“ и дека операцијата ќе трае со денови. „Ја погодивме високата команда, ги погодивме високо рангираните научници кои го унапредуваат развојот на нуклеарно оружје, ги погодивме нуклеарните инсталации. Натрупуваме достигнувања. Но, знам, а и вие знаете, нема лесни војни“, рече тој […]

Нетанјаху купи повеќе време: израелскиот парламент нема да биде распуштен


Израелскиот парламент го отфрли сопственото распуштање на прелиминарното гласање рано во четврток, се вели во соопштението на Кнесетот, откако беше постигнат договор во рамките на владејачката коалиција за спорот околу регрутирањето. Распуштањето на парламентот, кое можеше да биде првиот чекор кон предвремени избори на кои анкетите предвидуваат пораз на премиерот Бенјамин Нетанјаху, беше отфрлено со […]

Нетанјаху згрме: Ќе ја преземеме контролата врз цела Газа


Израел ќе ја преземе контролата врз целата територија на Појасот Газа, изјави денес израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во услови на обновена воена офанзива на палестинската територија. „Борбите се интензивни и ние напредуваме. Ќе ја преземеме контролата врз целата територија во Појасот Газа. Не попуштаме. Но, за да успееме, мора да дејствуваме на начин на кој […]

Нетанјаху: Израел не се обврза на прекин на огнот, туку само на безбеден коридор за ослободување на заложникот Едaн Александар


Израел не се обврза на прекин на огнот со радикалната палестинска групација „Хамас“ во Појасот Газа, ниту на размена на заложници за Палестинци во израелски затвори, туку само на обезбедување безбеден коридор за ослободување на заложникот со израелско и американско државјанство Едан Александар, соопшти денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху,. Соопштението на премиерот беше објавено од […]

Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје, прецизирајќи дека извршил безброј „отворени и прикриени“ акции кои ја уназадиле иранската нуклеарна програма за „речиси една деценија“. Ова е прва изјава на Нетанјаху за Иран откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги почна преговорите со Техеран во […]

Израелскиот премиер нареди „продолжување на напорите“ за ослободување на заложниците во Газа


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му нареди на израелскиот тим преговарачи за примирје во Газа да „продолжат со напорите“ за да обезбедат гаранции дека ќе бидат ослободени заложниците кои се уште ги држи радикалната палестинска група Хамас во енклавата, соопштија од кабинетот на премиерот. -Бенјамин Нетанјаху вечерва имаше средба за заложничката проблематика со преговарачкиот тим и […]

Енклава за „бегалци“: За Орбан меѓународното право не значи ништо – Нетанјаху пристигнува во Унгарија


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оваа недела е во посета на Унгарија, и покрај налогот за апсење издаден против него од страна на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за наводни воени злосторства во Газа. Патувањето на Нетанјаху, објавено од неговата канцеларија во неделата, доаѓа на покана на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Посетата, закажана за среда до недела, […]

Поранешен командант на морнарицата назначен за нов шеф на израелската тајна служба


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одлучи да го назначи поранешниот командант на морнарицата, пензионираниот вицеадмирал Ели Шарвит за нов шеф на Шин Бет, соопшти кабинетот на премиерот. Шарвит беше назначен да го замени Ронен Бар, кој беше официјално разрешен од владата на почетокот од овој месец. Бар останува на својата позиција поради привремената забрана против негово […]