Фронтекс: Значителен пораст на илегалните гранични преминувања кон ЕУ во 2023 година


– Бројот на илегални гранични преминувања на надворешната граница на ЕУ во 2023 година достигна вкупно приближно 380.000, според прелиминарните пресметки на Фронтекс. Ова го означува највисокото ниво од 2016 година и претставува зголемување од 17 отсто во однос на бројките во 2022 година, што укажува на постојан нагорен тренд во последните три години. Централниот […]

Откриени 117 мигранти во близина на Крит и уапсени тројца криумчари


Од Либија за Италија, тргнале 117 мигранти, патување за кое платиле од 1.500 до 4.500 долари, а биле откриени и спасени во близина на грчкиот остров Крит, но и упасени тројца од нив, под сомнение дека се криумчари, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката крајбрежна служба соопштија дека во железниот чамец имало 84 […]

Рекорден број Кинези бегаат во САД за слобода и подобар живот


Доаѓаат со ранци со неколку резервни облеки за пресоблекувања и со какви било пари и телефони што не им ги украле криминалците или картелите по патот, пристигнувајќи на границата САД-Мексико исцрпени од стресот на патувањето кон север. Како и стотиците илјади луѓе околу нив кои исто така пешачеле со недели за да стигнат до САД, тие […]

Приведен криумчар на мигранти


Полицијата денеска попладне околу 17 часот на автопатот „Пријателство“, меѓу Табановце и Куманово го лиши од слобода И.Ѓ.(32) од Гевгелиско.  Како што информира МВР, И.Ѓ. во патничко моторно воџило „пежо“ превезувал три лица мигранти од Непал. -По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, се наведува во соопштението.

Се очекува оваа година над милион луѓе да побараат азил во ЕУ


Вкупниот број на барања за азил регистрирани во Европската унија оваа година ќе достигне „значително повеќе од еден милион“, изјави денеска шефицата на агенцијата за азил на ЕУ, Нина Грегори. Со околу 123.000 барања, октомври ја забележа највисоката месечна бројка во последните седум години. Дваесет и седумте земји членки на Европската унија моментално имаат вкупно […]

ЕУ постигна договор за мигрантите. Левицата: Ова е црн ден за Европа


Преговорите од Европскиот парламент и Советот утринава постигнаа политички договор за миграција и азил. „Успеавме“, напиша Илва Јохансон, комесар за внатрешни работи на ЕУ. Според договорот, кој е прелиминарен и сè уште треба формално да биде ратификуван од Европскиот парламент и Советот, земјите од границите на јужна Европа ќе воведат построги процедури за азил за […]

Мелони и Сунак се договорија да го плаќаат враќањето на илегалните мигранти во земјата на потекло


Италијанската премиерка Џорџа Мелони и британскиот премиер Риши Сунак денеска се договорија во Рим нивните земји да кофинансираат заеднички проект за доброволно враќање на мигрантите во нивните земји на потекло, пренесоа агенциите. -Масовните незаконски пристигнувања на мигранти на островот Лампедуза се недозволиви и неморални, рече Сунак на состанокот на партијата „Браќа на Италија“ во Рим […]

Миграцијата ги исфрла од колосек лидерите од Бајден до Макрон. Кој е следниот?


Зголемената загриженост на гласачите за миграцијата е закана за владејачките партии пред изборите во САД, Велика Британија и ЕУ следната година. Западните лидери се борат со две војни, на Блискиот Исток и Украина, но има уште едно прашање, многу поблиску до дома, што ги попречува владите во Европа и Америка – миграцијата. Во последниве денови, […]

Урсула фон дер Лајен: Италијанско-албанскиот договор за имигранти да послужи како модел за другите земји


Договорот меѓу Албанија и Италија за ииигрантите е добар пример за решавање на имиграциските прашања, оценува претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во писмото упатено до членовите на унијата нагласувајќи дека договорот меѓу двете земји е „модел“ кој ги почитува меѓународните права, јави abcnews.al. -Во последните месеци бевме сведоци на важни иницијативи промовирани […]

Русија купува мигранти на границата со Финска и ги праќа во војна во Украина


Русија се обидува да регрутира странски мигранти што ги фатила на границата со Финска, пишува Би-би-си и додава дека видела докази за неколку случаи во кои странски државјани за краток временски период биле префрлени во воен камп на границата со Украина. Русија ги принудуваше луѓето во притворните центри да потпишуваат договори за воена служба во […]

Kривична пријава против ирачки државјанин кој криумчарел мигранти преку Македонија


Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до ОЈО за ГОКК, поднесе кривична пријава против А.Ј.(28), поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, […]

Хрватска се бори со мигранти додека Европа ги засилува граничните проверки


  На Хрватска и требаа години за конечно да влезе во европската зона за патување без пасоши, која вети дека ќе го олесни пристапот за другите европски државјани кои патуваат во земјата и ќе ја зајакне нејзината економија водена од туризмот. Но, помалку од една година откако беа демонтирани нејзините гранични премини со врсниците од […]

Во Германија значително е зголемен бројот на напади врз бегалци


Бројот на напади врз бегалци и баратели на азил во Германија е значително зголемен оваа година, објави денеска германската Влада. „Во првите три квартали од оваа година евидентирани се 1.515 политички мотивирани напади врз бегалци и баратели на азил, што е повеќе од целата претходната година“, се вели во одговорот на германската Влада на истрагата […]

Мијатовиќ: Ќе има ли различен третман во обработката на барањата за aзил во Италија и во Албанија?


 Високиот комесар за човекови права во Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, изјави дека договорот постигнат меѓу Албанија и Италија за имигрантите ја зголемува загриженоста за човековите права. – Меморандумот за разбирање иницира голем број важни прашања за влијанието што може да го има неговото спроведување врз правата на бегалците, барателите на азил и имигрантите. Меморандумот […]

Во Србија пронајдени околу 4.780 мигранти кои се криеле во пограничните области


Во акцијата за сузбивање на нерегуларната миграција, која се спроведува во Србија од 27 октомври по наредба на министерот за внатрешни работи, припадниците на МВР пронајдоа околу 4.780 нелегални мигранти кои се криеле во граничните зони во областа Сомбор, Суботица, Кикинда и Пирот. Во соработка со Комесаријатот за бегалци и миграции, досега во прифатните центри […]

Скандинавските држави ја зајакнуваат соработката за депортација на мигранти


Министрите од Данска, Шведска, Норвешка, Финска и Исланд постигнаа договор за поблиска соработка меѓу нивните земји за депортирање на одбиените баратели на азил и други странци без дозвола за престој, јави ДПА. На дводневната средба во Копенхаген, скандинавските земји се договорија за заедничките интереси, изјави вчера данската министерка за имиграција и интеграција Коре Дубвад. Министрите […]

Комбе полно со мигранти, бегајќи од полицијата, пропадна во ископан канал во Велес


Комбе полно со мигранти вчеравечер околу 20 часот пропадна во ископаниот канал на главната велешка улица, помеѓу судот и Интернационал. Комбето бегало од полиција и тргнало во спротивен правец на улицата „8 Септември“, од кружниот тек кон С`рмаале, но најверојатно, возачот не знаел дека улицата се реконструира, па паднал во шанецот. Од велешката полиција за […]

„Катимерини“: Грција и Турција блиску до договор за справување со мигрантскиот проблем


Постојано присуство на претставник на грчката крајбрежна служба во Измир и на турски службеник на Лезбос; „мораториум“ за непријателски изјави и визни олеснувања за турските граѓани на неколку грчки острови, се трите точки за кои веројатно ќе се договорат Грција и Турција за подобро справување со мигрантскиот проблем, пишува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на […]

Мигранти минуваат низ Унгарија, а Орбан ја обвинува ЕУ за неуспешна контрола на границите


Унгарскиот премиер Виктор Орбан тврди дека ја „брани Европа од бранот мигранти“. Сепак, пакувањата од  чоколатца и шишиња вода оставени околу изгорениот камперски оган на границата со соседна Словачка сугерираат дека неговото фалење со „унгарскиот како единствен успешен модел“ не е сосема оправдано. Повеќето соседни земји на ЕУ повторно воспоставија гранични контроли со Унгарија, бидејќи […]

Во товарно возило најдени мигранти од Непал, возачот избегал


 МВР соопшти дека вчера, полициски службеници, при преглед на товарно возило пред наплатната станица Демир Капија, пронашле 19 мигранти од Непал.  Во 09.45 часот на автопатот Градско – Демир Капија, полициските службеници дале знак за запирање на возилото „фиат дукато“ со крушевски регистарски ознаки, по што возачот ја намалил брзината, скокнал од возилото и го […]