Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“ во интервју во кое го критикуваше ставот на Велика Британија кон Израел, а Лондон го оквалификува неговиот коментар како „целосно неприфатлив“. Во подкаст емитуван вчера на израелското воено радио, премиерот на Израел потсети дека внукот на Винстон Черчил отворено го поддржувал Израел за време на […]

Итен состанок во Белата куќа: Саудискиот министер го предупреди Трамп за планот на Нетанјаху за Иран


  По заедничките воени напади на САД и Саудиска Арабија против проиранските милиции во Ирак, саудискиот министер за одбрана, принцот Халид бин Салман, одржа итен состанок со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон. Како што пишува американскиот „Аксиос“, повикувајќи се на добро информирани извори, состанокот со Трамп последователно беше додаден во распоредот на саудискиот министер. […]

Синот на Нетанјаху го смени името и презимето


Јаир Нетанјаху, најстариот син на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, официјално го смени името во Јонатан Хун, објави израелскиот весник „Хаарец“, повикувајќи се на даночни документи. Според весникот, Нетанјаху ја поднел даночната пријава за 2026 година под ново име, но со ист идентификациски број и адреса како во даночната пријава за 2024 година, која била поднесена […]

Нетанјаху бара САД да не ѝ продаваат на Турција авиони Ф-35


 Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска побара од САД да не и продаваат на Турција авиони ловци Ф-35, за да не се наруши балансот на силите во регионот. Не мислам дека треба да им се дадат Ф-35 или мотори за нивните борбени авиони, бидејќи тоа би го нарушило балансот на моќ на Блиски Исток, кој […]

Нетанјаху нареди целосно уништување на инфраструктурата на Хезболах


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ наложи на армијата да ја уништи инфраструктурата на шиитската милиција Хезболах, поддржана од Иран, во јужен Либан, наведе синоќа владината прес-служба, пренесува ДПА. За време на посетата на трупите, Нетанјаху се осврна на сите надземни и подземни објекти што милицијата ги користела за напади врз Израел, како што се тунелите. […]

Израелската опозиција: Договорот меѓу САД и Иран е тежок пораз за Нетанјаху


Новиот договор меѓу САД и Иран предизвика силни политички реакции во Израел, при што опозициските лидери го обвинија премиерот Бенјамин Нетанјаху за тежок дипломатски и безбедносен неуспех и за меѓународна изолација на земјата. Лидерот на израелската Демократска партија, Јаир Голан, упати остри критики кон владата, оценувајќи дека американско-иранскиот договор е „лош за Израел“. Голан, поранешен […]

Трамп го предупредил Нетанјаху дека Израел може да остане без американска поддршка


Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека го предупредил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не започнува нова војна со Иран, нагласувајќи дека во таков случај Израел би можел да остане без американска поддршка. Во интервју за американскиот политички портал „Аксиос“ Трамп вели дека на Нетанјаху му порачал да биде внимателен. „Му реков: ‘Биби, подобро внимавај, инаку […]

Трамп: Нетанјаху нема друг избор освен да го прифати договорот со Иран


Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, нема друг избор освен да го прифати договорот што САД ќе го постигнат со Иран, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во синоќа објавеното интервју за „Фајненшл тајмс“. „Тој нема никаков избор“, нагласи Трамп. Претходно, американскиот претседател телефонски разговарал со Нетанјаху, објавија израелските медиуми. Американскиот политички портал „Аксиос“ објави дека Трамп пред […]

Израелскиот премиер хоспитализиран поради стоматолошка интервенција


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доцна синоќа беше примен во болницата Хадаса Ајн Керем во Ерусалим, соопшти неговиот кабинет. Се вели дека премиерот бил подложен на стоматолошка интервенција, чии детали не беа откриени. Соопштението дојде откако израелските медиуми објавија за неговата хоспитализација, според „Тајмс оф Израел“. Здравствената состојба на 76-годишниот премиер стана предмет на зголемен јавен […]

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие


Американскиот претседател Доналд Трамп го уверил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие, соопшти израелски претставник. Според него, за време на синоќешниот телефонски разговор на Трамп со израелскиот премиер, американскиот претседател јасно посочил дека останува цврст во преговорите во однос на своето барање за долгорочен […]

Сè поблиску до голем договор меѓу Вашингтон и Техеран, познати детали: Израел скептичен


Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека „конечните детали“ од договорот се во фаза на преговори и дека договорот би можел наскоро да биде објавен. Axios, повикувајќи се на американски функционер запознаен со преговорите, пишува дека договорот е речиси завршен, но дека сè уште има разлики во формулацијата на одредени точки. „Договорот сè уште не […]

Трамп и Нетанјаху планирале на чело на Иран да го донесат омразениот Ахмадинеџад. Планот се распадна


  Додека официјален Вашингтон и Ерусалим тврдат дека целта на војната против Иран била ограничена на уништување на нуклеарните и воените капацитети на Техеран, нов извештај на „Њујорк тајмс“ открива дека наводно зад сцената се разработувал многу поамбициозен план. Според американските претставници запознаени со операцијата, Израел и САД ја разгледале можноста за соборување на иранскиот […]

Нетанјаху: „Бев на таен состанок во Емиратите“


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „тајно ги посетил“ Обединетите Арапски Емирати за време на војната со Иран, но Министерството за надворешни работи на земјата брзо ги негираше неговите тврдења и рече дека обвинувањата за посетата се „целосно неосновани“. Тие исто така нагласија дека односите меѓу двете земји не се засноваат на „неофицијални договори“ Иран […]

Нетанјаху за Си-би-ес: Сакам да го одвикнам Израел од американската воена помош


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се надева дека ќе го одвикне Израел од американската воена помош во рок од една деценија, бидејќи неговата земја се стреми да ги зајакне врските со земјите од Заливот, рече тој во вчера објавено интервју за американската телевизиска мрежа Си-би-ес. „Сакам да ја намалам на нула американската финансиска поддршка, финансиската компонента […]

Нетанјаху загрижен поради евентуални американски отстапки во преговорите со Иран


Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху разговара со претставници на американската администрација за да има подобар увид во најновите случувања во преговорите помеѓу САД и Иран, јави Си-ен-ен повикувајќи се на неименувани извори. Наводно Нетанјаху се обидува да дојде до најновите информации за текот на преговорите и кои опции се на маса. Израел изразува загриженост поради […]

Кац: Судењето на Нетанјаху ја загрозува националната безбедност


Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денеска го критикуваше продолжувањето на кривичната постапка против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, оценувајќи дека тоа го попречува донесувањето одлуки во областа на националната безбедност. Кац на Икс напиша дека за време на актуелната и чувствителна безбедносна ситуација, Нетанјаху морал да ги прекинува судските рочишта за да прима итни повици […]

Судот ја одложи одлуката за разрешување на министерот на Нетанјаху, хаос во судницата (видео)


Вчера, по речиси десетчасовно рочиште, Врховниот суд на Израел ја одложи одлуката за петициите со кои се бара разрешување на министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир поради обвинувања дека незаконски се мешал во полициските работи, објавува Анадолу. Израелскиот дневен весник „Једиот Ахронот“ објави дека судот ќе донесе одлука подоцна. Според весникот, судиите предложиле обид за […]

Нетанјаху не се појави на суд, доби одложување


Канцеларијата на израелскиот државен обвинител го одобри барањето на премиерот на земјата Бенјамин Нетанјаху денескa да не се појави на суд и да сведочи во постапката против него што се води поради евентуална корупција. Обвинителот прифати денешното рочиште да се одложи, додека подоцна ќе го разгледа барањето на Нетанјаху за одложување на тоа појавување пред […]

Дали Израел го нападна Либан за да го саботира примирјето со Иран?


Израел продолжува да тврди дека нападите врз густо населените станбени области, во кои загинаа повеќе од 200 луѓе, биле насочени кон Хезболах. Но, прашањето сè уште останува отворено – која беше вистинската цел на таков разорен напад Која беше поентата на ненадејните, масовни израелски напади врз Либан, кои предизвикаа силна меѓународна осуда? Премиерот Бенјамин Нетанјаху […]

Во војна без победници, Нетанјаху изгледа како најголем губитник


  Во војна во која нема победници, премиерот на Израел се чини дека ќе биде најголемиот губитник кој влегува во кревко и нејасно примирје со Иран. По години закани на Бенјамин Нетанјаху против Иран, неговите акробации на Генералното собрание на ОН, сомнителните досиеја бесконечно ширени под носот на светските медиуми и дипломатски притисок врз последователните […]