Повеќе од 2,5 милиони илегални мигранти уапсени од турските власти меѓу 2005 и 2024 година


Турските власти, за периодот 2005-2024 година, уапсиле вкупно 2.667.379 илегални мигранти, покажуваат податоците од истражувањето на Агенцијата за планирање на општина Истанбул. Истражувањето е направено врз основа на податоците на Генералниот директорат за миграција на турското МВР. Од почетокот на годинава до август се приведени вкупно 126.766 илегални мигранти. Во студијата се наведува дека моментално […]

Велика Британија: Речиси 17.000 мигранти преминале преку Ламанш годинава


Речиси 17.000 мигранти пристигнале во Велика Британија годинава откако го преминале Ламанш, јави ДПА. Прекуграничните преминувања продолжија и денеска, што го означи првиот ден од август, откако вчера немало илегални преминувања. Прелиминарниот број за оваа година изнесува 16.903, со повеќе од 1000 преминувања забележани во последната недела, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи. Оваа […]

Во Албанија одложено отворањето на прифатните центри за мигранти


Прифатните центри за мигранти од Италија лоцирани во Албанија во моментов не можат да почнат да примаат луѓе поради технички проблеми, пренесоа албанските медиуми. Центрите првично требаше да бидат отворени во мај. Италијанската премиерка Џорџа Мелони на почетокот на јуни најави дека центрите би можеле да започнат со работа на 1 август. Сепак, датумот за […]

Полјаците го одобрија контроверзниот закон што го бараа граѓаните: Граничарите сега можат да пукаат во мигрантите


Долниот дом на полскиот парламент го одобри законот за олеснување на условите за употреба на оружје за припадниците на безбедносните сили кои ги чуваат границите. Норма е одговор на инцидентите на границата со Белорусија, каде што мигрантите неколку пати ги нападнаа, па дури и убиле полски војник. Новиот закон има поддршка од јавноста, но критичарите […]

Значително намален бројот на илегални преминувања на надворешните граници на ЕУ, особено на Западен Балкан


Бројот на илегални преминувања на границите на Европската унија во првите шест месеци од 2024 година, според податоците на Фронтекс, е намален за речиси една третина (30 проценти), на околу 94.000, пренесува Хина.  Од главните миграциски рути, најголемо намалување на бројот на откриени илегални гранични преминувања, има на Западен Балкан и Медитеранот, а најголем пораст […]

Во периодот 2014/24 Албанија ја напуштиле најмалку пола милион граѓани


Во последната деценија, односно во периодот од 2014 до 2024 година, само преку легална емиграција, од Албанија заминале над 478 илјади граѓани. Но, реалниот број на оние кои ја напуштиле земјата е многу повисок, ако се земе предвид илегалната имиграција, објави весникот „Тема“. Најпосакувана дестинација и понатаму е Германија, по што следуваат Франција, Италија и […]

Голема приказна на Би-би-си: „Грчката крајбрежна стража ме фрли врзан во морето за да умрам“


Сведоци тврдат дека грчката крајбрежна стража предизвикала смрт на десетици мигранти во Средоземното Море во период од три години, вклучително и девет кои биле намерно фрлени во морето. Девет лица се меѓу повеќе од 40 лица за кои се вели дека загинале како резултат на насилно отстранување од грчките територијални води или вратени во морето […]

Во Србија бројот на мигранти е намален за 73 отсто во однос на минатата година


Српската комесарка за бегалци и миграција Наташа Станисављевиќ изјави дека бројот на мигранти во Србија е намален за 73 отсто во однос на лани, а дека намалувањето на бројот на мигранти датира од минатата есен. Таа за весникот „Политика“ изјави дека тоа во голема мерка е резултат на нововоспоставената соработка меѓу властите на Турција и […]

Во БиХ уапсени шверцери – од мигранти што ги пренесувале во Хрватска, заработиле 3 милиони евра


Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални мигранти преку границата со Хрватска. Акцијата под кодното име „Пирамида“ координирана од Обвинителството на БиХ беше спроведена на 16 различни локации низ земјата, односно во Бихаќ, Чазин, Бреза, Високо, Сараево, Какањ и Велика Кладуша. Како […]

Германците, запрепастени од криминалот меѓу странците, сакаат да ја ограничат имиграцијата


Во Германија, во понеделникот, откако во јавноста протекоа податоците за стапката на криминал меѓу странското население, која значително се зголеми во последната година, повторно беше отворена дебатата за потребата од ограничување на миграцијата. „Овој многу негативен развој покажува колку е напната ситуацијата со интеграцијата на странците и затоа итно ни е потребна годишна горна граница […]

Пресврт во германската мигрантска политика. За мигрантите посебни дебитни картички


Германија денеска го отвори патот за воведување на специјална дебитна картичка која ограничува како и каде барателите на азил можат да ги трошат парите што ги добиваат, во пресврт кон построга мигрантска политика. Трите парламентарни групи на коалициската влада на канцеларот Олаф Шолц се договорија за нацрт-законот што ќе оди на гласање во Долниот дом […]

Осум загинати во сообраќајка во Албанија, бегајќи од полицијата паднале во река


Осум лица загинаа утрово во Албанија во сообраќајна несреќа што се случи кога возило полно со мигранти се обиде да ѝ побегне на полицијата. Седум од загинатите се мигранти, а осмиот возач на возилото, по националност Албанец. Возачот изгубил контрола над возилото кај Пермет, на неколку километри од границата со Грција и истото паднало во […]

Сузбиена организирана криминална група за криумчарење мигранти


Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 12 лица од криминална група за криумчарење мигранти.   Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, од август до ноември 2023 година во рамки на криминалистичка истрага била спроведена координирана полициска операција со цел расчистување […]

Со „порше“ превезувал шест мигранти


Денеска, околу 11 часот на автопатот „Пријателство“, во близина на Гевгелија, полициски службеници од РЦ ГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица го лишиле од слобода Ќ.Ш. (24) од с.Студеничани, скопско, поради тоа што во неговото патничко моторно возило „порше“ со скопски регистерски таблички превезувал шест лица- мигранти од Кина. На даден знак за […]

Зголемен бројот на откриени илегални мигранти во првите два месеци на јужната граница


На подрачјето на Регионалниот центар за гранични работи Југ за првите два месеца бележиме откриени 1057 (1009 во 2023 година) илегални мигранти или зголемување од 5 отсто од кои 14 (68 лани) илегални мигранти се на Полициската станица за ГП и ГН Стар Дојран или намалување од 79 отсто Во делот на криумчарење мигранти откриени […]

Германска министерка сака да префрла мигранти во земјите „на пат кон Европа“


Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер, разговарала за можноста за префрлање на мигрантите во земјите што ги опиша како „на патот кон Европа“. Овој предлог е инспириран од контроверзниот договор меѓу Италија и Албанија, кој ѝ овозможува на Италија да ги премести мигрантите во камповите во Албанија. Фезер изјави дека германската влада ја оценува […]

Повеќе кинески отколку мексикански мигранти ја минувата американската граница кај Сан Диего


Од октомври минатата година, граничната полиција евидентирала дека 21.000 кинески мигранти во близина на градот Сан Диего влегле во САД. Во исто време, околу 18.700 мигранти од соседно Мексико ја преминале границата со САД, пишува „Њујорк пост“, повикувајќи се на податоци од Царината и граничната заштита. Бројот на кинески државјани кои ја преминале американската граница […]

Во Србија дневно влегуваат по 150 мигранти – небезбедното возење многумина ги чини живот


Извршниот директор на српскиот Центар за заштита и помош на баратели на азил, Радош Ѓуровиќ, денеска изјави дека според проценките на организацијата во Србија дневно влегуваат околу 50 мигранти од правец на Северна Македонија и околу 100 од Бугарија. Ѓуровиќ за РТС изјави дека Србија нема капацитет да го спречи тој број луѓе и дека […]

За криумчарење мигранти во Грција уапсени и притворени државјани на Македонија


Двајца државјани на Северна Македонија, минатиот петок биле уапсени во северозападниот дел на Грција, а сега им е одреден привремен притвор, под сомнение дека помагале во криумчарење мигранти додека трето лице пренесувало мигранти со автомобилот, јави дописничката на МИА од Атина. Едниот од уапсените рекол дека е командир на затворската полиција во Скопје за што […]

Европејците најмногу стравуваат од илегалната миграција


Граѓаните на ЕУ повеќе стравуваат од напливот на илегалната миграција предизвикана од климатските промени, отколку од безбедносната закана од Русија, покажуваат резултатите од глобалното истражување спроведено за потребите на Минхенската безбедносна конференција, што ќе се одржи на крајот на оваа недела.  Истражувањето покажува дека Европејците најмногу се загрижени поради миграцијата поттикната од војните и климатските […]