Една четвртина од младите на возраст од 15 до 16 години се коцкале за пари во последната година


Една четвртина од учениците на возраст од 15 до 16 години во земјава се коцкале за пари во последните 12 месеци, или 34 отсто од момчињата и 16 отсто од девојчињата. Младинската група на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА Млади, заедно со Иницијативата „Фрли ја коцката!“, по повод Меѓународниот ден на младите […]

МОН: Партнерскиот однос со младите, клуч за иднината на државата


Младите се двигател на општествениот развој, а нивното знаење, креативност и енергија се најголемата инвестиција во иднината на државата. Затоа, континуирано работиме на создавање повеќе и подобри можности за образование, личен развој и професионална реализација на новите генерации во сопствената земја. По повод 12 август, Меѓународниот ден на младите, Министерството за образование и наука уште […]

Дискусија за насилството меѓу младите со обраќања на претседателката Сиљановска-Давкова и министерката Јаневска


Младински активисти, ученици, психолози и експерти ќе учествуваат во дискусија на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам: Млади, училишта и дигитален простор“, која ќе се одржи денеска во вилата „Билјана“ во Охрид. На настанот, кој се организира во пресрет на одбележувањето на 12 Август – Меѓународниот ден на младите, обраќања ќе имаат претседателката на државата Гордана […]

Тројца млади од Неготино со решение за органскиот отпад


Тројца млади од Неготино со решение за органскиот отпад, го селектираат и складираат во повеќе компостери во дворот на неготинската гимназија и од него ќе прават ѓубриво за ѓубрење на јавни зелени површини. За ова денеска информираа од тимот што го спроведува проектот „Еко-печурка компостери: Иднината на циркуларна економија“. Во проектот се вклучени над 40 […]

Центар воведува нови услуги за инклузија, ментално здравје и поддршка на младите во ризик


Општина Центар објави јавен повик за финансиска поддршка на здруженија – даватели на социјални услуги, со цел да се обезбедат нови сервиси и поддршка за ранливите категории граѓани. Со повикот се поддржуваат програми што придонесуваат за инклузија, заштита на менталното здравје и превенција кај младата популација. Средствата се наменети за следните сервиси и услуги: -Индивидуализирани […]

Мицкоски: Идните политичари мора да се фокусираат на вештачката интелигенција и енергијата, романтичните идеи да останат во минатото


Политичарите мора да се фокусираат на енергијата и на вештачката интелигенција затоа што тоа е иднината на светот. Политичарите кои зборуваат за романтични идеи од минатото длеуваат интересно само за мала група луѓе, порача премиерот Христијан Мицкоски денеска од настанот „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“ што се одржува во Скопје. […]

Над 3.000 млади добија по најмалку 10.000 евра од државата за отворање сопствен бизнис


Денеска на околу 3.000 млади лица им беа доделени договори за помош и поддршка при отворање сопствен бизнис во висина од 10.000 односно 20.000 евра ако се здружат во ДОО, а дополнително, на планираната сума, обезбедени се уште 300 милиони денари. – Како Влада, силно веруваме дека економијата расте тогаш кога граѓаните имаат поддршка да […]

Ристески: Околу 100 млади луѓе од Штип ќе започнат сопствен бизнис


Околу 100 млади лица ќе бидат вработени или ќе започнат сопствен бизнис во Штип, преку оперативниот план за вработување. Ова денеска го најави заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, при неговата посета на градот, каде во соработка со локалната самоуправа се одржа презентација на мерките за поддршка на стопанството. Тој од настанот потенцираше дека […]

Иницијативна средба за формирање национално собрание на млади


Во Скопје денеска ќе се одржи Иницијативна средба за формирање национално собрание на млади согласно Законот за младинско учество и младински политики. Како што информира Националниот младински совет на Македонија, настанот е значаен чекор во процесот на воспоставување националното собрание на млади, предвидено со Законот за младинско учество и младински политики. Целта е, преку консултативен […]

До крајот на годината повеќе активности за младите во Кочани со поддршка од Јуроп хаус


Почнувајќи од септември, па се до крајот на годината, во Кочани, Јуроп хаус ќе реализира низа активности кои ќе бидат посветени на учениците од основните и средните училишта. Активностите започнуваат на 4 септември со настапот на “Биби и Боби” на градскиот плоштад, пред Домот на култура. Настанот се организира по повод почетокот на учебната година, […]

Младите ќе ја водат локалната акција и ќе влијаат на глобалните климатски одлуки


Младите организираат прва Локална младинска конференција –LCOY Северна Македонија 2025 – која ќе се одржи од 12 до 14 јуни во Скопје. На конференцијата млади од целата земја ќе дискутираат за локалните климатски и еколошки предизвици, ќе споделат свои идеи за националните приоритети за животната средина и ќе придонесат кон глобалниот младински став пред Конференцијата на […]

Нападнале малолетничка во близина на скопско средно училиште и го снимале инцидентот – заработија кривични


Двајца 18-годишници и еден малолетник ќе се соочат со кривични пријави за инцидент во кој малтретирале малолетничка и истиот го снимиле со мобилен телефон.  – СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.А.(18) од Скопје, М.Ј.(18) од Битола и еден малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и против Р.Ѓ.(19) […]

Владата усвои оперативен план за вработување на 16 илјади лица


  Оперативниот план за вработување за 2025 година е вреден 40 милиони евра, и опфаќа над 16 илјади невработени, од овие лица се очекува 65 проценти да се млади до 29 години, информира на денешната прес-конференција претседателот на Владата Христијан Мицкоски. Мицкоски посочи дека оперативниот план за вработување, мерки и програми кои ќе понудат работа […]

Младите од Алијанса за Албанците остануваат во ВЛЕН, Фетаи ја поздрави одлуката


Претседателката на Младинскиот форум на Алијансата за Албанците (ФРАШ) Илка Нуредини на својот фејсбук статус објави дека избрале да застанат и да дејствуваат на страната на Арбен Фетаи, бидејќи, како што се наведува го сметаат за пример за тоа како доверливата позиција се носи со целосно достоинство и непоколеблива посветеност на сите оние кои донесоа […]

Владата одобри поддршка на млади до 5.000 евра


На седница на Влада денеска, беше разгледана информацијата за носење на Предлог-програма за финансиска поддршка на проекти од областа на младите на младинските организации, организациите за млади и младински чадор организации за 2025 година преку министерството за социјална политика, демографија и млади. Преку Министерството ќе се дадат грантови за проекти од областа на младите, на […]

Регионална конференција „Заедно водиме: Младите се сила на Балканот“


Регионална конференција „Заедно водиме: Младите се сила на Балканот“, се одржува денеска на Природно- математичкиот факултет во Скопје. Станува збор за конференција што е организирана заедно со три партнери од Албанија, Косово и Србија, поддржана од Фондот за Западен Балкан.  – Сакаме преку оваа конференција да понудиме платформа на која што младите ќе се обединат […]

Децата и младите започнуваат движење за интернет без омраза


На Меѓународниот ден за побезбеден интернет, Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Фондацијата Телеком за Македонија објавија партнерство за интернет без врсничко насилство и говор на омраза и движење предводено од деца за похуман дигитален свет. “Преку ова партнерство се стремиме на децата да им дадеме моќ, простор и алатки заеднички да создаваат иницијативи што […]

Младите место не ги држи: Кај сакаат да живеат и работат во ЕУ?


Што ги тера младите да се спакуваат и да си заминат од родната земја? Според статистичките податоци на Евростат од 2023 г., 14,2 отсто од младите на возраст од 15 до 29 години се родени вон земјата во којашто моментално живеат, а 11,9 отсто живеат во друга земја од таа чиешто државјанство го имаат. Ситуацијата […]

Ленче Ристоска: Многу се зборува за корупцијата, малку се презема против неа


  Борбата против корупцијата е приоритет и младите треба да бидат охрабрени да ја препознаваат и да станат отпорни на секојдневната корупција. Ова е главната порака од настанот „Мојот антикорупциски дневник“ чија цел е да ги едуцира младите и младите политички лидери за етичко лидерство и отчетно владеење.  Во изјава за медиуми пред почетокот на […]

Сто милиони евра за младите претприемачи од Западен Балкан од ЕБОР


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска соопшти дека во рамките на програмата „Младите во бизнисот“ ќе додели 100 милиони евра за младите претприемачи од Западен Балкан. На конференцијата на ЕБОР во Херцег Нови учествуваат партнерските банки, донатори, партнери на екосистемот и други заинтересирани страни за зајакнување на поддршката за микро, малите и средните […]