Младите во Македонија и во Црна Гора најдоцна се осамостојуваат од своите родители


Младите во Северна Македонија и во Црна Гора најдоцна во Европа ги напуштаат домовите на своите родители, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат. Балканот е на врвот на оваа листа. Младите во Црна Гора во просек остануваат да живеат со своите родители до 33,3 години, во Северна Македонија до 32,1, […]

Иванова: Заеднички ги обединивме напорите во спроведување на стратегиите на Агендата на ЕУ


 Во 2022 година на последниот состанок во Тирана постигнавме клучни чекори, меѓу кои е и нашата плодна соработка околу програмата „Еразмус плус“, како и стратегиите за паметна специјализација. Заеднички ги обединивме сите напори за Агендата на ЕУ за Западен Балкан за иновации, истражување, култура, млади и спорт, и заедно обезбедуваме младите генерации да можат да […]

Медиумско ангажирање и описменување на младите за поголем граѓански и политички активизам


Колку повеќе младите луѓе се медиумски вклучени и едуцирани, толку е поголем нивниот граѓански и политички ангажман. Активното учество на младите во јавниот живот значи и почеста проверка на вистинитоста на информациите и поголема доверба во сопствените потенцијали да ги препознаат дезинформациите. Ова се наведува во публикација „Поттикнување на граѓанскиот активизам на младите луѓе преку медиумско […]

Четириесет млади ќе решаваат реални проблеми на компании користејќи вештачка интелигенција


Вчера започна 14. меѓународна школа „AI IN ACTION: Students & Companies Co-creating the Future“ на Економскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје која од 24. до 27. септември обединува 40 студенти и повеќе од 10 компании. Во овој период младите, поддржани од професори и експерти, работат на решенија на реални проблеми со […]

Во овие европски земји младите најбрзо наоѓаат работа


  По завршувањето на студиите, многу млади луѓе се обучуваат за пазарот на труд и понатамошни кариери преку пракса или програми за практикантска работа, некои од нив веднаш наоѓаат работа и почнуваат да го градат своето име во светот на бизнисот. Едно истражување покажа дека во 2023 година биле вработени 83,5 отсто од неодамна дипломираните […]

Конференција „Влијанието на младите врз креирање одржливи политики“


Во Скопје денеска ќе се одржи завршна Конференција на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ поддржан од Европската Унија преку ИПА Програмата за Поддршка на мрежи и платформи за граѓански организации во Република Северна Македонија.  Како што информираат од Коалицијата на младински организации СЕГА, целта на настанот ќе биде да се […]

Овозможени обуки за вработливост преку „3ајакнување  на  младите  преку  нови  можности  2“


 „3ајакнување  на  младите  преку  нови  можности  2“, е насловен проектот што СОС Детско село го спроведува во соработка со општина Кавадарци, со финансиска поддршка од Министерството за економска  соработка  и  развој  на  Сојузна  Република  Германија  и  Фондацијата  Херман  Гмајнер.  Градоначалникот Митко Јанчев, во своето обраќање пред присутните, рече дека целта на настанот е интеграција и […]

Со обуки се мотивираат младите да останат во руралните средини


Со цел да се намали одливот на младите од земјава, особено од руралните средини, Здружението на жени менаџерки „ЕЛИТ“, заедно со Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) како носечки партнер, „Рурална коалиција“ и „Џуниор Ачивмент Македонија“ во изминатите две години интензивно работеше на подобрување на квалитетот на животот на младите во локалните заедници. Преку поттикнување […]

МОФ апелира за промени во политиките за да се спречи егзодусот на младите


Младински образовен форум (МОФ) изразува јавен апел до државните институтции по добиените бројки дека Македонија се наоѓа на петтото место за одлив на мозоци. Истражувањето на Државниот завод за ревизија, покажува дека 40% од високообразовниот кадар ја има напуштено државава и дека државата не поседува целисходни документи и стратегии за спречување на одливот или истите […]

Во Германија 16-годишници за прв пат гласаа на избори. „Резултатите се застрашувачки“


Во Германија, Австрија, Белгија и Малта, 16-годишниците првпат гласаа на изборите за Европскиот парламент, откако старосната граница за гласачите беше намалена за две години. Во Грција старосната граница е намалена на 17 години, а резултатите од изборите покажуваат промена во начинот на размислување на младите за избор на политички опции. На претходните европски избори пред […]

Младите во Европа масовно се свртуваат кон екстремната десница


Има сѐ повеќе докази дека европската екстремна десница ќе постигне историски добри резултати на претстојните избори за Европскиот парламент од 6 до 9 јуни и дека младите гласачи ќе го поттикнат нејзиниот подем. Младите луѓе кои сега гравитираат кон екстремната десница не се нацисти или ксенофобични расисти, но тие би можеле да влијаат на промената […]

Младите Европејци сѐ подолго остануваат да живеат со своите родители


Младите луѓе во Европа се соочуваат со предизвикот да најдат сопствен дом и да станат финансиски независни, што доведе до тоа некои од нив да останат во заедница со своите родители подолго отколку што беше случај претходно. Овој феномен, познат на Запад како „продолжен престој со родители“, станува сѐ почест во многу европски земји. Една […]

Анкета: Една четвртина од младите се загрижувачки пречесто на социјалните медиуми и не се слуша нивниот „политички глас“


Мнозинството млади луѓе ги одбираат Инстаграм, Фејсбук и Јутуб како најинтересни за следење вести, а вестите за образование, наука и технологија им се најпривлечни. Иако веруваат дека само некои од информациите на социјалните медиуми се вистинити, а речиси една четвртина се загрижувачки пречесто на социјалните мрежи, за младите активното пребарување и реагирање на информациите не […]

Младите незаинтересирани и неактивни во политиката и активизмот


Над две третини од младите во земјава немаат интерес да се вклучат ниту во политички партии, ниту во граѓански организации, ниту во каков било општествен активизам. Ова е аларм, но очигледно недоволно вклучен или аларм што се јавува само во програмите на политичките партии и само пред избори. Тоа мора да се промени, зашто младите […]

Истражување: Третина од Германците велат дека имаат некаква ментална болест


Менталните болести како депресија или фобии мачат сè поголем број луѓе во светот. Во Германија е погодена третина од населението, во САД, Турција или Мексико уште повеќе. А таа бројка се зголемува, стои во Извештајот за ментално здравје. Во моментов, 31 процент од населението во Германија е погодено од ментална болест. Има толку многу погодени […]

Тренчевска: Работиме на менталното здравје со младите за младите


Работиме на менталното здравје со младите за младите, децидна е министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, која денеска се сретна со претседателот на Младинскиот совет на Македонија, Филип Ивковски и програмската менаџерка, Александра Филипова. На средбата беше претставена Стратегија за ментално здравје кај млади, изработена од страна на НМСМ, соопшти Министерството за труд […]

Група експерти во Германија предлага младите до 18 години да добиваат по 10 евра месечно за да инвестираат на берзата


 Советот на „економски мудреци“ во Германија, група угледни експерти, презентираше идеја на младите до 18 години да им се даваат 10 евра месечно, најмалку шест години, за да ги направат своите први чекори на берзата. „Еден од начините да се олесни пристапот на секој млад човек до пазарите на капитал е државата на секое дете […]

Каде живеат младите во Македонија?


Резултатите од последниот спроведен попис на население во 2021 година покажаа дека во Македонија има 1.8 милиони жители или намалување од околу 180 илјади жители споредено со последниот одржан попис во 2002 година кога биле околу 2 милиони жители1. Сепак, иако бројот на вкупно население се намали за околу 9%, процентот на младо население во […]

Младите Европејци ги напуштаат родителските домови на 26 години, девојките порано од момците


Во 2022 година младите луѓе во земјите членки на ЕУ се иселувале од домовите на своите родители во просек на возраст од 26,4 години, покажуваат податоците на Европската статистичка служба – Евростат.   Гледано по држави најдоцна своите родителски домови ги напуштаат младите во Хрватска и тоа на 33,4-годишна возраст, а по нив се нивните […]

Сите општини ги губат младите, само Липково со 2 отсто зголемување


  Бројот на младите меѓу двата пописи, оној од 2002 и последниот од 2021 година, се намалил за шест отсто покажаа анализите од  „Младите и пописот на населението“ и „Финансирање на младинските политики“ кои денеска беа промовирани во рамки на конференцијата „Младински состојби и финансирање на младинските политики во Северна Македонија”, организирана од Фондацијата за […]