Георгиева: Состојбата во светската економија и понатаму е тешка, но помалку лоша од пред неколку месеци


    Состојбата во светската економија и понатаму е тешка, но можеме да кажеме дека е помалку лоша отколку пред неколку месеци, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева во интервју за Си-Би-Ес. „Фондот очекува големото зло од минатата година – инфлацијата да почне постепено да паѓа од 8,8 отсто во 2022 година на […]

ММФ ги зголеми изгледите за глобалниот раст за годинава


  Меѓународниот монетарен фонд денеска малку ги зголеми изгледите за глобалниот раст во 2023 поради „изненадувачките отпорни“ побарувања во САД и Европа, пониските трошоци за енергија и повторното отворање на кинеската економија откако Пекинг ги ублажи строгите ограничувања за Ковид-19. ММФ соопшти дека глобалниот раст сепак ќе падне на 2,9 отсто годинава од 3,4 отсто […]

ММФ одобри нов стенд-бај аранжман за Србија


  На состанокот одржан на 19 декември, Бордот на извршните директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри стенд-бај аранжман за Србија во висина од 290 отсто од квотата на земјата во ММФ за период од 24 месеци, за поддршка на договорената економска програма, објави кабинетот на гувернерката на НБС. Новиот аранжман, се додава, е насочен […]

ММФ: Јавните финансии се здрави, долгот е одржлив


  Економските фундаменти се силни додека властите преземаат соодветни мерки за справување со ефектите од надворешниот шок. Јавните финансии се здрави, a јавниот долг е одржлив, што е утврдено со ригорозна и систематска анализа на одржливост на долгот, се наведува во извештајот на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која ја оценуваше земјава за пристап […]

Достапна првата транша од 110 милиони евра од ПЛЛ аранжамнот од ММФ


Република Северна Македонија ја добива првата транша од 110 милиони евра од вкупно одобрените од Меѓународниот монетарен фонд преку Инструментот за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ). Средствата стануваат достапни откако Одборот на директори на ММФ ја одобри двегодишната програма на Република Северна Македонија во рамки на Инструментот за претпазливост и ликвидност. -Политиките што ги спроведуваме овозможија […]

ММФ ги одобри средствата од ПЛЛ инструментот за земјава


Канцеларијата на Меѓународниот монетарен фонд во Скопје попладнево соопшти дека Извршниот одбор на ММФ го одобрил двегодишниот аранжман за Северна Македонија според Линијата за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ) во износ од околу 530 милиони евра. Одобрувањето на аранжманот, како што стои во соопштението, овозможува итна исплата на околу 110 милиони евра, што ќе биде проследено […]

Бесими: Средствата од ПЛЛ инструментот на ММФ стануваат достапни за справување со кризата


  Собранието денеска на седница го усвои Предлог-законот со кој на РС Македонија ќе и стојат на располагање 530 милиони евра средства од Инструментот за претпазливост и ликвидност на ММФ. Пристапот на земјата до средства од овој инструмент е потврда на Меѓународниот монетарен фонд за спроведување здрави политики. Министерот за финансии Фатмир Бесими, вчера во […]

Собранието ги донесе законите за здолжување на државата кај ММФ и Светската банка


  Собранието попладнево ги донесе законите за задолжување на земјава кај Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со кредитна линија за претпазливост и ликвидност и за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светската банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за градење на ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување […]

Заврши собраниската расправа за задолжувањето кај ММФ, гласањето дополнително


  Пратениците денеска ја продолжија 92. пленарна седница и ја завршија расправата по Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија кај Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со кредитна линија за претпазливост и ликвидност, по скратена постапка. Пред редовната пазуа до 15:30 часот пратениците дебатираа за Предлог законот за задолжување на земјава со заем кај Меѓународната банка […]

Владата го усвои текстот на барањето до ММФ за кредитот од 530 милиони евра


Владата  на денешната 99 седница го усвои текстот на барањето до Меѓународниот монетарен фонд, за обезбедување Кредитна линија за претпазливост и ликвидност. Кредитната линија за претпазливост и ликвидност е во износ од 530 милиони евра. Средствата од Кредитната линија, се појаснува во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста, се наменети за поддршка на […]

Баркбу од ММФ: Инфлацијата ќе се смири, банкарскиот систем може да се справи со шоковите


Се очекува инфлацијата да се смири, оценува шефицата на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во земјава, Берглјот Баркбу и посочува дека притисокот на глобалните цени на енергијата и храната веќе се намалува и се очекува и понатамошно намалување. Сепак, како што вели таа во интервју за ТВ 24, инфлацијата е се уште висока и […]

Средби со ММФ: Монетарната политика на Народната банка е соодветен одговор на предизвиците со кои се соочува домашната економија


  Народната банка досега соодветно одговора на тековните предизвици, кои се последица на глобалната криза, преземајќи мерки во насока на постепено нормализирање на монетарната политика, заради одржување на среднорочната ценовна стабилност. Ова е од особено значење во услови кога глобалната економија се соочува со повеќе големи предизвици – највисоката инфлација во изминатите неколку децении, руската инвазија […]

ММФ: Централните банки „мора да дејствуваат решително“ за да ја намалат инфлацијата


Централните банки треба „одлучно да дејствуваат за да се справат со инфлацијата“ откако бројките достигнаа највисоки нивоа во последните неколку децении, објави ММФ денеска. Коментарите на кризниот заемодавач во неговиот најнов Извештај за глобална финансиска стабилност доаѓаат откако неговите годишни состаноци започнуваат оваа недела, со физичко присуство за првпат од 2019 година. Состаноците се отвораат […]

Годишни состаноци на Светска банка и ММФ: Во фокусот проблемите на економиите во развој


  Годишните состаноци на ММФ/Светска банка во Вашингтон што почнаа во понеделникот и ќе траат до сабота опфаќаат разговори за голем број пазари во развој, притиснати од зголемената инфлација и трошоците за задолжување во позадина на забавување на глобалниот раст. Економскиот удар од руската инвазија на Украина ги зголеми притисоците што се појавија за време […]

Бесими: Заокружено финансирањето на буџетот до крајот на годината, заштедени над 40 милиони евра


  Државата го заокружи целокупното финансирање на буџетот за годинава, со над 40 милиони евра заштеда како резултат на претпазливото управување со должничкото портфолио во услови на криза и глобалниот раст на каматните стапки. Министерот за финансии, Фатмир Бесими за време на гостувањето на Дневникот на Сител, посочи дека цената на обезбедениот капитал за финансирање […]

Инфлацијата може да стане како „воз кој излегол од контрола“, предупреди шефицата на ММФ


  Извршната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева и претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас, предупредија за зголемениот ризик од глобална рецесија, при што инфлацијата останува постојан проблем по рускиот напад врз Украина. „Постои ризик и реална опасност од глобална рецесија следната година“, рече Малпас на почетокот на Годишното собрание на Меѓународниот монетарен фонд и Светска […]

ММФ: Албанија не е подготвена за фискална амнестија, Владата мора да ја коригира


  Претставничката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Албанија, Јан Сун, ја пренесе загриженоста на меѓународните претставници за законот за фискална амнестија. На конференцијата одржана со министерката за финансии и економија Делинда Ибрахимај и гувернерот на Централна банка на Албанија, Гент Сејко, Сан рече дека ММФ внимателно го разгледал законот и го смета за „билет […]

НБ: Банкарскиот сектор е оценет од ММФ како ликвиден и капитализиран, а монетарната политика соодветна


Народната банка ја нормализира монетарната политика од крајот на минатата година преку своите монетарни операции, а од април наваму и преку зголемување на основната каматна стапка во неколку наврати. Банкарскиот сектор и натаму е добро капитализиран и ликвиден. Ова се наведува во изјавата на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд, во која објавуваат дека одобрувањето на […]

ММФ даде зелено светло за поддршка на Македонија со 530 милиони евра


  Македонија е на чекор да ја добие долгоочекуваната финансиска поддршка од Меѓународниот монетарен фонд. Како што соопшти Министерството за финансии, мисијата на ММФ „даде зелено светло за доделување 530 милиони евра на Република Северна Македонија преку Кредитната линија за претпазливост (The Precautionary and Liquidity Line – PLL) во рок од 24 месеци“. „Ова е […]

ММФ: Преговори за нови аранжмани со Србија и со Северна Македонија


  Меѓународниот монетарен фонд во моментов преговара за нови аранжмани со Србија и со Северна Македонија, изјави денеска шефицата на канцеларијата на ММФ за Западен Балкан, Стефани Верен Ебле, пренесе Бета. „Монетарната политика мора да ја игра својата улога во време на криза, а тоа ќе влијае и на буџетот и на растот. Монетарната политика […]