ММФ препорачува НБ и натаму да се води претпазлива монетарна политика


  „Досегашните одлуки на Народната банка за зголемување на основната каматна стапка, како и другите мерки за нормализација на монетарната политика придонесоа за намалување на инфлацијата, но и за стабилизирање на девизниот пазар и раст на девизните резерви. Сепак, ризиците сѐ уште постојат, поради што Народната банка треба и натаму да води претпазлива политика и […]

ММФ: Политиките на претпазливост на Народната банка кои даваат резултати, треба да се применуваат и понатаму


 Народната банка води соодветни политики и презема мерки преку коишто се обезбедува постепено намалување на ценовните притисоци и се зајакнува отпорноста на банкарскиот систем во услови на продолжена неизвесност. Ова се дел заклучоците од денешната средба на гувернерката и вицегувернерите на Народната банка со новоназначениот шеф на Канцеларијата на Меѓународниот монетарен фонд во Скопје Себастијан […]

Заменик-министерот за финансии Николоски на средби во ММФ


Заменик министерот за финансии Филип Николоски, кој престојува во Вашингтон, оствари средби во Меѓународниот монетарен фонд со алтернативниот извршен директор  Лук Дресе и со шефот на мисијата на ММФ  Жак Миниан. Како што соопшти Министерството за финансии, на средбата, се разговараше за економските состојби и политики во земјава при што заменик-министерот Николоски ја потенцираше заложбата […]

Инфлацијата е поупорна од очекувањата, европските економии забавуваат, Америка е отпорна


Монетарната политика и понатаму ќе мора да биде затегната, бидејќи инфлацијата е поупорна отколку што очекувавме, изјави главниот економист на Меѓународниот монетарен фонд, Пјер-Оливие Гуринша. Во интервју за шпански „Паис“, Гуринша изјави дека моменталната инфлација во Европската унија и во еврозоната е помала поради падот на цените на енергијата и храната, но дека базната инфлација […]

ММФ: Има простор за повисоки плати во јавниот сектор, но да се внимава на инфлацијата


Во тек е економско закрепнување на Северна Македонија, со реален раст на БДП проектиран на 2,1 отсто оваа година, а 3,4 проценти во 2024 година. Потрошувачките цени се очекува годинава да пораснат во просек за 9,2 отсто, 3,5 отсто во 2024, а до 2026 година да се вратат на 2 отсто, се наведува во прелиминарните […]

СБ и ММФ сакаат да го засилат кризното финансирање


Светската банка (СБ) ќе го олесни финансирањето на земјите погодени од природни катастрофи, објави СБ, откако Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) најави дека ја постигнал својата цел да обезбеди 100 милијарди долари за ранливите земји. Двете најави беа дадени на собирот на четириесет лидери во Париз, меѓу кои десетина од Африка, кинескиот премиер и бразилскиот претседател. […]

ММФ бара поскоро да се донесат даночните реформи, поддржува данок на солидарност


  Претседателот и членовите на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието остварија работна средба со претставниците на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд: Жак Миниан, шеф на Делегацијата; Томас Гаде, член на Мисијата и Фатон Сулејмани од канцеларијата на ММФ во Скопје, соопштија од Собранието. Во соопштението до медиумите се вели дека на средбата се […]

Поделените финансиски лидери повикуваат на единство


  На овонеделните состаноци во Вашингтон на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка висеше една голема тема: глобалната економија се распаѓа и треба да се врати назад. Финансиските власти пренесоа страшни предупредувања за растечките дислокации во трговијата и соработката. Војната на Русија во Украина предизвика огромно нарушување во глобалната трговија. Тензиите меѓу САД и Кина […]

Поделените ривалски блокови ризикуваат нова студена војна, вели шефот на ММФ


Фрагментацијата на глобалната економија во ривалски трговски блокови носи ризик да поттикне нова студена војна, изјави шефот на Меѓународниот монетарен фонд. Кристалина Георгиева, директорка на ММФ, рече дека комбинацијата на пандемијата на Ковид, војната во Украина и недостатоците од глобализацијата доведоа до потенцијално опасно расцепување. „Она што го научивме од Ковид-19 и војната е дека […]

Средби со ММФ: Народната банка спроведува соодветна монетарна политика


  Политиките кои ги води Народната банка се соодветен одговор на тековните предизвици. Глобалната ситуација е сложена поради финансиските превирања, продолжувањето на војната во Украина и геоекономската фрагментација. Оттаму, централните банки треба да останат доследни на антиинфлаторната затегната монетарна политика, но исто така будно да ги следат случувањата во финансискиот сектор и доколку има потреба […]

Ангеловска-Бежоска: НБ останува посветена на обезбедувањето среднорочна ценовна стабилност


Народната банка (НБ) останува посветена на исполнувањето на својата основна цел, односно обезбедувањето среднорочна ценовна стабилност. За таа намена, централната банка будно ја следи ситуацијата и ги презема сите потребни мерки за враќање на стапките на инфлација на 2 отсто,  на среден рок порача гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која учествува на Пролетните средби […]

Бесими на средби во ММФ: Опстојуваме на определбите за фискална консолидација и забрзан економски раст


Мерките и политиките што ги спроведува Република Северна Македонија ја задржаа макроекономската стабилност, буџетскиот дефицит забележа намалување, јавниот долг е на одржливо ниво и во рамки на Мастришките критериуми, инфлацијата покажува тренд на намалување, економијата е отпорна и е во позитивна зона, беше констатирано на средбите на министерот за финансии Фатмир Бесими со заменик-генералниот директор […]

Ангеловска-Бежоска на Пролетните средби во Вашингтон: Гувернерите на централните банки и министрите за финансии ќе разговараат за светската економија


Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Фатмир Бесими, ја предводат делегацијата од нашата земја којашто учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Во делегацијата на Народната банка на овие средби ќе земе учество и вицегувернерот Фадил Бајрами. Предвидено е делегацијата […]

ММФ прогнозира скромен раст за македонската економија, годинава само 1,4 отсто, в година 3,6 отсто


 Македонската економија годинава ќе забележи раст од 1,4 отсто, а во наредната од 3,6 проценти, проценува Меѓународниот монетарен фонд во објавениот Преглед за светката економија во 2023 година. По двоцифрените стапки во 2022, годинава инфлацијата во земјава ќе забави и ќе изнесува 9,2 отсто. Од земјите во регинот, највисок економски раст годинава ќе забележат Косово […]

Мрачни прогнози: ММФ за оваа година предвидува најслаб глобален раст од 1990 година


  Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во вторникот ги објави своите најслаби среднорочни очекувања за глобален раст во повеќе од 30 години. Во својата Светска економска перспектива објавена денеска, Меѓународниот монетарен фонд малку ја намали прогнозата за глобалниот раст оваа година, бидејќи зголемувањето на каматните стапки ја намали економската активност и предупреди дека натамошните превирања во […]

Бесими и Ангеловска-Бежоска во САД на Пролетните средби на Светската банка и ММФ


Министерот за финансии Фатмир Бесими од денеска до сабота ќе престојува во работна посета на САД, каде ќе оствари средби со високи претставници во седиштето на ОН, Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд. Од Министерството за финансии информираат дека тој ќе оствари средби со заменик-генералниот секретар на ОН Амина Мохамед и регионалниот директор за Европа […]

Загрижувачки прогнози на ММФ: Глобалниот економски раст најспор уште од деведесеттите


  Светската економија се соочува со години на бавен економски раст: среднорочните перспективи на глобалната економија се најниски во последните триесет години, изјави Кристалина Георгиева, извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд, пред пролетниот состанок со Светска банка следната недела, пренесоа агенциите. Според Георгиева, економската фрагментација и геополитичките тензии се клучните причини за стагнација на глобалната […]

Зголемени ризиците за глобалната финансиска стабилност, вели директорката на ММФ


Директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, во неделата изјави дека ризиците за финансиската стабилност се зголемени и повика на континуирана претпазливост, иако акциите на напредните економии го намалија стресот на пазарот. Шефицата на ММФ го повтори нејзиниот став дека 2023 година ќе биде уште една предизвикувачка година, со забавување на глобалниот раст на под […]

Ковачевски во Минхен се сретна со директорката на ММФ, Георгиева


Премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамки на Минхенската безбедносна конференција оствари средба со Кристалина Георгиева, првиот човек на ММФ, како и со претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено – Басо. Премиерот Ковачевски се заблагодарил што ММФ во нашата земја препозна здрав економски фундамент и ја поздрави стабилноста на нашите економски […]

ММФ постигна договор со Украина, следат дискусии за кредитирањето


Меѓународниот монетарен фонд денеска соопшти дека е постигнат договор на ниво на тимови со Украина, што го отвора патот за разговори за програма за заеми за поддршка. Во соопштението ММФ наведува дека инфлацијата во Украина почнала да се забавува и дека оваа година се очекува постепено економско закрепнување.