Шпанската министерка за труд Дијаз предложи да им се дадат 20.000 евра на младите за учење, обука или отворање фирма


Министерката за труд на Шпанија, Јоланда Дијаз предложи шема за справување со социјалната нееднаквост која подразбира давање 20.000 евра на секој млад човек во земјата, кои, кога ќе наполни 18 години, ќе може да ги потроши за учење, обука или отворање фирма. Според платформата на министерката, која ја објави стратегијата пред вонредните општи избори во […]

Гласот на младите клучен во градењето на отпорност против организираниот криминал и корупцијата


Во борбата против организираниот криминал и корупција е неопходно да се вклучи и гласот на младите, ова е заклучокот од денешната конференција „Градење отпорност против организираниот криминал и корупцијата меѓу младите во Југоисточна Европа” во организација на Одделот за транснационални закани на Секретаријатот и Канцеларијата на координаторот за економски и еколошки активности на ОБСЕ, во […]

На младите сè уште им требаат и до 62 месеци за да најдат работа


Младинското (не)вработување не е само прашање на барање на работа, професија и обезбедување на опстанок. Тоа е клучно за позиционирање на улогата на младите во општеството. Ова е еден од заклучоците нотирани во документот за јавна политика со назив „ Младинско (не)вработување: политики, мерки и вештини“ креиран од Здружение Лидери за едукација, активизам и развој […]

Пет млади излегле да се забавуваат во Велс, пронајдени се три тела


Велшката полиција објави дека пронашла три тела и двајца повредени кои итно се пренесени во болница. од полицијата претходно ги замолија граѓаните кои имаат корисни информации за исчезнувањето на петтемина млади кои последен пат се видени во автомобил „тигуан“. Софи Русин (20), Ив Смит (21) и Дарси Рос (21), сите од Њупорт во Јужен Велс, […]

Институциите да ги вклучат младите во подобрувањето на јавните услуги


Креирање прва студентска платформа за општествена одговорност која ќе ја поддржат македонските компании и иницијатива до владините институции и општините во нивната работа да вклучат студенти со што тие ќе учествуваат и ќе влијаат во подобрувањето на јавните услуги за граѓаните. Ова се две идеи кои денеска ги промовираа Институтот за добро управување и евроатлантски […]

Со Гаранција за млади досега опфатени над 80 илјади, околу 40 проценти од нив добиле понуда за вработување


Пристапот во справување со невработеноста на младите лица на пазарот на труд покажа видно подобрување на состојбите со вработувањето на младите. Во 2021 година околу 94 илјади млади луѓе во државата не беа вработени, не беа вклучени во образование или обука што одговара на четвртина од вкупното младо население. Овој удел, иако сѐ уште голем, […]

Искуствата од досегашното петгодишно спроведување на програмата Гаранција за млади (во живо)


– Споделување искуствата, добри практики и предизвици во досегашното петгодишно спроведување на програмата Гаранција за млади во Северна Македонија. На настанот ќе бидат презентирани и искуствата од неколку земји во ЕУ за начинот на функционирање на нивните системи за идентификација, вклучување и индивидуална поддршка на младите луѓе кои предвремено го напуштиле образованието, се исклучени од пазарот […]

Слаба заинтересираност за лични асистенти на ученици во Центар, општината повторно со повик


Општина Центар распиша Јавен повик за ангажирање на лични асистенти во проектот „Образование за сите“ за потребите на ученици со посебни образовни потреби вклучени во образовниот процес во основните училишта на територија на Општина Центар – Скопје, во учебната 2022/2023 година. Имено, повторниот Јавен повик се распишува заради недоволно пријавени кандидати за лични асистенти на […]

Децата и младите со попреченост ќе се проценуваат според тоа што можат, а не што не можат


Правилник за функционална проценка на децата и младите со попреченост беше потпишан денеска во Владата. Со него се регулира начинот на спроведување на функционалната проценка врз основа на Меѓународната класификација за функционирање (МКФ) и определувањето на мерките за дополнителна образовна и здравствена поддршка и социјална заштита на засегнатите деца и млади до 26 години. Правилникот […]

Деведесет отсто од младите сакаат да се иселат, еден од факторите е корупцијата


  Деведесет проценти од младите луѓе кои се во земјава сакаат да се иселат. Во 2021 година младинската невработеност била 28,3 проценти, но бил висок и процентот на сиромаштијата кај младите луѓе – 27,3 проценти или секој четврт млад човек во земјава се соочува со сиромаштија. Неопходна е реформа на образованието, но младите сакаат и […]

Јавен конкурс за млади луѓе на тема „Безбедност, солидарност и соработка“


Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Националниот младински совет објавија конкурс на тема  „Што значи безбедноста, солидарноста и соработката за вас?” наменет за млади на возраст од 15 до 29 години. Учесниците на конкурсот  може да се изразат за она што најмногу ги засега на различни креативни […]

„Гоу грин“ повторно собира младински еко предлози за зелени општини


  Сите млади кои сакаат да бидат дел од зелената еко промена, да поднесат предлог за нивната општина да стане по зелена и по еколошка, апелира здружението „Гоу грин“ Скопје кое втор пат собира младински барања за зелени општини. -Младите не се застапени во општините и се уште во поголемиот дел не се оформени локалните […]

Половина од младите од 13 до 15 години велат дека знаат делумно да располагаат со парите


Околу половина од младите помеѓу 13 и 15 години сметаат дека не располагаат со доволно знаење за управувањето со парите. Најголемиот дел од нив учат за управувањето со парите од своите семејства. Од финансискиот систем, најдобро ги познаваат функциите на банкарскиот сектор и сметаат дека најдобро можат да се стекнат со финансиски знаења преку класичната […]

ТИРЗ со поддршка на младински организации за отворање нови можности за работа на младите


Со конкретни активности и мерки ТИРЗ ќе го поддржи проектот на повеќе младински организации чија цел е намалување на младинската невработеност и отворање можности за компаниите да инвестираат во развој на соодветните вештини и знаења на вработените. Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони, Јован Деспотовски на средбата со претставниците на Младинскиот сојуз од […]

Младите бараат повисоки плати и флексибилно работно време


Неусогласеност помеѓу образовниот систем и потребите на пазарот на работна сила се најголем проблем проблем за вклучување на младите на пазарот на трудот, беше посочено на денешната дебата „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“, во организација на ИДУЕП и Младинскиот сојуз. Учесниците на дебатата истакнаа дека младите и работодавачите […]

Половина од младите во државата преземаат напори за промени во општеството


Согласно податоците од истражувањето на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД), речиси половина од младите во Северна Македонија или 51 процент, преземаат напори да направат промена во општеството. Најголем дел од нив не успеваат секогаш да ги решат проблемите, но сепак е позитивна работа што младите кои се општествено активни, како и оние коишто преземаат […]

Истражување на АМС: Квалитетното образование важен фактор за квалитетен живот, секој трет млад човек сака да се отсели


Квалитетното образование, најважниот фактор за подобрување на квалитетот на живеење во нашата држава и практичната настава , се најголем проблем во образовните институции, а речиси секоја трета млада личност сака да се отсели во друга држава, покажува истражувањето на Агенцијата за млади и спорт спроведено на национално ниво во периодот од јануари до март 2022 […]

Две третини од младите сакаат да се иселат, потребни се политики за решавање на нивните проблеми


Населението старее, а две третини од младите сакаат да се иселат од државата и доколку им се пружи приликата би го сториле тоа, затоа е потребна итна акција од страна на законодавната и извршната власт и политики кои ги решаваат проблемите на младите, но и политики кои доследно ќе се спроведуваат, беа дел од заклучоците […]

Анксиозност, агресивно однесување… како ковид пандемијата влијаеше врз младите


Ковид пандемијата ја истакна важноста на менталното здравје особено кај адолесцентите, а социјалната дистанца и недоволната информираност помеѓу институциите како пречки при решавање на проблемот со психичкото здравје кај младите. Ова беше споделено на денешната панел дискусија на која беше презентиран документот кој содржи мерки и предложени пристапи за донесителите на одлуки кои го засегаат […]

Младите на Балканот обединети со фудбал


Спортски организации и клубови од Република Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, креираа широко Балканско партнерство за поттикнување социјална кохезија и добросотојба на младите преку фудбал во рамки на проектот „Играј и вклучи се”( Play2include). Проектот се имплементира со поддршка на ФИФА фондација (FIFA Foundation), Германско друштво за меѓународна соработка (GIZ) и Француската развојна […]