Анализа на ММФ: Како војната во Украина одекнува низ регионите во светот


Покрај страдањата и хуманитарната криза од руската инвазија на Украина, целата глобална економија ќе ги почувствува ефектите од забавен раст и побрза инфлација, оценува ММФ во најновата анализа објавена на официјалната интернет страница на оваа институција. Влијанијата ќе се одвиваат низ три главни канали, оценува ММФ. Прво, повисоките цени на стоките како храната и енергијата […]

ММФ: Војната во Украина може да ја загрози глобалната безбедност на храната


Украинската влада продолжува да функционира, банкарскиот систем е стабилен и исплатите на долгот се остварливи на краток рок, но руската инвазија може да ја втурне Украина во катастрофална рецесија, соопшти денеска Меѓународниот монетарен фонд. Тие предупредија дека војната може да има пошироки последици, вклучително и закана за глобалната безбедност на храната поради зголемените цени и неможноста […]

ММФ одобри 1,4 милијарди долари за Украина


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри 1,4 милијарди долари вонредно финансирање за Украина за да се задоволат „итни потреби на платниот биланс“. Извршниот одбор на Фондот соопшти дека украинските власти ќе соработуваат со ММФ „за дизајнирање соодветна економска програма насочена кон рехабилитација и раст, кога ќе дозволат условите“. – Штом војната ќе заврши и ќе може […]

ММФ: Ескалацијата на руско-украинскиот конфликт би предизвикала „погубна“ економска штета


Веќе „сериозните“ глобални економски последици од војната во Украина ќе бидат „уште попогубни“ доколку ескалира конфликтот Москва-Киев. Ова го предупреди Меѓународниот монетарен фонд. Иако прогнозите остануваат предмет на „екстремна неизвесност, економските последици“ од руската инвазија, која започна минатата недела, „веќе се многу сериозни“, се вели во соопштението на Фондот. Зголемените цени на енергијата и суровините […]

ММФ ја увери Украина во својата целосна поддршка и натамошна соработка


Меѓународниот монетарен фонд ја увери Украина во својата поддршка и продолжува тесно да соработува со владата за да и помогне на земјата на сите можни начини, се наведува на официјалната Фејсбук страница на Министерството за финансии на Украина, пренесува Укринформ. „Министерството за финансии продолжува да комуницира со ММФ за инструментите за поддршка на Украина. Сите […]

Фискалните политики придонесоа за закрепнување на економијата, оценил ММФ


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги поздрави фискалните политики во земјава оценувајќи дека тие придонеле кон закрепнување на економијата и зачувување на работните места. Во извештајот објавен по консултациите во врска со член 4 од Договорот со ММФ, оваа меѓународна финансиска институција нотира дека политиките за поддршка на стопанството го лимитирале падот на економската активност, помогнале […]

ММФ: Монетарната политика на НБ е соодветна, а девизните резерви овозможуваат стабилен девизен курс


Народната банка (НБ) води соодветна олабавена монетарна политика, бидејќи инфлацијата е пред сѐ глобален феномен. Во согласност со глобалните трендови, повисоката инфлација веројатно ќе се задржи подолго во однос на претходните очекувања, намалувајќи се во текот на втората половина на 2022 година, констатира Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во извештајот од редовната мисија во земјава. Од […]

ММФ: Околу 100 земји размислуваат да воведат дигитална валута, но не постои единствен модел кој им одговара на сите


 Фактите од искуството со првите лансирани дигитални валути на централните банки (CBDC) ширум светот укажуваат дека не постои модел кој одговара на сите, вели директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева. Според проценките на ММФ, околу 100 земји во моментов размислуваат за проекти за CBDC, според студијата на Фондот објавена денеска, во која се […]

Кристалина Георгиева: САД, Кина и Омикрон го забавуваат економското закрепнување


Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева изрази очекувања за послабо закрепнување и повеќе ризици за светската економија. Според неа, тоа се должи на забавувањето на економиите на САД и Кина, но и на Омикрон варијантата на коронавирусот. Овие процеси имаат влијание врз инфлацијата и долговите. Се предвидува дека инфлацијата во САД ќе се намали […]

ММФ: Можни се економски потреси во пазарните економии во развој


Пазарните економии во развој ќе мора да се подготват за епизоди на економски потреси со оглед на очекуваниот пораст на каматните стапки на Федералните резерви на САД и забавениот глобален раст како резултат на ширењето на сојот Омикрон на коронавирусот, предупредува Меѓународниот монетарен фонд. ММФ, кој ќе ги објави своите нови ажурирани прогнози подоцна овој […]

Антикризните мерки спречија поголеми отпуштања, но поради пандемијата неизвесноста се уште постои


Меѓународниот монетарен фонд излезе со оценка дека антикризните мерки во земјава го ублажиле влијанието на пандемијата врз економијата и спречиле да дојде до поголеми отпуштања од работните места. Од оваа меѓународна финансиска институција очекуваат економското заздравување да продолжи и во 2022 година, но предупредуваат дека се уште постои неизвесност поради пандемијата поради што препорачуваат политиките […]

Народна банка: ММФ со уште една потврда за стабилноста на денарот


Меѓународниот монетарен фонд уште еднаш ја потврди стабилноста на денарот и на банкарскиот систем во земјава. Во изјавата од последната редовна мисија на ММФ во земјава се наведува дека фиксниот девизен курс на денарот e сидро на стабилноста, поддржан од соодветното ниво на девизните резерви. Меѓународниот монетарен фонд оценува дека банкарскиот систем се покажа како […]

ММФ: Раст од 4,2 и инфлација од 3,9 проценти во 2022, пандемијата и понатаму предизвикува неизвесност


Тимот на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува економскиот раст во државава да се зголеми од 4 проценти годинава на 4,2 проценти в година, главно поттикнат од големата домашна побарувачка. Очекува инфлацијата во 2022 година да биде 3,9 проценти во просек и да се стабилизира на околу 2 проценти во 2023 година и во […]

ММФ од идната година нема да има канцеларија во Бразил


Бразил – Бразилскиот министер за финансии Паоло Гуедес изјави дека Влада ќе ја укине канцеларијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) бидејќи не е задоволна од економските прогнози. – Со години (претставниците на ММФ) не се потребни овде. Останаа бидејќи сакаат феијоада, гулаш од црн грав и месо, фудбал, пријатен разговор и од време на време да […]

Мисија на ММФ ќе врши годишен преглед на македонската економија


Годишен преглед на македонската економија ќе спроведе Мисијата на меѓународниот монетарен фонд, предводена од Џесмин Рахман, која престојува во Македонија од денеска до 16 месецов. – Билатералниот надзор е централен елемент на мандатот на ММФ за сите нејзини земји-членки и опфаќа сеопфатен поглед на макроекономските движења и перспективи и на економските политики на власта, информираше […]

Тевдовски: Преку инвестирање во подобри јавни услуги до одржлив развој


Македонија е прва земја во регионот што ќе воведе гарантиран минимален приход. Одржлив раст може да се постигне само преку вложување во подобар живот за граѓаните, односно преку подобар систем на социјална заштита, рече министерот за финансии Драган Тевдовски во обраќањето на Годишните средби на ММФ и Светска банка во Индонезија. Тевдовски, како што соопшти […]

Тевдовски и Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и СБ во Индонезија


Делегација предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерката на Народната банка на Република Македонија Анита Ангеловска учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ) во Индонезија. Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи претставници од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и групацијата на Светската банка (СБ). Во рамки на […]

ММФ ја намали прогнозата за раст на македонската економија


Економскиот раст на Македонија годинава ќе биде 1,6 проценти, предвидува Меѓународниот монетарен фонд во есенскиот извештај „Перспективите на светската економија“. Претходнодната проценка на ММФ за растот на македонската економија беше 2,8 отсто. ММФ за наредната година прогнозира дека БДП на Македонија ќе порасне за 2,6 проценти, а до 2023 година годишен раст од 3,4 отсто. Од земјите […]

ММФ ги намали прогнозите за светската економија на раст од 3,7 отсто


САД- Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги намали своите прогнози за светската економија поради зголемувањето на каматните стапки и интензивирањето на тензиите во трговијата. Според прогнозите на ММФ, светската економија ќе забележи раст од 3,7 отсто оваа година, исто како и претходната. Сепак, тоа е помалку од предвидувањата на ММФ објавени во јули. Финансиската институција ги намали […]

Турција нема веќе да зема кредити од ММФ


Анкара – Властите во Турција немаат намера повеќе да земаат кредити од Меѓународниот монетарен фонд, изјави денеска претседателот Реџеп Тајип Ердоган. – Модерна Турција нема потреба од заеми и теничка поддршка од ММФ, изјави Ердоган. Според него темата за кредитирање од ММФ е затворена еднаш засекогаш. Во 2013 година Турција го исплати на ММФ последниот […]