ММФ и Светска банка предупредуваат: И умерен удар може да го турне светот во рецесија


  За октомври ММФ најави ново намалување на проценките за растот на глобалната економија, откако веќе во јули ја намали проценката на 3,2 отсто оваа година, а следната на 2,9 отсто. „Некои земји ќе паднат во рецесија следната година, но се уште е рано да се каже дали ќе има глобална рецесија“, велат од ММФ. […]

Реформите во јавните финансии мора да продолжат и за време на кризата, порача директорот за Европа на ММФ


  Реформите во јавните финансии мора да продолжат напоредно со политиките за справување со тековните предизвици од глобалните ценовни притисоци и енергетската криза. Само на тој начин може да се осигура одржливост и развој на економијата на среден и долг рок. Ова беше посочено на средбата на делегацијата предводена од министерот за финансии, Фатмир Бесими […]

Министерот Бесими на состанок на Конституенцата на ММФ и Групацијата на Светска банка во Сараево


  Министерот за финансии Фатмир Бесими ќе учествува на состанокот на Конституенцата на ММФ и Групацијата на Светска банка што ќе се одржи во Сараево. На настанот, како што информираат од Министерството за финансии, ќе се дискутира за една од најважните теми на денешницата „Од криза до опоравување“, а министерот Бесими ќе има свое излагање […]

Глобалната рецесија е пред нас, предупреди ММФ


  Меѓународниот монетарен фонд во вторникот предупреди дека светот наскоро би можел да се подготви за глобална рецесија бидејќи финансиското забавување во САД, Европа и Кина тесно влијае на развојот. Како замена на Светската економска перспектива, ММФ изјави дека финансиските перспективи значително се затемниле во последните месеци бидејќи војната во Украина, инфлацијата и пандемијата што […]

ММФ: Прекинот на испораки на руски гас тешко би ја погодило централна Европа


Суспендирањето на испораките на руски гас тешко ќе ги погоди економиите во Централна и Источна Европа, додека алтернативните извори на снабдување и течниот гас ќе го ублажат ударот, се наведува во студијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Намалените испораки на руски гас веќе влијаат на економскиот раст во Европа, но последиците од целосното затворање би […]

Шефицата на ММФ бара итни мерки против инфлацијата


Шефицата на ММФ Кристалина Георгиева денеска ги предупреди претставниците на Г20 да преземат итна акција за борба против инфлацијата, предупредувајќи дека „екстремно неизвесната глобална економска перспектива може да се влоши ако продолжат повисоките цени“. Говорејќи на состанокот на финансиските претставници на Групата 20 големи економии во Индонезија, Георгиева рече дека ескалацијата на руската војна во Украина го […]

Шефицата на ММФ Георгиева вели дека „не може да исклучи“ можна глобална рецесија


Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, изјави дека изгледите за глобалната економија „значително се затемниле“ од април и дека не може да ја исклучи потенцијалната глобална рецесија следната година со оглед на зголемените ризици. Георгиева во интервју за Ројтерс рече дека ММФ во наредните недели по трет пат годинава ќе ја намали прогнозата […]

Украина од ММФ доби заем од 770 милиони долари


Украина доби заем од 770 милиони американски долари по повластени услови од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). – Благодарен сум на канадската вицепремиерка Кристи Фриланд за нејзината поддршка и сеопфатна помош за Украина во борбата против агресорите, напиша на Твитер украинскиот премиер Денис Шмигал. Тоа се првите средства што Украина ги повлекува од специјалната сметка што […]

ММФ: Глобалната економија е пред најголемиот тест од Втората светска војна


Меѓународниот монетарен фонд денеска на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, соопшти дека глобалната економија ја чека „можеби најголемиот тест од Втората светска војна“. „Се соочивме со низа немили настани“, изјави извршната директорка на ММФ Кристалина Георгиева. Таа предупреди дека руската инвазија на Украина ги потенцира негативните ефекти на пандемијата на Ковид-19 врз економијата, попречувајќи […]

ММФ: Меѓународната заедница треба да ги намали трговските бариери за да се бори со инфлацијата


Меѓународната заедница треба да ги намали трговските бариери, за да се бори со инфлацијата. Оваа препорака ја има во заедничката статија, објавена денеска од извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, нејзиниот прв заменик Гита Гопинат и директорката на Одделот на стратегија, политика и анализа на ММФ, Џејла Пазарбасиоглу. Авторите повикаа на „враќање […]

Ковачевски: Не се разговара за аранжман со ММФ, туку за користење на еден од инструментите


Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, во интервју за ТВ 21, истакна дека зголемувањето на дефицитот во Буџетот и потребата од дополнителни средства за негово покривање се појави како потреба и во нашата земја како и кај сите држави затоа што во буџетското планирање за 2022 година не беа вклучени зголемените цени на енергенсите и другите […]

Македонија тропна на вратата на ММФ, дали ќе добие 900 милиони евра?


  За само една година, условите на меѓународниот пазар на капитал драстично се променија за нашата земја, па наместо нова еврообврзница, за покривање на буџетските потреби државата овој пат тропна на вратата на Меѓународниот монетарен фонд. Колкав ќе биде износот на новото задолжување ќе се знае деновиве откако од ММФ ќе ја скенираат буџетската крвна […]

Бесими од Вашингтон: Македонија ќе може да користи средства по поволни услови


Република Северна Македонија упати барање до Меѓународниот монетарен фонд за користење на двегодишна линија за претпазливост и ликвидност. Оваа кредитна линија е достапна за земјите-членки со здрави економски основи, а се користи за ситуации кога има неизвесност како што е во моментов економската криза како резултат на инфлацијата и енергетската криза особено по војната во […]

Еврообврзницата е скапа, од 4,5 до 5,5 проценти, Македонија се врти кон ММФ за заем со еден отсто камата


Со еден отсто камата ќе биде заемот што земјава го бара од ММФ, но деталите за неговото искористување допрва ќе се дефинираат. Парите од задолжувањето ќе се користат за поддршка на Буџетот, рече министерот за финансии Фатмир Бесими. Според Бесими, оваа каматна стапка е значително пониска од онаа што моментно може да изнесува за еврообврзница […]

Бесими-Ескобар: Зајакнување на економската соработка меѓу Северна Македонија и САД


Mожноста за продлабочување на економската соработка меѓу Северна  Македонија и Соединетите Американски Држави и енергетската криза беа дел од темите за кои станало збор на средбата што во Вашингтон се одржа меѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и заменик-помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, […]

И ММФ ни предвидува помал раст, годинава БДП ќе се зголеми 3,2 отсто, идната година 2,7 отсто


Меѓународниот монетарен фонд во најновиот Светски економски преглед прогнозира дека македонската економија годинава ќе оствари раст од 3,2 отсто, што е надолна корекција во однос на јануарските прогнози за 0,8 процентни поени. За идната година ММФ предвидува уште помал раст на македонскиот БДП, само 2,7 отсто, наспроти 3,8 проценти во извештајот на Мисијата на ММФ […]

ММФ стартува итни програми на финансирање заради можноста од избивање немири


  Во извештајот на Меѓународниот монетарен фонд „Фискалната политика од пандемија до војна“, челниците на оваа финансиска институција истакнуваат дека потребно е итно спроведување мерки на кредитирање на државите членки чиј БДП брзо опаѓа, инаку она што следи се општествени немири. ММФ е отворен за можнсота за пружање итно финансирање на ранливите земји кои се […]

ММФ: Климатската криза веќе води кон сериозни шокови


Бугарија – Климатската криза веќе води до сериозни нарушувања во животот и егзистенцијата на луѓето, предупреди генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева на Светскиот самит во Дубаи. Нејзиниот говор денеска во БТА беше примен од претставништвото на ММФ за Бугарија. Таа ја претстави најновата анализа на ММФ за климатските промени во регионот на […]

ММФ: Војната во Украина ќе го забрза преминот кон дигитални валути


Финансиските санкции врз Русија би можеле постепено да ја намалат доминацијата на доларот и да го поделат меѓународниот монетарен систем, изјави претставничката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Гита Гопинат. „И во такво опкружување доларот би ја задржал позицијата на значајна глобална валута, но фрагментацијата, во најмала рака, дефинитивно е сосема можна“, вели заменичката извршна директорка […]

ММФ: Војната во Украина ќе доведе до забавување на економскиот раст


Војната во Украина ќе придонесе за забавување на економскиот раст во светот, но нема да предизвика глобална рецесија, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, објавувајќи ги новите прогнози на ММФ за април. Таа на форумот на магазинот„ Форин полиси“ рече дека глобалниот економски раст ќе успее да остане позитивен оваа година и покрај […]