Светска банка: Цените на енергенсите ќе пораснат за 24 отсто во 2026 година поради кризата на Блискиот Исток


Светската банка во извештај објавен денеска предупреди дека војната на Блискиот Исток ќе предизвика голем раст на цените на енергенсите за 24 отсто во 2026 година, додека вкупните цени на стоките ќе скокнат за повеќе од 16 отсто, што дополнително ќе ја поттикне инфлацијата и ќе го забави глобалниот економски раст. Како што се наведува […]

Цената на суровата нафта од типот Брент достигна 106 долари откако запреа мировните преговори со Иран


Цените на нафтата пораснаа во понеделник откако плановите за втора рунда мировни преговори меѓу САД и Иран повторно пропаднаа. Иранската револуционерна гарда, наводно, се качила на два товарни брода во близина на Ормускиот теснец, бидејќи тензиите на стратешката морска рута остануваат високи. Меѓународната референтна цена на суровата нафта од типот Брент порасна за повеќе од […]

Нафтата поскапува трет ден последователно


 Цените на нафтата денеска повторно бележат раст, трет ден последователно,  во услови на кревко примирје на војната против Иран. Северноморската „Брент“ нафта за испорака во јуни поскапе за повеќе од еден процент во однос на вчера и достигна 103,23 долари за барел (159 литри). Американскиот претседател, Доналд Трамп, го засили притисокот врз Иран и, според […]

Цената на нафтата надмина 101 долар


Цените на нафтата денес надминаа 101 долар, со продолжената американска поморска блокада на Иран и иранското пресретнување на бродови во Ормуз, што донесе доминација на проценките дека енергетските производи од регионот на Персискиот Залив нема да се вратат на светските пазари во краток рок. На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше попладне по цена повисока за […]

ЕК претстави мерки против зголемувањето на цените на фосилните горива и за забрзано обезбедување чиста енергија


Европската комисија денеска предложи мерки против зголемувањето на цените на фосилните горива и за забрзано воведување на обновлива енергија. Координацијата на активностите е од клучно значење, се наведува во соопштението на ЕК по овој повод. Мерките ќе бидат дискутирани на проширениот состанок на Европскиот совет во Кипар во следните два дена. Комисијата е подготвена да […]

Јужна Америка станува најважен извор на раст на понудата со нафта во светот


Одржливата цена на нафтата од 100 долари за барел би можела да ослободи до 2,1 милиони барели дневно дополнително снабдување во Јужна Америка до средината на 2030-тите, соопшти во среда компанијата за истражување на енергијата „Ристад енерџи“. „Ристад“ сега прогнозира дека барел нафта ќе чини просечно 89 долари оваа година. Уште во јануари, процени дека […]

Додека Ормуз е затворен, за Трамп е добра и „нафтата на Путин“


Администрацијата на Трамп вчера издаде ново тримесечно ослободување од санкциите што привремено им овозможува на земјите да купуваат санкционирана руска нафта и нафтени производи од море, откако претходното ослободување истече на 11 април. Најновата одлука на администрацијата на Трамп е продолжение на претходното ослободување од санкциите на САД, кое истече на 11 април, и привремено […]

САД го продолжуваат рокот за привремен исклучок од забраната за купување руска нафта


Администрацијата на Трамп во вторникот го продолжила за еден месец исклучокот од забраната за купување санкционирана руска нафта и нафтени производи натоварени на бродови на море, во обид да го ограничи порастот на глобалните цени на енергијата кои достигнаа рекордни максимуми за време на американско-израелската војна против Иран, објавија британските медиуми. Американското Министерство за финансии […]

Собранието до 20 јули ја продолжи кризната состојба поради ризици во снабдувањето со нафта и нафтени деривати


Поради продолжените ризици од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати, Собранието денеска на пленарна седница го усвои предлогот да се одобри продолжување на рокот за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија. Со одлуката, која претходно доби поддршка и од Комисијата за одбрана и безбедност, кризната состојба се продолжува до 20 […]

Цените на нафтата паднаа под 96 долари


Цените на нафтата денес паднаа под 96 долари на меѓународните пазари, бидејќи инвеститорите беа уверени од сигналите за нова рунда преговори меѓу Иран и САД што би можеле да ја намалат покачената „температура“ во Ормускиот теснец. На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше за 3,67 долари за барел помалку попладне, што е намалување од вчерашното затворање […]

Експлодира цената на нафтата од Северното Море, пробиен прагот на ИЦЕ


Затворениот Ормуски теснец продолжува да предизвикува големи нарушувања на пазарот, па трката на европските и азиските рафинерии за испораки на нафта од Северното Море достигна историски нивоа. Како што пишува „Фајненшл тајмс“, нафтата „Фортиес бленд“, веднаш подготвена за испорака, достигна цена од речиси 147 долари за барел во четврток – што е повисоко отколку пред […]

Имало ли инсајдерски информации: Пред прекинот на огнот, се обложиле со 950 милиони долари дека нафтата ќе поевтини


Непознати инвеститори вложиле околу 950 милиони долари во облог за пад на цените на нафтата, само неколку часа пред САД и Иран да го објават привремениот прекин на огнот. Овој потег повторно ги отвори прашањата за тајмингот на големите трговски позиции на енергетските пазари и можното поседување инсајдерски информации, пишува Ројтерс, пренесува Индекс. Според податоците […]

Кога ќе се отвори Ормускиот теснец, проблемите ќе почнат: „Последиците ќе траат со месеци“


Шефот на Меѓународното здружение за воздушен транспорт (IATA), телото што ги претставува глобалните авиокомпании, во среда изјави дека дури и ако Иран повторно го отвори Ормускиот теснец, ќе бидат потребни месеци за да се обноват залихите на гориво за авиони по прекините во капацитетот на рафинериите на Блискиот Исток. Цените на нафтата паднаа под 100 […]

Војната во Иран го доведе светот во енергетска криза: Се воведува штедење, се враќа јагленот


Намалувањето на залихите на гориво и зголемувањето на цените ги поттикнуваат земјите ширум светот повторно да се свртат кон јаглен, да го рационализираат горивото, да ја скратат работната недела и да ги поттикнат граѓаните да останат дома. Залихите на фосилни горива нагло се намалија откако војната со Иран го затвори Ормутскиот теснец, клучен превозен пат […]

Проблемите со нафтата ќе бидат двојно полоши овој месец отколку минатиот, вели шефот на Меѓународната агенција за енергија 


Прекинот во глобалните испораки на нафта во април ќе биде двојно полош отколку во март, предупреди шефот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), Фатих Бирол. Според него, сегашните прекини, предизвикани од практичното затворање на Ормутскиот теснец од страна на Иран, значат губење на повеќе од 12 милиони барели нафта дневно. Бирол предупреди дека наскоро би […]

Европа го вклучи алармот за снабдувањето со нафта. Што прави Македонија?


  Европската комисија денеска ги повика земјите-членки да се подготват навремено и координирано за да обезбедат безбедно снабдување со нафта и да избегнат мерки што би можеле да ја зголемат потрошувачката на гориво. Ова вклучување на алармот доаѓа откако  војната на Блискиот Исток трае веќе еден месец, без притоа да се гледа крајот на конфликтот […]

Трамп се разбесни: „НАТО е ужасен. Сите се ужасни. Одете и земете ја нафтата“


  Дописничката на Си-Би-Ес од Белата куќа, Веиџија Џијанг, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да побара појаснување за неговата објава на социјалните мрежи во која сугерираше дека можеби ќе се повлече од обидите да го принуди Иран повторно да го отвори Ормутскиот теснец. Трамп ја повтори својата фрустрација што другите земји не испратија воени […]

Ако продолжи растот на цената на нафтата, ќе се намалат акцизите и маржата, вели Мицкоски


Владата ја следи состојбата со цените на нафтата и доколку продолжи растот на берзите по истекот на двонеделната мерка за намалување на ДДВ-то од 18 на 10 отсто, доколку продолжи растот, следна мерка ќе биде намалување на акцизите и маржата, односно цената на складирање и транспортните трошоци – истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на […]

Зошто Трамп му дозволи на Иран да продава нафта во исто време додека го напаѓа?


  Функционерите на администрацијата на Трамп очајнички се обидуваат да обезбедат секој достапен барел нафта во услови на влошување на енергетската криза – дури и ако тоа значи укинување на санкциите врз самата земја против која се борат. Но, три недели по почетокот на војната со Иран, администрацијата снемува опции за ограничување на вртоглаво растечката […]

Барел нафта во Дубаи на рекордни 166 долари


Екстремниот скок на цените на нафтата на локалните пазари на Блискиот Исток би можел да им даде на инвеститорите увид во насоката на движењето на цените во САД и Европа доколку Ормутскиот теснец не се отвори наскоро. Цените на суровата нафта во Дубаи надминаа 166 долари за барел, достигнувајќи нов рекорд во четврток, според Платс. […]