Полицијата од Дојран открила 28 мигранти во камион со скопска регистрација


Дваесет и осум мигранти од Сирија, Египет, Индија и Палестина биле пронајдени вчера во камион со скопски регистарски ознаки од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран при Регионалниот центар за гранични работи Југ. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера во 13.50 часот на крстосница за дојранското […]

Мигранти од Конго ги „окупираа“ поранешните простории на Македонската амбасада во Брисел


 Неколку десетици мигранти по потекло од Конго упаднаа во просториите каде порано беше сместена Македонската амбасада во Брисел.  Станува збор за објект, кој согласно Договорот за сукцесија на имотот на поранешна Југославија, им припадна на Северна Македонија и Хрватска.    Бриселските власти преговараат со организаторите на „окупацијата“, здружението Волонтери за интеграција на лицата без регулиран […]

Вечерва приведен криумчар на мигранти, пронајдени 11 лица од Сирија


Денеска (02.10.2023) околу 19 часот на регионалниот пат Стојаково-Богданци, полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица го лишиле од слобода М.С. (63) од Скопје, кој во товарно моторно возило „ман“ со скопски регистерски таблички превезувал 11 мигранти од Сирија. Откако возилото било запрено, од страна на полициските службеници бил воочен бункер […]

Франција од почетокот на годината разби 224 мрежи за криумчарење мигранти


– Од почетокот на годината, Франција разби 224 мрежи за криумчарење мигранти, изјави министерот за внатрешни работи на земјата, Жералд Дарманин, пренесува МИНА. Повикувајќи се на податоците на Европол, министерот кажа дека повеќе од 90 отсто од сите мигранти кои доаѓаат во Европската унија (ЕУ)ги користат мрежите за криумчарење. Агенцијата Анадолија наведува дека активностите за […]

Околу 186.000 мигранти и бегалци годинава пристигнале на југот на Европа


Околу 186.000 мигранти и бегалци годинава пристигнаа на југот од Европа, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР). Американските медиуми пренесуваат дека најголем број од нив влегле во Италија, повеќе од 130.000, што е зголемување за 83 отсто во споредба со минатата година. Остатанатите заминале за Грција, Шпанија, Кипар и Малта.  Истовремено, од […]

Повеќе од 2.500 мигранти загинале или се исчезнати во Средоземно Море во 2023 година


Од почетокот на годината над 2.500 мигранти загинаа или исчезнаа обидувајќи се да го преминат Медитеранот на пат кон Европа, изјави претставник на Високиот комесаријат на ОН за бегалци. -До 24 септември, над 2.500 лица се евидентирани како мртви или исчезнати годинава. Овој број претставува зголемување за две третини, во споредба со 1.680 лица за […]

Словенија воведува полициски контролни пунктови во близина на границата со Хрватска


 Словенија одлучи да воведе полициски контролни пунктови на својата територија во непосредна близина на граничните премини, вклучително и на границата со Хрватска. Шенгенскиот режим останува на сила, а без никаква контрола и понатаму ќе може да се минуваат поранешните гранични премини, но на територијата на Словенија ќе има полициски контролни пунктови каде полицијата ќе проверува […]

Италија може да протера мигранти поради нарушување на јавниот ред


Странците кои легално живеат во Италија ќе можат да бидат протерани од земјата во иднина доколку го загрозат јавниот ред или националната безбедност, се вели во нацрт владината уредба. Мерката, која ќе биде усвоена на седницата на владата, е дел од мерките што ги вети десничарската Влада на премиерката Џорџа Мелони како одговор на наглото […]

Борел: ЕУ треба да покаже солидарност со Италија, каде пристигнуваат голем број мигранти


 Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Јозеп Борел денеска изјави дека Европската унија мора да покаже солидарност со Италија додека таа земја се бори со зголемениот број мигранти и бегалци кои пристигнуваат на нејзиниот јужен брег. „Мораме да ја покажеме сета наша солидарност со Италија во овој тежок момент. Европската унија ќе […]

Хаос на границата меѓу Хрватска и БиХ: Мигранти пукале кон полицајците


 Специјалци кои дежураат на границата меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина во реонот на Карловачката жупанија им пријавиле на надлежните дека од групата мигранти кои вчера во попладневните часови ја одвратиле во Босна и Херцеговина било пукано кон нив од огнено оружје, пишува „Јутарњи лист“. Првата пријава во ПУ Карловац дошла околу 15 часот и […]

Сојузот на општини и градови бара воведување горна граница за годишен прифат на бегалци во Германија


Дебатата за исправната политика во врска со растечкиот број бегалци во Германија, која трае откако бројките покажаа нагло зголемување на барањата за азил, денеска продолжи со барањето на Сојузот на општини и градови за воведување годишна горна граница за бројот на бегалци.  -Нешто мора да се направи, не само со зборови, туку и со дело. […]

Мелони: Легалната миграција нема да ја реши европската демографска криза


Извесна легална миграција може да придонесе за европските економии, но миграцијата не е решение за демографската криза на континентот, изјави во Будимпешта италијанскиот премиер Џорџа Мелони. Таа зборуваше на демографскиот самит во Будимпешта, чиј домаќин беше унгарскиот десничарски националистички премиер Виктор Орбан, долгогодишен политички пријател на Мелони, пренесува Ројтерс. „Мислам дека квотата за легална миграција […]

Германија го суспендира доброволното прифаќање на азиланти од Италија


 Германија денеска информира дека го суспендира доброволното прифаќање на барателите на азил од Италија според европските договори поради „силниот миграциски притисок“ и одбивањето на Рим да ги спроведе тие договори. – Германската Влада го информираше Рим за својата одлука на крајот на август, изјави портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи. Суспендирањето на приемот до […]

Во Хрватска ноќеска спречен влез на над 600 мигранти


Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ денеска изјави дека синоќа околу 600 мигранти биле спречени да влезат во Хрватска, оценувајќи дека тоа е невиден број. – Само во текот на изминатата ноќ, околу 600 илегални мигранти беа спречени да влезат на територијата на Република Хрватска, тоа се бројки без преседан, изјави Божиновиќ на маргините […]

Словачка испраќа до 500 војници на границата со Унгарија поради зголемениот прилив на мигранти


Словачките власти ќе испратат до 500 војници за да помогнат во контролата на мигрантите кои пристигнуваат од Унгарија, изјави премиерот на Словачка, Лудовит Одор. Словачка бележи нагло зголемување на бројот на мигранти, главно од Сирија, кои влегле во ЕУ преку унгарско-српската граница и се упатуваат кон побогатите земји, претежно кон Германија. Премиерот Одор рече дека […]

Извештај: Варварски практики и негрижа за мигрантите во центрите за притвор во САД


Мигрантите кои се наоѓаат во центрите за притвор на Имиграциските и царинските служби (ИЦЕ) на Соединетите Американски Држави ја немаат потребната медицинска нега, живеат во небезбедни и нездрави услови и се изложени на малтретирање, се наведува во нов американски извештај. Инспекторите задолжени од Канцеларијата за граѓански права и слободи на Министерството за домашна безбедност на […]

Двајца сириски државјани илегално префрлиле 14 лица од Грција во Македонија


Кривична пријава за двајца 18-годишни сириски државјани, со привремен престој во Грција, кои илегално префрлиле 14 лица од грчка територијата во нашата држава. – ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Х.М.(18) и А.А.(18), двајцата сириски државјани, со привремен престој во Република Грција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „шверцување мигранти“. На 01.08.2023 […]

Европол: Прекинат синџир на криумчари на луѓе, 5.000 Кубанци префрлени преку Србија, Македонија и Грција


Полицијата на пет европски земји го прекина синџирот на шверцери на луѓе кои по цена од 9.000 евра по човек префрлиле 5.000 кубански мигранти во Европа, преку Србија и Грција. Како што наведува Европол во денешното соопштение, крајната дестинација на тие луѓе била Шпанија. Шверцерите го искористија фактот дека на кубанските граѓани не им е […]

Министрите за внатрешни работи на ЕУ ги усогласуваат мерките за справување со миграциски кризи


Министрите за внатрешни работи на ЕУ направија чекор напред кон усогласувањето на Пактот за миграција и азил на Унијата, постигнувајќи напредок во прецизирањето на мерките насочени кон ефикасно справување со вонредни миграциски кризи, информира шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка. – Се надеваме дека пред крајот на овој месец ќе го имаме ставот на […]

Сто мигранти чекаат да бидат спасени од карпест брег на Пелопонез


Од доцна синоќа во тек е акција на крајбрежната служба на Грција за спасување на бегалци и мигранти во близина на Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, станува збор за група од околу 100 лица, кои се наоѓаат на карпестиот брег каде што пристигнале од едрилица.