Цената на нафтата во слободен пад


Азиските берзи потонаа утрово, откако цените на нафтата се во слободен пад како резултат на стравувањата дека глобалната економија, ослабена од вирусна епидемија, може да биде презаситена со залихи од гориво. Токискиот референтен индекс се намали за 6,2 проценти, додека во Сиднеј падна за 6,1 проценти. Сеул потона 4,4 проценти, а Хонг Конг изгуби 3,9 […]

Германија страда од недостиг од суровини поради контаминирана нафта


Германија – Поради проблемот со загаденоста со хлориди на руската нафта од нафтоводот „Дружба“, германскиот пазар почнува да страда од недостаток на суровини. Некои нафтени компании се веќе на раб на банкрот. Нема извештаи за недостигот на нафта на германскиот пазар. Руската страна се обврза целосно да го реши проблемот до почетокот на јуни. Сепак, фактите покажуваат […]

Турција прекина да купува иранска нафта


Турција – Турција на почетокот на мај целосно прекина да увезува иранска нафта, за да ги почитува американските санкции, иако не ги одобрува, изјави турски официјален претставник. – Како стратешки сојузник на САД, ние ги почитуваме санкциите, изјави претставникот на маргините од неговата посета на Вашингтон, каде што е во придружба на заменик-министерот за надворешни работи […]

РКЕ: Либерализацијата во овој момент ќе доведе до драстично зголемување на цената на нафтените деривати


Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) утре ќе одржи состанок со работната група која работи на нова методологија за пресметка на малопродажните цени на нафтата и нафтените деривати. Методологијата, како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, треба да стапи во функција најдоцна до 8 мај годинава кога истекува договорот со Хеленик Петролеум, а доколку не […]

Брод испушта нафта во Пацификот во подрачје заштитено од УНЕСКО


Австралиските власти соопштија дека во Пацификот се случува еколошка катастрофа каде се насукал голем брод и почнал да испушта нафта. Нафтата се излева во близина на локација која е под заштита на УНЕСКО, на Соломонските острови. Според оценка на австралиските власти, повеќе од 80 тони нафта се излеале во морето и на брегот на оваа […]

Анѓушев: Има пари за купување нафтени резерви, блиску сме до договор со компаниите


Има пари за купување резерви на нафта и нафтени деривати. Според она што го има како средства на сметката на Дирекцијата за складирање, апсолутно сме најдобри во регионот, а мислам и дека сме многу блиску до договор за цена со компаниите, рече денеска вицеремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Одоворајќи на новинарски прашања по настанот […]

Државната нафтена компанија на Венецуела префрлала пари на бугарски сметки


Од американските партнери, како по дипломатски, така и по оперативен пат, имаме информации за трансфери на пари од Венецуела, особено од страна на Државната нафтена компанија (ПДВСА), за што се користени бугарски банкарски сметки, изјави главниот обвинител Сотир Цацаров, пренесе агенцијата БГНЕС. По детална анализа на информациите, утврдена е банката, лицето кое е носител на тие […]

Највисоки цени на нафтата на берзите од 2014 година


САД – Цената на нафтата на берзите во Њујорк и Лондон е на највисоко ниво од ноември 2014 година, бидејќи пазарот стравува дека американските санкции против Иран ќе доведат до пад на понудата на светскиот пазар. Барел американска нафта (VTI) за испорака во ноември поскапе за 2,05 долари и достигна 75,30 долари на Њујоршката берза. Во […]

Папа Франциско: Климатските промени можат да го уништат светот


Папата Франциско предупреди дека климатските промени можат да го уништат човештвото и ги повика компаниите од нафтената и гасната индустрија да помогнат светот да се префрли на употреба на чисти горива, за да се избегнат поголеми катастрофи. „На цивилизацијата и е потребна енергија, но користењето енергија не смее да ја уништи цивилизацијата!“, им порача Папата […]

Цените на нафтата на највисоко ниво во изминативе 3.5 години


Цените на нафтата достигаа највисоко ниво во последниве три и пол гоидни, како последица на драстичното намалување на нафтеното производство во Венецуела, растот на глобалнаѕа побарувачка на енергенсот и одлуката на САД за воведување нови санкции кон Иран. Воведувањето американски санкции кон Иран, кој произведува околу четири проценти од вкупното нафтено производство во светот, би […]

Цената на нафтата уште ќе скока


  Скока цената на бензините во Македонија. Скока и цената на суровата нафта на светскиот пазар. Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека последното поскапување се должи на растот на просечната цена на суровата нафта и на растот на курсот на денарот во однос на доларот. Во изминатите 14 дена просечната цена на барел нафта изнесувала […]

Стрмоголав пад на цените на нафтата


Цените на нафтата на светските пазари минатата недела нагло паднаа поради стравувањата на инвеститорите дека трговската војна меѓу Соединетите Американски Држави и Кина би можела да ескалира, што би значело стагнација на растот на глобалната економија, а што на крајот би влијаело на побарувачката на нафта. Минатата недела на лондонската берза цените за барел паднаа […]

Бахреин објави најголемо откритие на нафта и гас на своја територија


Бахреин соопшти дека открил најголемо нафтено и гасно поле во историјата на таа мала држава на Заливот. Официјалната агенција БНА ги цитираше властите кои проценуваат дека количината е „многупати’“ поголема од познатите резерви на Бахреин. Постоечкото нафтено поле во Бахреин е само едно, како единствен депозит со резерви од само неколку стотици милиони барел сирова […]

Цените на нафтата растат втора недела по ред


Цените на нафтата на светските берзи минатата недела, втора седмица по ред, пораснаа за над три отсто, како последица на проблемите со производството на енергенсот во Либија и информациите за намалување на нафтените резерви на глобално ниво. На Лондонската берза цената на северноморската нафта минатата недела порасна за 3,6 проценти на 67,20 долари за барел, […]

Пад на цените на нафтата за осум проценти


Цените на нафтата на светските пазари минатата недела паднаа за повеќе од осум отсто, што е најниско ниво од декември и е последица од порастот на производството во САД, јакнењето на доларот и остриот пад на индексите на светските берзи. На Лондонската берза цената на барел нафта минатата недела падна за 8,5 отсто, на 62,80 […]

Падна цената на нафтата на светската берза


Цената на нафтата на светската берза минатата недела падна од највисокото ниво во последните три години, што е последица на растот на производство во САД и јакнење на доларот откако неколку недели беше под притисок. На лондонската берза цената на барел нафта минатата недела се намали за 2,7 отсто, на 68,62 долари, додека на американската […]

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните три години


Цените на нафтата на светските берзи минатата недела се зголемија за повеќе од три проценти, достигнувајќи највисоко ниво во последните три години како резултат на намалената нерамнотежата меѓу понудата и побарувачката. На берзата во Лондон цената на барел нафта порасна за 3,3 отсто на 69,87 долари, додека во Њујорк енергенсот поскапе за 4,7 отсто на […]

Македонија догодина ќе потроши повеќе струја нафта и гас


Македонија догодина ќе потроши за 2,7 отсто повеќе финална енергија од годинава, предвидува Енергетскиот биланс за 2018 година. Најголемо учество во потрошената енергија ќе имаат нафтените продукти со 51,5 отсто по што ќе следи електричната енергија со 28, биомасата со 10,5 и јаглените со 5,3 отсто. Како што беше истакнато на седницата на Македонската енергетска асоцијација […]

Кој, колку нафта произведува на Балканот?


Албанија е најголем производител на сурова нафта на Западен Балкан со вкупно производство од 21.000 барели дневно. Србија е на второ место со 20.560 барела производство на дневно ниво, се наведува во извештајот на атинскиот институт за енергетика на Југоисточна Европа, пренесува АТА. Во анализата се наведува дека дневната потрошувачка на нафта во Албанија изнесува […]

Владата го усвои зголемувањето на акцизата за нафтата


Владата на седница го усвои Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите со кој се предлага зголемување на висината на акцизата на дизел горивото кое се користи како погонско гориво и на екстра лесното масло за домаќинство што се користи како гориво за греење, за три денари. Како што претходно беше соопштено, […]