Руски танкер за нафта плови кон Куба и покрај економската блокада на САД


  Брод со 730.000 барели сурова нафта треба да стигне до Куба на 23 март, според поморските податоци, откако Доналд Трамп изјави дека очекува да има „чест да ја преземе“ земјата Стотици илјади барели руска нафта се упатуваат кон Куба, според податоците за поморско следење, бидејќи комунистичкиот остров страда од прекини на електричната енергија поради […]

Може ли нафтата да достигне 200 долари за барел? Веќе не се исклучува такво црно сценарио


  Може ли нафтата да достигне 200 долари за барел? Аналитичарите повеќе не мислат дека тоа е неверојатно. Тие предупредуваат и дека цените веројатно значително ќе пораснат ако Ормускиот теснец остане затворен. Кратко откако САД и Израел првпат го нападнаа Иран на 28 февруари, аналитичарите предупредија дека војната би можела да ги зголеми цените на […]

Нафтата скокна над 110 долари по нападите на Блискиот Исток


Нападите врз енергетската инфраструктура на Блискиот Исток повторно го потресоа глобалниот пазар, а цената на нафтата отвори нов страв од поскапувања, инфлација и подлабока економска нестабилност. Цената на нафтата денес се искачи над 110 долари за барел, откако нападите врз енергетската инфраструктура на Блискиот Исток предизвикаа нов шок на светските пазари. Брент нафтата достигна 111,50 […]

Европа ослободува десетици милиони барели нафта од резервите за да го смири пазарот


Европа ќе ослободи 73 милиони барели нафтени производи и околу 35 милиони барели сурова нафта од своите резерви на пазарот од крајот на март, според податоците од Меѓународната агенција за енергија (IEA). Европските влади ќе ослободат 32,7 милиони барели од стратешките резерви, а компаниите 74,7 милиони барели нафта и нафтени производи, објави IEA во неделата. […]

Од Португалците и Холанѓаните до срцето на иранската нафтена империја: Историјата на островот Харг


Под жешкото сонце на Заливот, ритмичкото зуење на милиони барели сурова нафта што се движат низ подводните цевководи одекнува од древен корален гребен. Тука, познатиот ирански писател Џалал Ал-е-Ахмад некогаш стоел и, гледајќи ги изолираните брегови, го нарекол островот „сиромашниот бисер на Персискиот Залив“. Денес, овој корален изданок од 22 квадратни километри во покраината Бушер […]

Американскиот напад не ги запре: Иранците тврдат дека извозот на нафта од Харк продолжува без проблеми


Нападот на САД врз островот Харк не го попречи извозот на нафта, изјавија иранските власти за агенциите ИРНА и Тасним. Како што истакнаа, немаше жртви во нападот, а некои воени објекти и аеродромот на овој остров беа оштетени. „Процесот на извоз на нафта од нафтениот терминал Харк е целосно во тек, а активностите на компаниите […]

Како функционираат стратешките резерви на нафта и зошто САД ги користат сега


Со беснеењето на војната на Блискиот Исток, цените на нафтата растат. За да ги ублажи трошоците, владата на Соединетите Американски Држави се свртува кон нафта складирана во огромни пештери со сол. Министерството за енергетика на САД (DOE) вчера објави дека САД ќе ослободат 172 милиони барели нафта од Стратешките резерви на нафта (SPR). Што точно […]

САД ги укинаа санкциите за руската нафта, но цените и натаму растат


  Министерството за финансии на САД привремено ги укина санкциите за продажба на руска нафта. Укинувањето на ограничувањата ќе биде во сила 30 дена и ќе влијае на нафтата и нафтените производи натоварени на бродови од 12 март. „Оваа краткорочна мерка се однесува само на нафтата што веќе е во транзит и нема да обезбеди […]

„Заработуваме многу пари“: Трамп вели дека САД имаат ќар од високите цени на нафтата


  Американскиот претседател Доналд Трамп го претстави грчот во којшто се наоѓа светската економија поради војната во Блискиот Исток, која почна со нападите на САД и Израел,  како придобивка за Америка. Во објава на Truth Social Трамп посочи дека вртоглаво растечката цена на нафтата – која повторно скокна над 100 долари за барел пред да […]

Од каде доаѓа светската нафта?


Во 2025 година, светот произведувал приближно 106 милиони барели нафта дневно, според проценките на американската Администрација за енергетски информации (EIA). Само два региона доминираат во глобалната понуда. Северна Америка и Блискиот Исток заедно произведуваат речиси 60% од светската нафта, што го нагласува нивното исклучително големо влијание врз енергетските пазари. Инфографикот што следи го прикажува глобалното […]

Нафтата Брент достигна 100 долари, плановите за ослободување на резерви не ја намалија загриженоста


Цените на нафтата пораснаа за повеќе од 8%, а суровата нафта Брент достигна 100 долари за барел во четврток, бидејќи трговците останаа неубедени дека ослободувањето на владините залихи може да го ублажи огромниот шок во снабдувањето предизвикан од војната на Блискиот Исток. West Texas Intermediate скокна за 8,8% на 95 долари за барел, додека глобалниот […]

Договорено историско ослободување на нафта од глобалните резерви (видео)


Земјите-членки на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) едногласно одлучија да започнат со најголемото ослободување на резерви за итни случаи во историјата на организацијата, објави извршниот директор на ИЕА, Фатих Бирол. „Земјите на ИЕА ќе ослободат 400 милиони барели нафта за да го надоместат изгубеното снабдување поради виртуелното затворање на Ормутскиот теснец“, рече Бирол во обраќање […]

Зошто клучниот ирански остров Харг за извоз на нафата е поштеден во бомбардирањата?


  Островот Харг – низ кој тече 90 проценти од извозот на нафта од Иран – е веројатно најчувствителната економска цел на земјата, но извозниот терминал досега остана недопрен во текот на кампањата за бомбардирање меѓу САД и Израел. Експертите велат дека бомбардирањето или заземањето на локацијата со американските сили веројатно би предизвикало ново зголемување […]

„Фајнанс тинк“: Колку глобалниот нафтен шок ќе се пренесе во домашната економија?


Институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс тинк“ ( Finance Think) во најновиот Бриф за политиките, под наслов „Колку глобалниот нафтен шок ќе се пренесе во домашната економија?“, оценува дека иако глобалните нафтени шокови се пренесуваат во домашната економија, нивниот ефект врз општото ценовно ниво е релативно умерен. Сепак, како што посочуваат, во услови на […]

Мицкоски не гледа потреба за кризна состојба, предлозите на опозицијата биле „соцболшевизам“


  Владата денеска нема да прогласи кризна состојба која е потребна за потоа да се донесат мерки за намалување на акцизата и на данокот на додадена вредност, односно да се интервенира во цените на нафтените деривати кои од денеска се значително поскапи. Ова претпладнево го најави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашања на новинарите околу […]

Пад на цените на нафтата


Цените на нафтата паднаа за дури 10% во вторник, пред да ги намалат загубите, бидејќи инвеститорите ги разгледуваа коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп за тековниот конфликт на Блискиот Исток и протокот на нафта низ критичниот Ормутски теснец. Цената на суровата нафта Брент падна за околу 4,3% на 94,62 долари за барел во понеделник до […]

Србија забрани извоз на нафта до 19 март


Владата на Србија на вонредна седница донесе одлука за забрана на извозот на нафта и на сите нафтени деривати за погон на моторни возила. „Забраната се однесува на извоз на дизел, бензин и сурова нафта со сите видови транспорт до 19 март, по што ќе носиме понатамошни одлуки. Суштината на оваа забрана е заштита на […]

Цените на нафтата нагло пораснаа, највисоко ниво од април 2024 година


 Цените на нафтата денеска повторно нагло пораснаа, бидејќи ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток сериозно ги наруши глобалните енергетски текови. Цената на суровата нафта Брент скокна за повеќе од седум проценти на околу 91 долар за барел, што е највисоко ниво од април 2024 година, а американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) порасна за […]

Нема потреба од создавање паника, има залихи нафта, вели Димитриеска-Кочоска


Апсолутно состојбата е во ред и ние ја следиме. Нема никаков проблем и нема потреба од создавање паника кај граѓаните дека нема да има нафта, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Одговорајќи на новинарски прашања по панелот за растот на економијата во Владата, Димитриеска-Кочоска информира дека вчера во Министерството се одржал состанок со нафтените […]

Мрачни прогнози од Катар: За неколку недели нафтата ќе чини 150 долари. Европа најмногу ќе страда


  Доколку војната на Блискиот Исток продолжи, многу светски економии би можеле да пропаднат, а сите извозници на енергија во регионот погоден од војна би можеле да бидат принудени целосно да го запрат производството во следните неколку недели, што би можело да ја зголеми цената на барел нафта на вртоглави 150 долари во истиот период. […]